Skip to main content

УЧИМЕ МАКЕДОНСКИ - УЧЕНИЦИТЕ СО НОВ ПРОЕКТ

Учиме, читаме, пишуваме, зборуваме Македонски
Study Macedonian language at Victorian School of languages
Со учениците од петто одделение при училиштето за јазици во Keilor Downs го започнавме вториот семестар од оваа учебна година со нов проект наречен Македонска книга. По дадените инструкции, учениците започнаа со креирање на насловна корица кој опфаќа наслов, име на креаторите, илустрација. Повеќето од учениците ја илустрираа страницата со македонското знаме во разни форми и дизајни, букви, деца.

 Освен изразување на нивната креативна способност, оваа книга всушност ќе опфати повеќе теми и ќе  биде исполнета со активности за изучување на буквите од македонската азбука, македонската историја, илинден , омилени популарни личности од Македонија. На првиот ден од овој семестар ни дојде и нов ученик Мајкл Китан кој за првпат се сретнува со македонските букви, и ни рече дека многу сака да научи да зборува Македонски.
The Macedonian language has been taught at VSL centres since 1977. 
It is a great privilege for the Macedonian Community in Australia to be able to pass on the language to younger generations born in Australia. 
Thus it helps them learn their first language better, know a lot more about new cultures, history of other countries, contribute to cultural awareness and literacy, broaden their views of the world. 
We urgently need new enrolments for this year in all VSL centre. The macedonian languages is offered in the following centres:

Altona North, Dandenong, Keilor Downs, North Geelong, Shepparton, Thomastown
If you are interested please enrol as soon as possible online www.vsl.vic.edu.au or call the head office on:  9474 0500.
There are also classes available in Lalor North primary school (bilingual) and Epping secondary college 7-12

.







Gordana Dimovska

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.