Skip to main content

РАЗГОВОР СО МИЛИЦА ПАУЛУС



Литературното поле со својата преубава и богата конзистенција ми постана еден голем предизвик и моја најголема провокација, да мотивирам, организирам, да творам и издавам книги и тоа не само лично мои, туку и  заеднички – антологии. - Милица Паулус

Љ.П - Повод, да го започнеме разговорот со Вас е добивањето на Првата награда  "Поетска гравитација" од Здружението за наука и култура "НОВА" за книгата  "Животот е поезија" за најдобра необјавена поетска книга за 2015 година. Како дојдовте на идеја да се јавите на конкурсот и да победите? Кои ваши мисли и теми ги содржи книгата "Животот е поезија"?

Милица Паулус - Убав почеток госпоѓа Љубица Поповска. Првата награда  „Поетска гравитација“ многу ми значи. Во здружението за наука и култура "НОВА" да се добие награда значи, дека делото е навистина вредно. Јас ретко учествувам на наградни конкурси во Македонија и барем до сега беше така, а многу често на странски,  затоа, радоста беше уште поголема. Самиот наслов на книгата ја  презентира нејзината тема и  ја прави содржина транспарент. Инспирација ми беше животот некогаш и сега. Прецизно кажано, се што стагнирало и се што е во движење со моите чувства во дното на мојата кревка душа. Животот не е шеќер за лижење, со тоа мислам, не е секогаш како што си посакуваме. Понекогаш е потребен имунитет против болка и тага, а друг пат, да се знае да се прими и возврати на среќа, радост и љубов.Токму тој хаотичен животен процес, секојдневно е презент во човечката евулуција на расположение. Овој лавринт на едно непрегледно место и со многу испреплетени настани, ме потикна да ја претставам мојата книга, лично за мене, како крамарка на еден значаен награден конкурс, од чиј резултат се потврди мојата сугестија.
Љ.П -  "Визијата и љубовта на Крсте.П.Мисирков за македонскиот јазик и Македонија" научното дело го издадовте заедно со професор Ванѓелко Лозаноски. Случајно или со време созреано се најдовте да работите и на ова литературно поле. Како дојдовте до тоа? Кој беше поводот и од каде црпевте, анализиравте и обработувавте податоци за овај труд?
М. Паулус - Нема никој од нашите македонските творци некогаш или сега, за кого повеќе би сакала да пишувам и да му посветам неизмерно внимание, него ли на Крсте П. Мисирков. Бев воодушевена од понудата на професорот Ванѓелко Лозаноски за да изработиме едно заедничко научно дело за нашиот литературен титан: македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. За овој наш вреден труд - црпевме, анализиравме и обработувавте податоци од секој можен извор: интернет, списанија и врвни дела.
Љ.П - Секако се ' има свој почеток. Кога почнавте да пишувате, од кога поезијата Ве има заробено во своите прегратки.Вашите први почетоци.
М. Паулус - Имам чувство, дека пишувањето ми е една вродена, ама восхитна аномалија. Си дозволувам да речам, кога ги научив буквите почнав и да пишувам, така по некој стих. Првиот краток расказ беше посветен на мојата мајка и го напишав во трето оделение.
Љ.П - Кое е првото признание-награда на почеток што сте ја добиле и како влијаело тоа на Вас?
М. Паулус - Од едно студенско списание ја добив првата награда за една моја песна, која ми беше напишана во времето на една силна и искрена љубов. Песната беше испратена без мое знаење на конкурсот,  а пријатното изненадување со наградата ме инфицира, да пишувам уште повеќе.
Љ. П - Кога ја имате издадено првата книга, која и на кој јазик?

М.Паулус – Моето прво чедо беше на германски јазик напишано „ Мирис на вистината “  се роди на моите 28 години.
Љ.П - Пишувате проза, поезија за деца и возрасни. Со што повеќе сте прокупирани, кои инспирации преовладуваат?
М.Паулус - Не сум резистентна на ниедна категорија за пишување, било тоа да се работи за старосна или за литературна. Спорадично пишувам за деца и младина, а повеќето се концентрирам на поезија и проза за возрасни. До пред неколку години се ангажирав околу моите дела на германски јазик, а во последно време имам апетит само за нашите македонски букви и зборови. Вистинските чувства и мисли, можат да се искажат и рефлектираат само со мајчиниот јазик.
Љ.П - Како успеавте да се пробиете и останете во германското литературно подрачје. Ваш почеток и од кога?
М. Паулус - Како што веќе спомнав, на мојата прва книга на германски јазик и се израдував на 28 години. Примена сум како куќен писател на една германска издавачка куќа во која можам да си ги издавам сите мои книги и призната сум и пријавена и како самостален писател во Германија.
Љ.П - Подолго време живеете во Германија. На кој јазик пишувате?
М.Паулус - Книгите на германски не ми се преведени, туку ги напишав дирекно на тој јазик.
Љ.П - .Кои книги ги имате издадено до сега и на кој јазик?
М. Паулус - Моето двојазично творештво е малку подолго, ќе ви наведам само по неколку од секој јазик: 
На македонски : „Парче љубов“ „Душата зборува“ „Животот е поезија
На германски: „Таинствениот замок Самира“  „Солзата на кралската ќерка“ „Роксана“

