На 10 декември во Музејот на националната борба за самостојност се одржа промоција на книгите: „Посланија и беседи“ од Архиепископ Доситеј и „Таков Архиереј ни требаше – зборник на трудови во чест на Архиепископот Доситеј“. Промотори на книгите беа архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Оваа монументална свеченост се одрша по повод 55 години од упокојувањето на првиот Архиепископ на возобновената Охридска архиепископија, Доситеј, а Македонската православна црква – Охридска архиепископија ги објави двете нови книги: „Посланија и беседи на Архиепископ Доситеј“, собрани и подготвени за печат од свештеникот Александар Димоски и „Таков Архијереј ни требаше“ – зборник на трудови во чест на Архиепископот Доситеј од повеќе автори.
Овие дела претставуваат продолжение на процесот на афирмирање на духовно, богословско и историско наследство на возобновителот на МПЦ. Објавените трудови се дел од пошироката иницијатива за научно и црковно проучување на личноста и делото на архиепископот Доситеј, кој ја предводеше МПЦ во периодот на нејзиното современо возобновување.
Инаку, архиепископот Доситеј е возобновител и прв архиепископ охридски и македонски на возобновената Македонска православна црква - Охридска архиепископија. Тој се смета и како наследник на Арсениј II, кој бил последен архиепископ на укинатата Охридска архиепископија во 1767 година.
Архиепископот охридски и македонски господин господин Доситеј II е роден во историското Маврово, на 7 декември 1906 година. Неговото родно место е сместено во најголемиот природен парк во Македонија, Националниот парк „Маврово“ на јужниот брег на денешното Мавровско Eзеро. Маврово, кое е планинско село, се наоѓа под падината на планината Бистра на надморска височина од околу 1200 метри. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година, на крајот на XIX век, Маврово било распрснато и раздробено село на 8 маала, така што за негова обиколка биле потребни околу еден и пол час.
Роден е со крстено име Димитар Стојковски, како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал под планината Бистра. Целиот свој живот го посветил во служба на црквата. Богословија
започнал да учи во Сремски Карловци во 1922 година, а се замонашил во 1924 година, на 17 години, во црквата „Света Богородица Пречиста“, Кичевско.
започнал да учи во Сремски Карловци во 1922 година, а се замонашил во 1924 година, на 17 години, во црквата „Света Богородица Пречиста“, Кичевско.
Негов духовен татко бил игуменот Григориј. По одредените подготовки, Доситеј заминал за Света Гора, каде улогата на духовен татко ја презел игуменот Митрофан од манастирот „Хилендер“. На Света Гора останал сè до 1932 година, кога поради потребата од дошколување заминал во Битолската богословија.
Како монах Доситеј престојувал и во манастирите „Свети Наум“ во Охрид, „Света Богородица“ (Трескавец), Буковскиот манастир и други. Во меѓувреме, на 12 февруари 1934 година, од страна на владиката Николај, во црквата „Света Богородица“ во Битола, Доситеј бил назначен за ераѓакон, додека на Цветници го примил еромонашкиот чин.
Доситеј будно го следел решението на македонското црковно прашање и вложувал максимални усилби за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква. Длабоко во себе бил свесен за своето потекло.
Богословијата во Битола ја завршил во 1937 година, а истата година Српската православна црква, како казна за неговата „непослушност“ не му доделила стипендија за да се запише на Теолошкиот факултет во Белград. Сепак, бил прифатен од нишкиот епископ Доситеј, кој го примил во служба што му овозможило паралелно и да студира на Теолошкиот факултет во Белград и да дипломира во 1942 година.
Како последица на промените во Македонија за време на Втората светска војна, во Српската православна црква (СПЦ) настанале превирања. СПЦ сакала да ја спроведе старата српска црковна политика и да го врати во Македонија стариот скопски митрополит Јосиф. Доситеј, прво го отстраниле од црквата и го испратиле да управува со патријаршискиот двор во Сремски Карловци.
Таму останал до 1949 година, каде прво добил титула архимандрит, а подоцна бил избран за епископ топлички – викарен на српскиот патријарх Викентиј. Хиротонијата за викарен епископ се одржала на 22 јули 1951 година.
Доситеј ја дознал политиката на Српската православна црква и отворено се спротивставувал на ваквите намери. Во тоа време интензивно комуницирал со Иницијативниот одбор за организирање и за формирање на Македонската православна црква. Најголем дел од членовите во Одборот биле македонски свештеници, кои за време на војната и потоа, останале со народот и ја споделувале неговата судбина.
