Thursday, October 23, 2025

ИНТЕРНЕТОТ КАКО МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ - ВИСТИНИ И ЛАГИ


Новинарството е популарно, но е популарно главно како фикција. Животот е еден свет, а животот виден во весниците друг“ [Ф. Г.К. Честертон]

Ако во минатото луѓето требаше да патуваат илјадници километри да бидат сведоци на важни настани или да добијат популарност  во јавноста, денес  со појавата на интернетот секоја вест се пренесува во моментот на случувањето. Медиумите играат голема улога во креирањето на имиџот на политичарите, филмските ѕвезди, уметниците од сите области. Дури може да се каже дека се поттикнувачи на разни движења во општествено политичкиот живот на една земја. Сите вести за одреден настан или личност, со секавична брзина се пренесуваат насекаде низ светот , но понекогаш  поради популарност на самиот медум, веродостојноста на информациите треба да се преиспита. 

Во денешното опкружување, влијанието и досегот на медиумите станаа исклучително моќни. Медиумите се главното средство за масовна комуникација, доставувајќи пораки до широк опсег на поединци. Поединци се напаѓаат или фалат со пораки од различни медиумски извори, вклучувајќи периодични изданија, билборди и телевизија. Уште позначајно, овие сигнали поттикнуваат ставови, емоции и што е и што не е потребно. Со значителна сила во денешната култура, медиумите можат да добијат облик на емитувана, говорна или писмена комуникација. Печатот има способност да ги обликува економските, политичките и социјалните идеали во дваесет и првиот век.

Усовршената технологија во значителна мера ја подобрува способноста на медиумите, како и нивното влијание во креирањето на јавното мислење.  Техничките откритија им овозможуваат на медиумите да го зголемат своето социјално влијание и да проникнат во популарната култура во сегашниот свет. Иако медиумите во дваесеттиот век се потпираа на телевизија и радио за да се забавуваат и информираат, денешните медиуми се фокусираат воглавно на интернет.

Што е уште поважно, интернетот стана најпопуларен медиумски инструмент, како и сензација. Подкастите, блоговите и мобилните телефони се појавија како нови видови медиуми во денешната култура. Со притискање на копче, информациите, без разлика дали се вистинити или погрешни, може да бидат испратени низ целиот свет. Во многу случаи, таквото знаење има значително влијание врз однесувањето и односите на луѓето.

Тешко дека нешто може да стане популарно или општо прифатено, односно да биде тренд доколку не е присутно во овие медиуми кои што претставуваат прозорец кон светот на огромен процент од популацијата, односно главен извор на информации за сето она што се случува во наша непосредна близина, но и во најодалечените места во светот. Секако дека историски гледано појавата на овие медиуми и нивното масовно прифаќање придонесуваат за ново поимање на терминот популарно. Така на пример одредена интересна појава или личност која е врзана за одредено место, а има капацитет да биде прифатена во голем дел од светот со помош на медиумите може да влезат буквално во сечиј дом и во најодалечените места во светот.

Во минатото за она што е популарно на запад, односно во развиениот свет можеле да знаат само мал број луѓе кои имале привилегија да патуваат и да видат како тоа изгледа, односно што е ин во европските метрополи. Секако дека своите искуства кога ќе се врателе дома ги споделувале, но сето тоа е побавен начин за да нешто стане популарно во вистинска смисла на зборот, односно да стане општоприфатен тренд меѓу народот. Еден од начините за информирање кој е познат уште од 19-от век е преку печатените весници. Сепак кај нас овој медиум може да се каже дека не бил многу застапен со оглед на тоа што сè уште сме немале формирано држава која ќе издава весници, а секако дека голем дел од населението бил и неписмен. Но, и во такви услови опстојувале одредени весници, пред се издавани од македонската емиграција во Бугарија или Русија. Револуција во светот на медиумите и популарната култура во светот се случила со појавата на телевизијата. Преку неа со популарност од огромни размери се стекнуваат филмови, актери, музичари, спортисти и луѓе од други професии. Тие всушност стануваат идоли на цели генерации кои мечтаат да бидат како нив и да ја достигнат нивната слава.

Со појавата на интернетот светот буквално е глобално село, односно овозможено е со само еден клик на глувчето да се биде дел од најактуелните случувања во светот.

