Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2023

"МAКЕДОНИЈО ГОРДОСТ МОЈА!" - ЃОРЃИ ЃОРГИЕВСКИ

ЃОРГИ ЃОРГИЕВСКИ, Ѓе.Ѓе., е роден на 3 мај 1939 година во село Подмочани, Преспа. Потомок е на револуционери, татко му Лазар и дедо му Ѓорги Парго се истакнале со своите историски дела. Основното образование го почнал во родното село, но откако училиштето сe  затворило, продолжил да оди во Царев Двор, со својот другар Владе Шарковски, секој ден и по студ и по невреме преку Езерени, пешки по десеттина километри кон Царев Двор и назад. Се истакнал со бистрина и највисоки оценки поради што редовно и бил пофалуван од наставниците и од директорот на училиштето Ѓорги Прцуловски, кој понатаму го смета за свој доживотен пријател. Детството го поминал и на училиште и на нива, биле тоа години кога во помагање на семејството биле вклучени и тој и помалите сестри Златка и Лепа. Средно училиште тргнал да учи во Битола, но по две недели поминати таму го предомислил неговиот татко Лазар, за да биде поблиску до него, тој тогаш работел во "Гранит" како надгледувач на изградба на патот Ресен -...

ЕКСКЛУЗИВНО СО СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ ЗА НОВАТА ЕМИСИЈА РАСПЕАНА МАКЕДОНИЈА

МТ – Кажете ни за каква нова емисија станува збор? СМ - Кога станува збор за една музичка емисија пре д се треба да се нап р ави концепција како би одела емисијата,треба добро да се размисли и да се внесат новитети за да бидат задоволни гледачите. Впрочем  и оваа емисија е создадена за гледачите и пред се најважно е мислењето на гледачите. Рејтинг на самата  емисија ја прават квалитетните песни, спотчиња, квалитетната музика која пред се треба да биде одбрана,кога велам одбрана тоа значи да се опфатат и доаените на македонската музика бидејќи,тие се нашите музички амбасадори. Ќе се потрудиме да го задоволиме вкусот на гледачите јас како музички уредник и Владо како монтажер и реализатор и секако екипата на Тв Сонце.   МТ – Кој ве поддржува во овој најнов проект? СМ - Би сакал пред се да истакнеме дека голема подршка имаме и од нашиот сопственик, на Тв Сонце господинот Џорџ Атанасоски главниот уредник  Игор и секако директорот Владимир Спасиќ.Се надеваме дека о...