На иницијатива на Одборот, во декември 1951 година, Доситеј со благослов на српскиот патријарх Викентиј, ја посетил Македонија. Тоа бил значаен датум за Македонците, бидејќи по ослободувањето во 1945 година, првпат земјата ја посетил некој македонски владика.
Посетата на Доситеј во Македонија предизвикала негативни реакции кај радикалите во СПЦ, а по неговото враќање во Белград, бил остро напаѓан од поранешниот скопски митрополит во Македонија, Јосиф.
Додека Српската православна црква инсистирала на враќање на нејзините стари епископи, пред сè, на митрополитот Јован, поранешен четнички војвода и познат по својата асимилаторска политика, паралелно Иницијативниот одбор решително се залагал на испразнетите места да дојдат македонски епископи.
Во 1957 година во координација со Доситеј, Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ се согласил со СПЦ да ја усогласи организацијата во македонските епархии, во согласност со Уставот на СПЦ, а на српскиот патријарх Викентиј да му се признае статус администратор на трите епархии.
Истовремено, Синодот на СПЦ се обврзал на наредното собрание на Светиот архијерејски собир, во мај 1958 година да се изврши избор на Македонци архијереи за сите три епархии.
Вториот црковно-народен собор се одржал во Охрид на 4 октомври 1958 година. На собoрот учествувале вкупно 219 делегати, свештеници и мирјани. На соборот во црквата „Света Софија“ била донесена Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија.
Откако се донела Одлука за возобновување на Охридската архиепископија, а во согласност со одлуката изборот на митрополитот и епархиските архијереи да биде од Македонија, Доситеј бил предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно бил избран со титула архиепископ охридски и скопски и прв митрополит македонски.
За време на изборот биеле сите канбани во Охрид. По појавувањето на Доситеј во црквата „Света Софија“, свештеникот Нестор Поповски официјално му ја соопштил Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и Одлуката за избор на прв поглавар на Македонската православна црква.
Во негово време од темел била возобновена Црквата, со сите нејзини витални органи: епархиите, епископатот, свештенството, црковните општини во татковината и во дијаспората, црквите и манастирите, образованието и просветата. Во 1967 година била отворена Богословијата, а во 1977 година Богословскиот факултет во Скопје.
Целиот свој живот го посветил на службата на Црквата. Тој будно го следел решението на македонското црковно прашање и вложувал максимални усилби за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква.
На вториот црковно-народен собор, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, бил избран за поглавар на МПЦ во обновената Охридска архиепископија.
Под негово раководство бил свикан Третиот црковно-народен собор, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ била прогласена за афтокефална.
Инаку, во 1958 година, во Охрид се одржал Вториот македонски црковно-народен собор, каде што бил прифатен предлогот за обнова на Охридскаа архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ бил избран господин Доситеј.
Одлуката за самостојност на МПЦ била потврдена преку отслужувањето на заедничка архијерејска литургија со српскиот патријарх Герман, во јули 1959 година во црквата „Света Мина“ во Скопје, и во исто време била извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот архијерејски синод на СПЦ и дал самостојност на МПЦ, со што, таа и натаму останала во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот патријарх.
Во мај 1962 година во придружба на патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ во посета на МПЦ пристигнал московскиот патријарх Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе великодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на свети Кирил и свети Методиј во црквата „Пресвета Богородица–Каменско“ во Охрид била одржана и архијерејска литургија на којашто служел московскиот патријарх Алексиј во сослужение на српскиот патријарх Герман и архиепископот охридски и митрополит македонски Доситеј. Тоа било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални цркви.
Доситеј бил поглавар на Македонската православна црква од 4 октомври 1958 до 20 мај 1981 година. По него архиепископи на МПЦ биле Ангелариј (18.8.1981 до 15.7.1986 година.), Гаврил (4.10.1986 до 9.6.1993 година.), Михаил (од 21.12.1993 до 6.6.1999 година) и Стефан (од 10.10.1999 до денес).
Првиот архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во ликот на Македонската православна црква архиепископот господин господин Доситеј почина на 20 мај 1981 година. Неговиот гроб се наоѓа во црквата „Свети Димитрија“, во Скопје.
Во спомен на 25-годишнината од неговото упокојување, во 2007 година после Божествената литургија, по повод патрониот празник Свети Климент Охридски и 40-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје беше откриен и осветен споменик на архиепископот Доситеј, првиот поглавар на МПЦ. Споменикот на архиепископот Доситеј го изработи скулпторот академик Томе Серафимовски.
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Macedonian Timeline Australia







No comments:
Post a Comment