Што се однесува до времето во кое ние живееме, медиумите се нашиот прозорец кон светот, места од каде што ги добиваме информациите и врз основа на што го креираме своето мислење и ставови. Примарна цел на медиумите е да понудат информации за актуелните случувања од земјата, регионот и светот, но и да понудат програма од културно-забавно-рекреативен карактер, односно програма која што ќе ги релаксира конзументите и ќе им понуди забава. Информирањето се врши преку вести, разни политичко-дебатни емисии и сл. Забавниот дел се состои од музички емисии, ток-шоуа, спортски натпревари, естрадни магазини, филмови…

Секоја од овие содржини на некој начин популаризира одредена појава или личност. Кога е политиката во прашање на пример, политичките структури ги користат медиумите да се доближат до народот, да го придобијат, односно да ја зголемат популарноста меѓу граѓаните. Секако дека задача на медиумите, според некој непишан кодекс, односно некои морални норми би било објективно да го информира гледачот, притоа не суѓерирајќи му чија позиција да заземе.

Медиумите во денешно време имаат моќ да креираат инстант ѕвезди, односно за многу краток временски период одредена појава или личност да го обиколи светот и да се стекне со популарност. Типичен пример за таков кратор на инстант звезди е сајтот Youtube, тик ток,  инстаграм и многу други платформи. Преку овој сајт тотални анонимуси кои покажале креативност, добра смисла за хумор или некоја вештина можат за кратко време да станат гледани на сите меридијани во светот. Секако дека тоа може да им послужи како одскочна даска во понатамошното градење на нивните кариери. Сепак контра дејството на нешто што изгледа дека е општо прифатено и дел од популарната култура секако дека не може да се занемари. Сепак во денешно време сите медиуми нудат избор, односно можност да се задоволат најразличните афинитети на потрошувачите.

Одредени струи од општеството сметаат и дека медиумите лошо влијаат врз младината која е во фаза на оформување на личноста. Како аргументи за тоа најчесто се споменуваа сервирањето на некои вредности кои се сметаат за кич или пак поттикнуваат насилство.

Топ настаните од светот на модата, музиката или било која друга фела се достапни како никогаш до сега. Сите најактуелни трендови кои овие настани ги носат со светлосна брзина допираат и до нас и сега сме во можност да не касниме со модата како што тоа некогаш знаело да биде.

Медиумите и популарната култура се силно поврзано и може да се каже дека едно без другото не оди. Медиумите се главни кривци за илјадници успешни кариери на лица кои преку нив ја граделе својата кариера и стекнувале популарност. Меѓутоа не само врзано со личности, медиумите имаат одиграно значајна улога и во покренувањето на движења кој придонеле за значајни историски пресвртници. Како пример нека послужи само времето на паѓањето на социјалистичкиот режим кога всушност медиумите биле еден вид отворач на очите на нациите. Неспорен е фактот дека како што медиумите можат влијаат врз промовирање на популарна идеја или појава исто така можат да влијаат и врз стигматизирање или маргинализирање. Тоа можат да го направат со цензура, односно со разни забрани и сл.

Во ера во која информациите се лесно достапни, медиумите служат како меч со две острици, со моќ да едуцираат, инспирираат и обединуваат, но и дезинформираат и делат. Од клучно значење е да се препознае огромниот потенцијал на медиумите за позитивно да ги обликуваат умовите и општеството. Прифаќањето на одговорноста што доаѓа со оваа моќ несомнено ќе го отклучи непобедливиот потенцијал на медиумите како сила за напредок, просветлување и трансформација.

Според најновите истражувања во Австралија, интернетот ја надмина ТВ како главен извор на вести во Австралија во последните две години. Над 12,7 милиони Австралијци (60,8%) сега велат дека интернетот е главен извор на вести, што е за 1,4 милиони повеќе од 2018 година, вклучително и скоро 7,9 милиони Австралијци (37,7%) кои конкретно ги номинирале социјалните медиуми.

Се е на интернет но колку вистини толку и лаги, ваше да процените и да одлучите што е објективно и во што ќе верувате.

Гордана Димовска

Колумнист

Мелбурн Австралија

Статијатае објавена во Македонска нација

 



Macedonian Timeline Australia

No comments:

Post a Comment