Skip to main content

Генијалецот со убави приказни Симе Младеновски ја презентира Македонија во светот со традиција обичаи и љубов кон народот


Македонскиот режисер и продуцент на светско ниво повторно ја докажа својата моќ да допре во светот преку силни емотивни и вистински приказни.

MT- Дали да очекуваме нешто ново по вашата неуморна работа?

Симе – Да, добив две златни плакети на Арт Филм фестивал Ниш за Јад и Копнеж филмови што зборуваат со срце.

Апсолутно имаме изворедни таленти режисери актери сценаристи.Потребно ни е повеќе подршка и поврзаност со меѓународни платформи но квалитетот постои.Ние сме жив доказ дека со напорна работа се стига и во Америка Кан Берлин.

Клучот е во почитта секоја култура носи своја енергија и свои вредности а ако ги разбереш и вградиш во автентично во филмското дело успехот доаѓа природно .Работата на интернационални проекти ми ја прошири визијата и ми помогна да напредувам и адаптирам.

МТ – Од кога се занимвате со филмска уметност и што значи тоа за вас?

Симе - Љубовта кон филмот ја носам од најрана возраст.Се сеќавам на деновите кога сите чекаа да почне некој вестерн филм и можеби тоа ме потикна да почнам да експериментирам со камера и тоа е некоја чудесна енергија која те опфаќа и држи многу долго.Тогаш разбрав дека тоа ќе биде мојот животен пат и дека ќе се занивам со тоа целиот мој живот и таа посебна љубов да креираш да ги пренесуваш судбините на еден народ на филмско платно е голема јачина која не може секој да ја разбере и прифати.

Се радувам кога луѓето гледаат подлабоко јас не давам одговори отварам прашања филмот е разговор а не монолог.Ако некој ја слушне пораката значи вредело.

MT – што поконкретно те мотивира и инспирира да навлезеш длабоко во светот на документарниот филм и колку тоа значи за широката публика?

Симе - Од моето детство моите баби и дедо од песната што ја пееше мојата мајка и мојот татко од мирисот на земјата лебот од фурната.Сето тоа е дел од мене и кога снимам јас само го споделувам тоа богатство во светот со нашите обичаи кои хи има многу и секако традицијата која е многу опфатена во нашите филмови.

Апсолутно публиката сака вистина во време кога е се филтрирано и лакирано документарецот е гласот што сеуште верува во автентичноста ,само треба да се каже и срце да почувствува.

Искрено?Погледот на гледачот по проекцијата кога ќе ми пријде некој и ќе ми рече се пронајдов тогаш знам дека сум ја завршил мојата мисија.Наградите се важни но човековата емоција е непроценлива.

Се родија од вистината од она што луѓето го живеат секој ден,но ретко кој го забележува Јад е тишината на болката Копнеж е шепотот на желбата.и двата се огледало на нашата земја со сета своја убавина тежина и достоинство.

Македонскиот режисер и продуцент на светско ниво повторно ја докажа својата моќ да допре во светот преку силни емотивни и вистински приказни. Со документарците Јад и Копнеж тој освои две златни плакети а жирито во состав Драгана Бојковиќ,Елена Констатиновиќ,Игор Бојаниќ му одаде искрени пофалби за убавата приказна и одличната фотографија,и пред се ја пофали работата на режисерот кој многу внимавал целата приказна да се вклопи во тоа што замислил.За крај секој не може да го разбере филмот а всушност тоа е едноставно,тоа е една приказна која тече и се прелева на филмското платно. 



Благодарам на мојата подршка која со години ме прати и се мотив плус Зоки Гоки Адмир Даниел Маце Саше и посебна благодарност до Ане одличниот вокал на Dance Mashine група која палеше и гасеше во 90 а фронтмен беше токму и тој тоа време изработи еден убав спот за својата музичка група. Секако благодарност до Macedonian timeline кои се мотив плус за мојата успешност и мојата работа.






Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.