Љ.П - Вашата поезија се објавува и на други странски (па и австралиски) портали.Во кои портали се објавени Ваши песни?
М. Паулус -  Гледам дека многу добро сте се информирале. Тука, солидно ја допрев и вашата компетентност како журналист! Мојата поезија се сретнува : во македонски, српски,германски, швајцарски, француски, англиски, само една песна во индиски и неколку и во австралиски портали.
Љ.П - Носител сте на неколку интернационални награди.Кои се тие, кога ги добивте и за кои литературни творби?
М. Паулус - Доделени ми се неколку интернационални награди:  за книга, за расказ и за песни! Мојата најомилена награда беше тителот„ Пoeт на годината“   потоа „Најчитани и најсакани книги на годината“ ( за мои три книги) и  „Кралица на современата поезија“ последниот тител-награда, ми звучи малку воображена и со неа никако да успеам да се идентифицирам, можеби, само личи на мене, хаха! Имам уште неколку први и втори награди добиено.
Љ.П - Три книги неодамна се најдоа во најсаканите и најомилените романи.Од која читателска публика е тоа признание, за кои романи и каде?
М. Паулус -  Вие сте навистина волшебни! Ми се чине, дека секогаш имате отворени едно око и едно уво и за другите. Секоја чест, што сте успеале да се конфронтирате со тие мои три дела, најомилени кај читателите во Германија.Се работи за мои три романи, кои се наменети за три воарасни категории : деца до седум години,  деца до 12 години и за младина до 18 години.Книгите се сретнуваат во сите големи и познати интернет книжарници , па дури и во амазон.де и велтбилд.де.
Љ.П - На што работите сега моментално?
М. Паулус - Ако мислите дирекно на творењето, апстинирам во моментов малку. Моето многу драгоцено време го подарувам или агилно го посветувам во припрема на литературни манифестации и публикација на една антологија.
Љ.П - Се најдовте и на семинар во Европскиот парлмент. По кој повод беше тоа и Вашето искуство понесено од таму?
М. Паулус - Мојата професија ме однесе во „европскиот парламент“.Привилегија беше за мене да се биде меѓу големи политички личности и да зе застане пред знамињата, каде претседателите цврсто си стегнуваат рака. Се збогатив со едно големо политичко искуство, во амбиент на прекрасната и најмодерно опремена сала на парламентот.
Љ.П - Освен објавените Ваши литературни дела, вие сте и организатор на конкурси и идејни поборник, издавач и творец на повеќе Антологии.Кои се тие?
М. Паулус - Литературното поле со својата преубава и богата конзистенција ми постана еден голем предизвик и моја најголема провокација , да мотивирам , организирам, да творам и издавам книги и тоа  не само лично мои, туку и  заеднички – антологии. Сум зела учество во многу антологии на германски и на македонски јазик, а на 13 антологии сум уредник. Бидејќи се многу ќе ви спомнам тител само на неколку од нив: „Божиќна антологија“ „Поезија и проза за восхит“ „Поетски одблесоци
Љ.П Како дојдовте на идеја да почнете да организирате интензивен и активен литературен живот во Македонија, да бидете двигател и подржувач на поезијата и пишаниот збор.Организирате литературни манифестации,објавувате литературни конкурси и правејќи се' да биде успешно изведено.
М. Паулус -  Кога постои јазик, постои држава! Ако ние самите не си го сакаме и цениме нашиот јазик, не може да очекуваме од другите. Мојата мисија е под мотото : Тој што пишува и чита - никогаш не осиромашува! Ете, само толку малку  е потребно за да се биде богат во душата! Духовноста ја исполнува личноста, а креативноста ја мотивира.Поезијата е стара уметност која фасцинирала и кралски дворови, синови и ќерки. Таа е и здишен вентил, а истовремено мелем на душата и благословен подарок од Господ.                             
Љ.П - Сега работите и организатор сте на четири нови литературни манифестации кои ќе се одржат кон крајот на април.Вие сите и член и претседател на жирито,сама ги подготвувате трофеите и дипломите за учесниците .За ова треба голема организациона способност. Како најдувате толкав елан и енергија да го направите и организирате сето тоа? Кои се тие манифестации?
М. Паулус - Кога нештото се сака и се прави со љубов , воопшто не е тешко! Енергијата ми ја даваат прекрасните пишувачи преку нивните убави дела. Споредно е тоа, колку инвестирам за наградите, се додека сум за тоа во можност. Убавите и трудољубиви нешта, во овој случај литературните дела, заслужуваат да им се посвети доволно внимание и признание, па некои од нив да бидат дури и наградени. Четири манифестации: „ Македонска лирска поезија„Прозно перо“Млади творци - поезија“ и „ Млади творци - проза“ се одржуваат во еден ден, а наредниот има уште една : „ Поетска гала
Љ.П - Неуморни сте во своите активности со цел поезијата да навлезе насекаде посебно во душата на младите луѓе.На ф.б. ги формиравте групите:"Поезија за душа","Најубава проза"и"Дискусија за поети и писатели".Кога ги формиравте,колку членови бројат и каква е активноста во нив?
М. Паулус -  Силата на државата лежи во рацете на младината. Младината е силна само ако поседува образование, култура  и просвета. Уметноста е столб и изградувач на карактерот, го дооформува човекот во неговите недостатоци, мислење и креативност.                                     Литературни групи: „Поезија за душа“ и „Најубава проза“ бројат преку 5000 , а „ Дискусии на поети и писатели“ околу 3000 членови ги формирав некаде пред три години. Јас, не ретерирам од тоа што сум го започнала, туку се трудам да усовршувам, се разбира колку што ќе ми биде дозволено од  можноста и времето.Со текот на времето ги формирав и трите интернационални групи: „ Интернационална поезија“ Интернационална проза“  и  „Интернационална поезија за читање и слушање“ а секоја од нив брои некаде околу 2500 до 3000 членови.
Љ.П - Некои ваши песни се проткаени со длабоки и јаки патриотски емоции.Од кога ги носите во себе?
М.Паулус - Емоциите кон мојата татковина ги носам во себе - откако знам дека сум Македонка. Со мојот престој надвор од Македонија, сензибилитетот кон неа ми се истанчи и постанаа уште поинтезивни.Тагата по моето родно место, кое болно ми недостасува, ме мотивира за стихови со копнеж по него, само тоа дава топлина. 
Љ.П - И за крај, кои се вашите планови во иднина?
М.Паулус - Мојата душа ја планира иднината. Таа сака постојано да пишува, а раката само го мрда перото.
Љубица Поповска, вие сте прекрасна ! Благодарам на пријатниот, интересен и исцрпен разговор. Голема чест ми беше вашиот интерес за мене и моето литературно творештво, а пред се воодушевувачки, колку многу сте знаеле за мене – со прилог од вашите разноврсни прашања. Благодарам на вашето ангажирање, време и интерес и благодарам на овој восхитен и професионален портал.

Разговорот го водеше Љубица Поповска
Macedonian Timeline
Macedoniantimeline.blogspot.com.au

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...