Skip to main content

Posts

Showing posts from August, 2013

МАКЕДОНСКО ПОЕТСКО ЕХО

ЉУБИТЕЛИ НА ЛИТЕРАТУРА, КУЛТУРА И НАУКА-СВЕТИ ВИСАРИОН И ЛИТЕРАТУРНИОТ КЛУБ ИЗГРЕВ –ДЕМИР ХИСАР На 18 август во дворот на библиотеката и амфитеатарот во Бабино, се одржа манифестацијата, “Македонско поетско ехо“ на која учествуваа поети од Македонија но и од дијаспората. Со свои песни настапија поетите: Проф. Ванѓелко Лозаноски, Д-р Менде Солунчевски, Мери Арсовска, Стојанче Колевски, Марија Ѓеорѓиеска и други. Од тука и јасно беше пренесана пораката да светот ја слушне македонската вистина, дека Македонија е највоспеана земја во светот  и на македонски јазик творат  македонски и светски поети. Македонци постојат, постои Македонија од антика до денес. Оваа манифестација пробуди голем интерес кај публиката па затоа и доби покани од Скопје, Охрид и други градови низ Македонија. Пораките за Македонија ќе се разнесуваат низ убавиот поетски збор. Честитки за организаторите и учесниците.

Македонците од Мелбурн порачаа, Букурешкиот договор не важи

  Македонското шестнаесетзрачно сонце повторно се развиори пред  Парламентот на Викторија во Мелбурн.  Како што беше најавувано денес, 10-ти август, илјадници Македонци од сите возрасти зедоа масовно учество на мирниот протестен марш под слоганот “Марш за единство/ March for Unity ‘. Се со цел симболично да означат еден век од ништовниот Букурешки договор со кој Македонија беше немилосрдно распарчена. Истовремено му оддадоја и почит на сите знајни и незнајни македонски жртви кои ги дадоја животите во сите востанија и војни. Испратија јасни пораки и  до македонската Влада за итен прекин на преговорите за името Македонија како и барање до Австралиската Влада за признавање на Македонија под нејзиното уставно име. Организатор на протестниот марш беше Македонско – Австралиската организација на заедницата во Викторија. Честитки за организаторите и македонскиот народ кој храбро излезе да го искаже своето незадоволство од неправдите што се вршат над Македон...

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН ВО “МАКЕДОНИУМ“

По повод големиот национален и верски празник Илинден во спомен обележјето „МАКЕДОНИУМ„ Крушево оваа година зедоја учество и членовите на ‘Љубители на литература, култура и наука‘ - Демир Хисар. Како дел од манифестацијата ‘Десет дена Крушевска Република‘, тие прочитаа стихови и поетски научни мисли од автори кои имаат објавено дела во нивната издавачка куќа .Уште еден голем допринос во одбележувањето на Илинден кој засекогаш ќе остане како светло сонце срцата на сите генерации Македонци. На тој ден се присетуваме на борбите и жртвата што ја дадоја нашите славни Илинденци за слобода на Македонија. Крушево како што и му доликува, љубезно ги отвори своите порти за сите посетители и учесници а публиката во Македониум бурно ја поздрави песната на поетесата Марија Ѓеоргиевска која беше посветена на илинденските виори во крушево и на ангелот македонски, Тоше Проески.

БАНИЦА ВО ПЛАМЕН

Беше рано утро, 4-ти мај 1903 година. Зората се зазоруваше. Ѕвездата Деница тивко трепереше од над Баница. Во селото петлите пееја, го најавуваа раѓањето на новиот ден. Луѓето станаа од постелите. Истокот како крв се црвенееше. Гоце со четата на Димитар Гуштанов и Ѓорѓи Бродлијата, се на се дваесетмина, спиеше во селото Баница и ништо лошо не претчувствуваше. тука се беше затекол и револуционерот Димо Хаџи Димов. Уште убаво не се беше разденило кога од сите страни во селото залајаа кучиња. Не потраа долго, во куќата каде што спиеше Гоце Делчев влезе задишена една старица и извика: - Синови, станувајте! Илјаден турски аскер го сардиса селото. За миг Гоце стана на нозе. Ја наполни малихерката. Ги прегледа револверите и бомбите. Тоа го направија и другите. За миг сите беа готови за крвава и нерамна борба. Дваесетмина против илјаден аскер. - Гоце - предложи Гуштанов - да поведеме борба од селото од јакиве камени куќи. Кога ќе падне мрак, некако ќе се извлечеме.

ХРАБРОСТА И ВИСТИНАТА

Се сретнале храброста и вистината. Љубезно се поздравиле и мошне брзо се здружиле. од тој ден почнале да одат заедно и да живеат среќно. Еден ден почнале да се препираат: - Кога влегувам во човечкото срце, за него велат дека е најсреќниот човек на светот! - вели Храброста. - Кога јас влегувам во човечкото срце, за него велат дека е најдобриот човек на светот! се спротивставувала Вистината. Се пречкале така се додека не виделе некој крвожеден волк кој влечкал уловено јагненце. - Еј, нека видат сите на светот дека од мене нема подобар ловец на светот - зборувал волкот. Храброста и рекла на Вистината; - Речи му на волкот оти не е точно дека е најдобриот ловец на светот, туку дека е бездушен злосторник и крвопиец. - Не смеам, може и мене да ме задави - рекла со тивок растреперен глас Вистината. Храброста горделиво се насмеала и рекла со повисок глас за да ја чуе и волкот: - Каков ловец си ти, злосторнику! ти знаеш да ги задавиш само послабите од тебе, како што е јагнето. Волкот поб...