На 18 август во дворот на библиотеката и амфитеатарот во Бабино, се одржа манифестацијата, “Македонско поетско ехо“ на која учествуваа поети од Македонија но и од дијаспората. Со свои песни настапија поетите: Проф. Ванѓелко Лозаноски, Д-р Менде Солунчевски, Мери Арсовска, Стојанче Колевски, Марија Ѓеорѓиеска и други. Од тука и јасно беше пренесана пораката да светот ја слушне македонската вистина, дека Македонија е највоспеана земја во светот и на македонски јазик творат македонски и светски поети. Македонци постојат, постои Македонија од антика до денес.
Оваа манифестација пробуди голем интерес кај публиката па затоа и доби покани од Скопје, Охрид и други градови низ Македонија. Пораките за Македонија ќе се разнесуваат низ убавиот поетски збор. Честитки за организаторите и учесниците.
No comments:
Post a Comment