Skip to main content

ЕКСКЛУЗИВНО СО СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ ЗА НОВАТА ЕМИСИЈА РАСПЕАНА МАКЕДОНИЈА



МТ – Кажете ни за каква нова емисија станува збор?

СМ - Кога станува збор за една музичка емисија пред се треба да се направи концепција како би одела емисијата,треба добро да се размисли и да се внесат новитети за да бидат задоволни гледачите. Впрочем  и оваа емисија е создадена за гледачите и пред се најважно е мислењето на гледачите. Рејтинг на самата  емисија ја прават квалитетните песни, спотчиња, квалитетната музика која пред се треба да биде одбрана,кога велам одбрана тоа значи да се опфатат и доаените на македонската музика бидејќи,тие се нашите музички амбасадори. Ќе се потрудиме да го задоволиме вкусот на гледачите јас како музички уредник и Владо како монтажер и реализатор и секако екипата на Тв Сонце.

 МТ – Кој ве поддржува во овој најнов проект?

СМ - Би сакал пред се да истакнеме дека голема подршка имаме и од нашиот сопственик, на Тв Сонце господинот Џорџ Атанасоски главниот уредник  Игор и секако директорот Владимир Спасиќ.Се надеваме дека она што го спремаме но не би сакал да откријам ќе биде перфектно со многу новитети, кои за првпат ќе ги внесеме и се надевам ќе бидеме многу гледани насекаде,не копираме и не сакаме копии сето тоа ќе биде направено како мислиме. Ќе бидеме оригинални и единствени и се надевам гледани.

МТ – Кажете ни и за тоа кој се ќе учествува во емисијата?

СМ - Во оваа музичка емисија ќе бидат опфатени многу познати музички имиња естрадни уметници, музички групи поконкретно се што ние мислиме дека е квалитетно,за секого ќе има простор за презентирање можеби ќе бидеме и мотив што повеќе да изработуваат квалитетни спотови, нема да дозволиме телефонски јавувања или притисоци за пуштање во емисија. Се што сметаме дека е квалитетно ќе оди и ќе го презентираме,за сите ќе има место сите кои работат македонска музика во права смисла на зборот. Сметам имаме толку убава музика доста е со кич и турбофолк  време е да ги вратиме вредностите на македонската традиционална и изворна музика.Искрено затоа и доаѓа самото име Распеана Македонија,каде што ќе се презентира македонска музика,и гладачите и изведувачите да бидат задоволни. Доволно време за да видите околу 25 музички спотови и да уживате со нив.

 

МТ – Сигурно гледачите со нетрпение ја очекуваат оваа емисија, кога точно ќе започне првото емитување?

СМ - Многу ми е драго што токму јас сум избран за музички уредник ,бидејќи да не речам слична емисија имав на една дрѕга телевизија,која беше многу гледана и имаше одличен рејтинг.Бидејки ми е дадена довербата ќе се потрудам да ја оправдам и ќе се потрудам сето мое знаење да го употребам и да изберам одлична музика заедно со екипата.Морам да кажам ќе биде застапена и народната и изворната и етно музиката и секако забавната.Затоа да знаете започнуваме во среда во 9ч.  наутро и се надевам ќе ви се допадне нашиот избор.Екипа кија ја работи емисијата Игор Мицковски главен одговорен уредник Владимир Стојковски монтажа и реализатор Симе Младеновски музички уредник на Распеана Македонија. Гледајте не секој ден од 9ч. наутро и се надевам ќе уживате со прекрасна македонска музика.

МТ - Ви благодариме што ја споделивте оваа убава вест со нас и верувам дека ќе биде убаво прифатена и гледана меѓу Македонците насекаде во светот. Македонците си ја сакаат својата музика и треба ете и со вакви емисии да се промовира уште повеќе и поттикнува младите генерации да го цената македонското. 

 


,


Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.