Skip to main content

ПОСЛЕ 100 ДЕНА ПРОТЕСТИ ЗА СЕЧАТА НА ШУМАТА НАД ЉУБОЈНО – НАДЛЕЖНИТЕ МОЛЧАТ!



C:\Users\User\Desktop\583711008_838409349133126_2707482413607368755_n.jpg

Љубојно е познато како едно од најголемите иселенички населби во Преспа. Во неговата историја е забележано дека македонското населие од Љубојно учествувало во Илинденското востание и во Ослободителната борба на Македонија, потоа во него е отворено второто училиште на македонски јазик во државата по ослободувањето. Исто така, тоа е атрактивна туристичка дестинација со долга и значајна историја.


Љубојно е едно од најубавите села кое пленува со своите архитектонски градби, со стилот на старите куќи, сокаците и дворовите, како и со иновациите во начинот на живеење што бројните печалбари ги пренеле од светот во својот роден крај.

 

Меѓутоа, прашањето со уништувањето на шумата над селото е под сите критериуми и го натера население, ни малку, ни многу, туку 100 (и со букви сто) дена мирно да протестира за сечењето на шумата, кој е невиден случат во самостојна и демократска Република Македонија. За жал, надлежните органи во Република Македонија молчат како ништо да не се служува и некажуваат дали нерегулатното сечење на шумата е плански и според законите.

 

Инаку, уништувањето на шуматаа е во близина на манастирската црква „Свети Атанас“ која е заштитник на селото и е една од позначајните цркви на љубанци. Таа се наоѓа во Коријата, на ридот од јужната страна на селото на околу 700 метри, над Полициската станица. Црквата е една од постарите, и е градена во XIV век. Ѕидовите се од камен, а покривот пред обновувањето беше со камени плочи. Оваа манастирска црква е опкружена со дабови стебла и претставува место за одмор и рекреација и еден вид видиковец. Таа е собиралиште за љубанци на свети Атанас  на 31 јануари.


C:\Users\User\Desktop\529390048_10224018713374852_2907539368424259579_n.jpgC:\Users\User\Desktop\530339633_1455883478781441_7148460159717928110_n.jpg


За жал, македонско народно правило неважи за претпријатието „Македонски шуми“ на Република Македонија кое според информациите  на  локалното население и Месната заедница ја уништува шумата без страм и одговорност, а тоа се врши без јасно образложение и без земање предвид на еколошките, туристичките и социјалните последици. Притоа заборавајки дека сечата ја уништува природната флора и фауна, го нарушува шумскиот екосистем и ја зголемува ерозијата на почвата на Љубојно.


Треба да се нагласи дека жителите на Љубојно и другите села во Долна Преспа зависат од шумата која ги дарува со чист воздух, ги заштитува од поплави и ја одржува познатата преспанска микроклима. Затоа се очекува итна реакција – стопирање на сечата, издавање на официјално соопштение и вклучување на претставници од локалните заедници во идните одлуки поврзани со управувањето со шумскиот фонд на Љубојно и Брајчино.


Доколку по 100 дена одржување мирни демонстрации на населениет и пријателите на Љубојно не се запре оваа активност и не се обезбедат транспарентни информации за нејзината законитост и оправданост, неопходно потребно ќе биде да се вклучат пошироките државни институции, македонското  население и медиумите во Република Македонија.


1SlaveK2

Пошува: СЛАВЕКАТИН




Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...