Tuesday, August 23, 2016

ИНТЕРВЈУ СО ВЕРИЦА ПЕТРОВСКА


Моето мото и поетска порака е секогаш јасна и недвосмислена: Повеќе љубов меѓу луѓето, повеќе смисла, а помалку хаос и безредие во животот - Верица Петровска
My motto and poetic message is always clear: More love between the people, more sense and less chaos and anarchy in life.
Љ. Поповска - Повод за разговор е што во "Алманах 2 "сте единствен македонски преставник. Како дојде до тоа ?
 Верица Петровска - Голема благодарност до г-ѓа Љубица Поповска што најде мотив и повод за моето поетско творење во 2016 год. во Мегународниот зборник под наслов“Алманах-2„ изработен од Салонот на поезија СтенкаЧест ми е да ве известам по втор пат сум единствен македонски преставник во групниот Алманах-2 со наслов„Врлине речи„ кој ќе биде излезен и промовиран на 29 октомври од организаторите„Книжевниот Салон поезије Стенке„ во Белград, Србија. Идејата дојде читајќи ги песните на поетите од Салонот на поезијата Стенка меѓу кои е и г-нот Мајо Даниловиќ и кога излезе (ненаграден) конкурс добив инспирација и прекрасна можност да сум дел од тоа квалитетното книжевно миље со своите четири песни кои се напишани или препеани на српски јазик, за кој јас немам проблем па се пријавив првпат 2015 година и сега во 2016 година.
Во овој групен  Алманах напишан на српски јазик учество зедоа 172 автора и од 82места, а 55 автори се од 15 надворешни земји,меѓу кои сум и јас од Р.Македонија.
            147 Verica Mićunović
            148 Verica S Petrovska
            149 Verica Preda
Љ. Поповска Кои и колку збирки песни имате објавено ?

Верица Петровска - За да одговорам на второто  ваше прашање ,најпрво би било добро да се претставам-Јас сум Петровска С Верица родена во 1956 година во Куманово.
Основното  и средното техничко училиште го завршувам во својот роден град. Потоа завршувам машински факултет во Ниш каде се моите први почетоци, издадов песни во весникот Машинец на Македонски јазик. По професија  сум машински.инжинер со работно искуство од 26 години (маш.инж.и шеф на  одржување), мажена и мајка на два сина. Сега сум претседател на „Клуб на книжевни творци-Симбиоза„-Куманово од самото формирање вп 2014 година.
Заради одредени објективни и субјективни причини целта не ми беа самостојните збирки, од 2004 година.па до денес 2016 година, станав член и потпретседател и претседател во  три здруженија ( Обденица, ДПК и ККТ-Симбиоза, кое го формирав во 03.2014г.) и зедов учесто во 14 разни групни зборници (три меѓународнизборника) и Антологии, бев прв главен уредник на првиот „Алманах-1„ од „ДПК„ каде бев член од 2008 година и воедно потпретседател на истото кој компјутерски го припремив и уредив, ја припремив и излезе во 2010 година.
Бев идеен творец и прв технички и уметнички уредник на Прв Меѓународен Елек.Зборник под наслов„Симбиоза на планета„сместен на CD во Р.Македонија, како претседател на „Клуб на книжевни творци-Симбиоза„-Куманово посветен на ослободување на мојот роден град Куманово на 11.11.2014 година, организирано од истото здружение. Самостојни збирки имам четири од кои се:
Прва самостојна автобиографска збирка поезија ,,Амфора на љубовта,,2010г. посветена на моите два сина, мотив ми е љубовта што врие во нас, преполна со чувства, блесоци на вистината,тагата испеана од душа.
Втора самостојна автобиографска збирка поезија ,,Животот во пајажина,, која му е посветена на човекот и човечкото опствојување.
Оваа збирка доби две награди ,првата награда на конкурс како необјавена збирка ,,Книжевен светилник,,од Битола, а втора награда како отпечатена збиркава  доби диплома за најдобра отпечатена книга во 2012/2013год.од здружение на ,,Просветни работници и книжевни творци,,на Р.Македонија,,.
Рецензент на книгата е Илија Мерковски од Битола и лектор м-р Разме Кумбароски од Струга.
Трета самостојна автобиографска збирка поезија од ТРИЛОГИЈАТА  на мојот живот и се вика,,Срцето зборува,, која ја посветив ,на моите најмили неправедно одземени со цела дуса олеана о тага и болка .Оваа збирка се здоби  на конкурс како необјавена збирка со награда,,Книжевен светилник,,во 2013г. „Дата Песнопој„од Битола.Оваа книга се здоби и со втора награда- прво место за најдобра поетска збирка на конкурсот од „Клуб на креативциБИТ-Словист„ во Творечки бранувања 2014г. како објавена книга.     
Четвртата самостојна збирка поезија е со мој иновативен  краток стил и форма на пишување за кој дадов предлог а го нареков МАКЕДОНИКУ СТИЛ, аналогно на хаику, со морбидно имеЦрно,црвено ,бело„ Книгата ја посветив на мојата земја Р.Македонија.ЗБиркава содржи мудри пораки со силно притаени чувства на љубов, тага, радост,самостојноста,достоинството,пријателството сето тоа искуствено доживеано или од женски агол секинарано,меморирано и филозофски прикажано како лирска песна. Оваа книга се здоби  на конкурс како необјавена збирка со награда „Книжевен светилник„ во 2014г.од„Дата Песнопој„ во Битола.Која се со наградата Гранд При „Најавангардна поезија„ за необјавена книга во Творечки бранувања –Битола.2014год.како необјавена книга.Сите четири книги беа промовирани пред Кумановската јавност и пошироко.
Љ. Поповска: Кога беше вашата последна промоција,на која збирка поезија,ваш промотор?
Верица Петровска - ПоследнатаПромоција на мојата најнова збирка „Црно, Црвено, Бело„ беше во мојот град Куманово во соработка со НУЦентар за Култура „Трајко Прокопиев„ на 12.04.2016год. за која сум им благодарна.Рецензент: Проф. д-р. Христо Петрески;  Промотор на книжевно творештво на В.Петровска: проф. Наташа Пешевска   Водител: новинар Маја Анчевска, Музички гости: оперски пеач Дарко Тодоровски со придружба на пијано од Анастасија Грговска


