Skip to main content

РАЗВОЈОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО ПРЕСПА (1)

C:\Users\user\Downloads\jesus-christ-pictures-k9zma9r88k98f74o.jpg

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН


Почнувајќи од древниот период па до денес Македонија била, е и ќе биде место каде што ce вкрстуваат различни цивилизации. Така христијанството се појавило на овие балкански простори, а со тоа и во Преспа пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија.

Историски гледано, почнувајќи од древните времиња на Филип и Александар Македонски, преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на Словените кон југ и на други народи, а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија била раскрсница на нации, цивилизации, култури, јазици, религии...

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се борел и за независност на својата Православна црква. Затоа историјата на македонскиот народ во изминатите илјада години секогаш била тесно врзана со Македонската православна црква-Охриска ариепископија. Црквата била таа која организирала голем дел од културната и од уметничката дејност на македонскиот народ, пред сé преку градење цркви и манастири.

Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е тесно поврзана со историјата на македонскиот народ. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други места насекаде по светот.

Црквата одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на Македонците во подолг период.

Македонската православна црква - Охридска архиепископија игра значајна улога во собирањето на Македонците како во државата, така и во светот. Тоа е особено изразено со конституирањето на Република Македонија, пo обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на нејзината автокефалност во јуни 1967 година. Македонската православна црква - Охридска архиепископија направи силен пробив меѓу православните Македонци во државата и меѓу бројната македонска емиграција во прекуокеанските земји - САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во Европската Унија и во други земји.

Преспа како дел од етничка Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската православна црква - Охридска архиепископија одиграла значајна улога. Христијанското население од Преспа ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија. Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата во науката се високо оценети.

Македонска православна црква - Охридска архиепископија — Википедија

Co тоа се потврдува дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата.

Неговото христијанско население го негувало и го негува култот на Пресвета Богородица, на Исус Христос... Тоа се потврдува со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква и други населени места.

Повеќевековниот христијански живот на Македонците, од времето на свети Климент, низ долгата историја на Охридската архиепископија, до времето на преродбата во XIX век, придонесе да се создадат ремек дела на уметноста со универзално значење, со исклучителна естетска вредност.

Така, во црквите и манастирите во Преспа се созадени значајни ликовни дела со кои се гордее човечкиот род. Иконите, фреските на манастирската црква „Свети Ѓорги“ во Курбиново, како и архитектонските облици, делата на применетата уметност од манастирот „Света Богородица“ во Сливница, влегуваат во антологијата на значајните остварувања на тоа време. Bo тие дела се распознаваат оригиналните карактеристики и белези сврзани за македонската културна традиција во Преспа.

Преспа е лулка на македонската иконографија каде значајно е присуството на повеќе стотини портрети на света Богородица, Исус Христос, свети Климент и свети Наум Охридски и нивните современици и други светци. Тоа е доволен доказ за културниот континуитет на традицијата на Македонците од најстари времиња до денес.

Притоа треба да се нагласи дека македонскиот духовен простор во Преспа никогаш не бил затворен. Напротив, православните духовници, писатели и ликовни творци секогаш биле во благородните хуманистички текови коишто се засновуваат на Христовото учење и на традициите на свети Климентовата црква.

Таков е случајот со црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново, како и со неколкуте други значајни цркви во Преспа, меѓу кои е и манастирот „Света Богородица“ во Сливница, кој во 2017 година го прослави своето 410-годишно постоење.

Во Преспа се создала специфична градителска и ликовна култура и по укинувањето на Охридската архиепископија, особено во борбата на црковно-училишните општини да имаат богослужба на црковнословенски, односно македонски јазик.

Притоа се подигнати бројни цркви и манастири од македонски камен, дрва, керпич, со македонска душа и срце. Сите тие цркви најчесто се со монументални димензии и со базиликална форма за да потсетуваат на величината на старата црковна слава.

Периодот на преродбата во Македонија ќе донесе и во Преспа специфична иконографија во рамките на православието, со особена нагласка врз македонските светци, на нивните житија и на словенската писменост на Балканот, како што е примерот со манастирот „Света Богородица“ во селото Сливница, во Долна Преспа. Таа е дел од големиот придонес на Македонците во културниот и духовниот развој на православието во сесловенската уметничка ризница.

Македонецот градел духовно-културни храмови со силна желба, љубов и вера кон православието. Co цел да опстои на овие балкански простори, православниот народ во етничка Преспа во периодот од десетина векови си помагал со другите народи, си пружал христијанска рака, затоа издржал и ропство, асимилација, прогонување, а и неправди. Тој опстанал и ќе опстои се додека веков векува и светот светува, зошто македонскиот народ е библиски, со голема христијанска душа, со вера, надеж и со љубов кон својата Црква и држава.

За Преспа е карактеристично што таа, заедно со Охрид, во еден долг период претставувала крстосница на народи, религии, цивилизации... Трајни сведоштва за тоа се бројните споменици од материјалната култура на Македонците, но и остатоците од три важни магистрални патишта - Виа Игнација, Епирскиот и Стариот битолски пат, како најстар каравански пат од византиско време и средниот век, како и други споменици на духовната култура.

Обновените археолошки истражувања на локалитетот на островот Ахил, во Малото Преспанско Езеро, во егејскиот дел на Македонија, се од големо значење. Исто така и археолошките локалитети на островот Голем Град во Преспанското Езеро, ги потврдија претпоставките за организирано живеење на овој езерски остров од 3-от до 1-от век пред Христа. Откриени се остатоци од две цркви и потврдено е постоењето на средновековната некропола. Населбата својот процут го доживеала во периодот меѓу 9-от и 14-от век, но овојпат како манастирски комплекс. Целосно била сочувана црквата „Свети Петар“, а делумно „Свети Димитрија“ во која се претпоставува дека е погребан свети Димитрија.

Продолжува

C:\Users\User\Downloads\5.jpg

Пишува: СЛАВЕ КАТИН




Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.