Рецензентот во уводниот дел од резензијата рече :Убаво е покрај хаику да се има и македонику. Така размислува и пишува и авторката Верица Петровска од Куманово во својата најнова поетска книга “Црно, црвено и бело“. Навистина, зошто да не, тоа е нов и нејзин термин за краткиот и концизен стил за изразување кој авторката го нарекува македонику по аналогија на јапонското хаику. Не сум сосема сигурен дека ние Македонците сме јадровити и лапидарни, односно прецизни и штедливи на зборовите како Јапонците, зашто сме епски расположени и речиси воопшто не штедиме барем на  зборовите, но има и такви меѓу нас, посебно меѓу литературните творци, кои со посебна љубов, пасија и предаденост се трудат и успеват со минимум изразни средства да постигнат максимум! Во тој и таков манир е испишана и книгата “Црно, црвено и бело“, во која преку педесетина песни авторката настојува да проговори за животот, за љубовта, за мистичното, филозофското... Смртта е неодминлива, дури и низ вечните времиња - вели Верица Петровска, Смртта е неодминлива, дури и низ вечни-те времиња пишувајќи за бескрајот и бесконечноста...
Проф. д-р Христо Петрески

Љ. Поповска: Негувате нов стилна пишување Македоникум. Како дојдовте на идеја?
Верица Петровска - Прифаќање, негување и моето залагање на новиот иновативен стил и форма за пишување на поезија ,,МАКЕДОНИКУ,,во иднината ќе го црпам  од Македонската книжевна јавност преку дополнувања во следните настани :
·         Презентирање на мојата најнова збирка „Црно, Црвено, Бело„ во мојот град Куманово во соработка на НУЦКуманово „Трајко Прокопиев„ на 12.04.2016год.
·         Преку јавни презентации на мојата најнова збирка „Црно, Црвено, Бело„ во библиотеките и НУЦКултура повеќе градови во Р.Македонија во соработка со НУЦКултура „Трајко Прокопиев„и другите Центри.
·         Трибини на наставниот и сручен кадар по македонски јазик на факултетите, училиштата и здруженијата кои се залагаат за пишаниот книжевен збор ,проза ,поезија.

Идеен творец на „МАКЕДОНИКУ„- (причина и основа за идеја)
Некаде во септември 2008 год. дојдов на идеја да пишувам Хаику, прво добро разгледав  како се пишува, што треба да содржи и опишува.така моето прво Хаику беше вака :
                        Седи сега бело,
                         мало маче на каче
                         тивко плаче.
Прво ми беше непријатно, на мене самата, заради содржината и начинот на кој требаше да го напишам ХАИКУТО во слогови и стихови. Дефинитивно донесов одлука:
- Оваа не е мој прифатлив стил на кој јас ќе пишувам                                 
Така напишав неколку кратки повеќе филозофски песни со јака порака кон пошироката литературна јавност на основа на моето согледување. Мојата лекторка па потоа рецензенка професорка по македонски јазик во гимназија,,Гоце Делчев,,-Куманово проф. Лидија Тасевска рече: Песните ти се добри, содржајни, доста поучни и мудри.
Во ноември 2010 год.пред да ја обработам  компјутерски новата збирка дојдов до идејно решеније да овој начин на пишување на поезија го наречам со ново име  Проект - „МАКЕДОНИКУ„ песна со нова форма и стил  Разлика помеѓу поезијата ХАИКУ  и МАКЕДОНИКУ  (мој пример)
Хаику поезија потекнува од Јапонија. Тоа лирска песна или поточно слика ,впечаток со емотивна содржина за ситните нешта во во одреден момент во природата (нејзините процеси и феномени) што го опкружува творецот на Хаукуто. Хаику се состои од три стиха и 17 слога по пет во првиот и третиот стих, а седум слога во средниот.
Заради ваквата структура поретко се прифатени од страна на книжевните творци и  преведувачи во Македонија и  Европа .Тоа претставува МОЈА причина аналогно на Хаику, да иницирам и предложам на Македонците да си имаат свој препознатлив стил и форма која нема да го оптеретува со бројки на слогови и стих.
Предлог содржина поезија со ново име кој го нареков  ,,МАКЕДОНИКУ,,-
 нова форма и стил на пишување со 5 точки:
            Концизен стил на изразување
            Да има најмалку три а највеќе десет стиха
            без точен број на слогови во стих
            Да искажува јака мудра порака и силно чувство на љубов, тага,радост искуствено од доживеаното.....
            Да искажува филозофско мислење по видувања на нештата..(природата, љубовта ,животот)
Љ. Поповска: Кои награди сте ги добиле за вашите збирки песни? На кои поетски читања сте настапувале?
                                   
Верица Петровска - Предходно беа кажани наградите за самите книги ,но имам награда за песна-До сите жени –мајки-второ место во Битола. Имам многу  благодарници за настапи, бидеќи имам настапувано скоро на сите поетски читања низ целава земја за овие 10год и тоа во: Скопје ,Гостивар,Илинден, Кичево, Демир Хисар, Кочани, Битола, Охрид,Велес, Прилеп,С.Нагоричане и мн.др.Два пати конкуривав со двете книги на Меѓун.Манифест „Поетските Стришски Вечери„-Струга во  2015год со „Срцето зборува„ и во 2016год.со четврта збирка за наградата „Браќа Миладиновци„.
Љ. Поповска: Од кога почнавте да пишувате?
Верица Петровска - Со поезијата се започна обично, со првото заљубување и сонет„Елегија за тебе „1978год.Но не помислив дека некогаш навистина ќе се бавам се бавам со поезија, го пробудив поетот во мене од 2004год.,станав сликар на внатрешноста на душата и умот,на болката, на несопирливата тага по најмилите, на недостижната љубов сто врие во нас и на сте притаени чувства, но исклучиво  кога беа преголеми чувстата го запишувам  неповторливиот момент,како неповторен стих сто излегува од срцето само така и само тогаш.
Љ. Поповска - Што значи поезијата за вас ?
Верица Петровска - Поезијата е излез со книжевен јасен став за непроценливата вредност на љубовта, на дигнитетот на човекот човечкото битие на повисоко ниво со сите човечки карактеритики и покрај се непроменети во вртлогот на животот.
Поетот во мене секогаш на моите промоции вели-јас сум човек со душа, обичен сликар на сите моменти кои се околу мене и во природата, сите случување доживеани или забележаани и меморирани од кои извлекував поучни мисли пораки. Моите збирки поезија секогаш се „големи„ мудри писма адресирани до љубителите на пишаниот поетски збор, на кои секогаш имам повратни одговори.
Љ. Поповска:.Која е инспирацијата во вашите песни?
 Верица Петровска - Инспирација е се околу мене од агол на женско око што предизвикува  силно чувство во моите гради, во моето срце и мозокот, тогаш ја запишувам мислата ,стихот и навистина е јака која пробудува желба да читателот размислува долго.Моето мото и поетска порака е секогаш јасна и недвосмислена:Повеќе љубов меѓу луѓето,,повеќе смисла, а помалку хаос и безредие во животот.
Љ. Поповска: Која е врската меѓу вашата професија машински инжинер и поезијата?
Верица Петровска - Професијата маш.инжинер ми беше прва љубов која навистина многу ја сакав и кој доста добро ја одработив,бев признена како добар ,одговорен стручен работник во полето на машинство. Втората љубов ми постана и сеуште е поезијата која ми е извор на кислород за дишење.Јас лично не гледам некоја поврзаност само реални ставови и одговорности.
Љ. Поповска:  На што сега работите ?
Верица Петровска - Во моментот работам на на две збирки поезија кои се скоро готови,еден роман кој е почнат пред 9 години .,збирка на мудри мисли и нумеролошка книга.
 Љ. Поповска: Една ваша омилена песна.
 Верица Петровска - Како поет немам најомилена песна, но една со која секогаш настапувам е меѓу првите творби и една песна МАКЕДОНИКУ -стил 


ВЕЧЕРВА
Вечерва ,
метеорите ја пееја,
својата химна на небото,
додека гореше
земјата.
Вечерва ,
јас останувам сама,
да правам
песочни пирамиди,
да го слушам
созревањето на птиците,
додека кртиците
прават катакомба,
под моите нозе.
Вечерва,
го напуштам
можеби засекогаш боиштето,
за да одам,
во црвенилото на сонцето,
а оставам ,
запалени стогови
на своето
разрушено срце.
           



 ОТУЃУВАЊЕ
                        Ти,
                        ја имаш светилката.
                        Јас,
                        ја имам светлината.
                        Зошто,
                        не ни е осветлен,
                        доволно патот?...
                        Зошто патот упорно ни бега?..


 Interview with Verica Petrovska 
Interviewer - Ljubica Popovska
 Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment