Олга Наумовска - поет, романописец, уредник, текстописец, рецензент, претседател на здружението “Златно перо“ Битола
Љ.П - Која е Олга Наумовска, кои се
твоите почетоци во областа на литературата,со оглед на тоа што пишуваш уште од
малечка?
О.Наумовска -Олга Стојчевска, Наумовска (Гаштер) родена во с.Дедебалци,
Битола,а
потеклото ми е од Егејска Македонија од Фамилијата Гаштерови. Средно образование завршив во СОУ- Гимназија,, Браќа Миладиновци" во
Битола а потоа продолжив на,, Правниот
факултет" при универзитетот Кирил и Методиј - Скопје. Со пишување се
занимавам уште од прво одделение.Прва објавена песна ми е ,,Снег" во списанието Другарче.Член бев на
литературната секција во основното училиште ,,Иван Горан Ковачиќ"
, член на хорот,член на пејачката група ,,Китка" член на рецитаторската
секција,член на играорната група,солопеење,член на драмската секција во
основното училиште каде одлично го глумев главниот лик, ликот на Мара во ,,Парите
се отепувачка"од Р.Крле. Два пати наградена за најдобар ученик во
основното училиште,,И.Г.Ковачиќ " ,а како средношколец член на клубот
,,Стале Попов" член на геогравската секција во гимназија,,Браќа
Миладиновци" член на фотосекцијата во средното училиште,член на литературната секција,член
на ,,Книжевна младина" завршив курс ,,Младинска политичка школа", претседател на младина во своето родно место, ,,Курс за надзорништво",,Курс по
информатика", учесник на повеќе литературни читања од забавен карактер,и освоени неколку награди за песни,,Горан збори“ –втора награда
меѓуградски литературни средби,,,Плачот на Дамевата мајка“ - прва награда ,објавена во Школско списание,и ,,Плачам“
–претставник на средношколска младина на
поетските средби во ,,Офицерски“, и гостин во Радио Битола за промоција на
истоимената песна, и претставник на студентска младина и објавуван моја поезија
во студенски весник„Индекс“ на Правниот факултет.
По долга пауза,ако не се смета
пишувањето на раскази и песни за деца за ученици на кои сакав да им помогнам за подготовка за писмени работи како дел од
школската програма,за кои секогаш беа високо оценети,сакав да им помогнамза нивното креативно
пишување,затоа што забележував во нив талент и потенцијал за поетска
дарба,пишував и реферати за патрониот празник на училиштето како и за „Илинден“
еден голем наш национален и православен празник.Редовни ги читав сите лектири
кои беа застапени во школската програма,што ми даваше уште повеќе инспирација
да пишувам поезија и проза во вид на краток расказ.
Љ.П - Момент што ви
останал во сеќавање од детството?
О.Наумовска - Бев четврто одделение кога ме повикаја да читам мој расказ кај осмоодделенци
кои навистина за жал сите ги расплакав,и уште еден пример кога публиката ја
доведов до солзи кога ја рецитирав поемата ,,Јама“ од Иван Горан Ковачиќ познат
Хрватски поет,најпрво јас почнав со солзи да рецитирам а потоа и публиката,
откако завршив со песната имаше голем аплауз и целата публика скандираше.
Љ.П - Како дојдовте до издавање на
Меѓународна Антологија,по кој повод?
О.Наумовска На 23-ти април, денот кога светот го напуштија двајца великани во
книжевноста, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, секоја година се слави како
Светски ден на книгата и авторските права.Како претседател на
Здружението за наука култура и литература „Златно перо“- Битола,имав задача и
обврска да ја согледам заедно со мојот стручен тим важноста на пишаниот збор а објективноста во
одбрана на авторските права,се обидовме да го маргинилизираме овој ден а со цел
сплотеност и единство на авторите од повеќе земји кој ќе го финализираме со
проектот „Меѓународен конкурс за поезија“. Во овој Меѓународен зборник како
проект на Здружението „Златно перо“- Битола,зедоа учество автори од
Македонија,Србија,Хрватска,Германија,Австрија од скандинавските земји Шведска
како и од Австралија.
Љ.П - Која е вашата цел да издадете
меѓународна антологија од автори од повеќе земји,какво е чувството да се
соработува со поети кои се сметаат за луѓе со кревка чувствителна природа?
О.Наумовска - Најпрво ќе кажам КАКО ДО ,,СИМФОНИЈА НА СРЦЕТО“,а потоа за
„СИМФОНИЈА НА СРЦЕТО 2“,за третата
меѓународна антологија „ЦРВЕНИ РУЖИ“наредна прилика
О.Наумовска Членовите на ФБ.групата Литературен Клуб,, Браќа
Миладиновци“, ,песните кои ги творат ги публицираа
во едно заедничко литературно дело,кое ќе остане како трајна вредност во рамките
на Македонската поезија,поддржана од автори на соседните Балкански
земји,Србија,Босна и Херцеговона,Хрватска,како и автори од Европските земји Австрија и Германија,и aвтори членови на Литературниот
клуб ,,Браќа Миладиновци “ од Мелбурн, Австралија.
Поетско и книжевно соѕвездие со
инспиративна моќ, што никого не остава рамнодушен,закитено со стихови излеани од
длабочината на поетските души,со исти жар секогаш со боја на виножито.
Ова поетско дело од чии рамки извира сензибилитет преточен од поетските
души со медитерански сјај,исполнет со возбуда.Замислено како збирка поезија од
група автори,прерасна во ,,МЕЃУНАРОДЕН ЗБОРНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“-здружени
ФБ.пријатели,прв од ваков тип на литературно дело,во земјава и РЕГИОНОТ.
Единствени и ненадминливи,единство во различноста што му дава посебен
белег на ова литературно дело,симфонија
од стихови,без ноти и клавирот на животот со црно и бело.Во јадрото од овие
творби,од 57 автори се забележува хармонија и духовен сјај, симфонија на душата
што читателот ќе го доведат на работ на возбудата, и алчноста по трката за
неостварени скриени желби, што секој ги носи во себе.
Уште во 17-век Францускиот драмски писател
Корнелие пишува: Љубовта е тиранин кој никого не поштедува.Токму љубовта е
основна тема на сите овие 116 песни што го сочинуваат овој зборник.Сите
автори со различен профил на
подготвеност и генерациски,но слични по идеи и чувства здружени да ја исплетат
оваа синхронизирана плетенка од стихови,која доведува до раскош на умот и
менталниот комплекс ,чувство на среќа ,радост,исполнетост...
Сон на секој автор е да биде
прочитан,неговите творби да се публикувани,и останат како трајно богатство во
областа на културата и културното богатство на земјата.Секоја песна бара да
биде запишана,бара читање,станува привлечна кога ја погледнеме нејзината
надворешна структура,а поразбирлива кога ја откриеме нејзината внатрешна
убавина.Кон групата 43 автори од Македонија се придружија автори од соседните
Балкански земји 8 автори, од Европските земји
4 автори и 2 автори од Дијаспората...
Никој нема да остане рамнодушен штом го
прочита овој шаренолик фолдер во кој поетите пејат за љубовта,за среќата, за
миг ќе го однесат читателот во светот на цветна градина,да се одмори да собере
енергија и смисла за животот,да се избришат сите темни ќошеви од душата.Овој
меѓународен зборник на Македонски јазик, изобилува со сензационалност и
автентичност,се среќаваме со песни кои ќе те одведат до една вртоглава прошетка во соништата на посакуваната љубовна
романса.
Авторите тоа го направија на свој начин,по
свој стил,како што доликува на вистински уметници,затоа што уметниците не знаат
за граници.
Фантастични љубовни приказни насликани со зборови,во кои љубовта е основен
темел на еден посебен свет, со многу
чувства и емоции и сето тоа излеано во стих,стиховите во песна,за душата за
срцето,песна над песните,собрани во овој фолдер, под името ,,СИМФОНИЈА НА
СРЦЕТО“.
Да се биде во орото меѓу ѕвездите
е привилегија и виза за ново поетско воздигнување во рамките на
современата Македонска поезија,која светот го носи со себе,во сите органи,во
клетките кои неуморно ткаат тканина шаренолика,извор на нов опев,на нов
врисок,што ќе достигне до сетилата на вљубениците на пишаниот збор,но и до
вљубениците на животот,зашто животот е убав низ песна. Ете така е погледот во
светот на уметничките души,уморен од разноликоста,но со сегмент на убавото во
меѓусебните релации меѓу индивидуите.Таа градација на поетското во сите нас ,первертирањето
преку песните,преку различни стилови и жанрови, во кои се пронаоѓаат многумина
во ова поднебје,записи за сечиј вкус разноликоста која уште повеќе му дава
вреднување на овие поетски творби. Тоа го можат и знаат на свој и својствен начин
вешто креирајќи ги песните за душа.Кога ќе се прочитаат овие записи,многумина ќе мислат дека ја прочитале
интимата на поетските души,но не тие ја опишаа тајноста на многу мина околу
себе,успеваат на некој начин да навлезат во подсвеста и да одкраднат од нивното
тајно минато, сегашност или иднина и сето тоа да го прикажат преку својот
лик,преку своето јас. Но сепак тој амалгам,соединение од милиони карактери,и
личности како делови од овој свет,свет кој се обидуваме да го носиме во себе и
со себе, кога проговорат свеста и подсвеста, импресиите тие само ќе го
навезат на лист бела хартија,со своето перо што неуморно танцува во ноќта во
рамките на Македонската поезија ,во служба на Македонската кауза.Тој креативен
потенцијал во себе,и внатрешните пориви од длабочината на душата прават едно
заедништво пренесено на хартија во вид на поетски
запис,безвременски,вечен,внесувајќи ја читачката публика во игривоста на
песните од мугрите до залезот на шареноликиот фолдер ,,СИМФОНИЈА НА СРЦЕТО“,
шепот на душата од автори наМакедонија,Босна и Херцеговина,Хрватска,
Србија,Австрија,Германија и
Австралија.
Љ.П - Кажете нешто повеќе за ,,Симфонија
на срцето 2“каков жанр на песни има во оваа антологија?
О.Наумовска По Маѓународниот зборник „Симфонија на срцето“-
Меѓународен зборник на Македонски јазик,успеавме да издадеме втора меѓународна
збирка „Симфонија на срцето 2“- каде авторите пишуваат на својот мајчин
јазик,во тој зборник има песни на
Српскохрватски јазик,а и песни препеани од Српски на Македонски јазик.
Овој проект има
далекусежно значење во развојот на Македонската литература и култура
воопшто.Творбите од авторите од соседните земји ќе придонесат и овозможат
обогатување на книжевната ризница,од која што нашата читателска публика ќе
осознае нови хоризонти,нови култури кои ќе овозможат доближување до нашата
култура и литература,давајќи им поттик на останатите генерации за потребата од
соработка со автори со различна култура,традиции и обичаи.Авторите пишуваат на
својот мајчин јазик,кој е најважниот атрибут за творење на книжевни дела,кои се
како личен документ за постоење на една нација која има и свој сопствен јазик,а
со самото тоа и своја култура и историја.Оваа меѓународна антологија со
инспиративна моќ,и мултимедијален белег на повеќе народи,ќе доведе до
зближување на повеќе култури,на народностите.
Сон на секој поет е
да ги пренесе стиховите на хартија и истите да бидат читани и преведени на
повеќе јазици.Оваа антологија од здружени поети ќе доведе до ново поетско
воздигнување во нашата литература.Љубопитноста на авторите да навлезат во
приватноста на човечката природа,на свој начин преку уметнички слики
формулирани од стихови да го доведат читателот да ги вреднува и му даде посебно
место,во уметноста на книжевната ризница,која како стимулс за нови хоризонти и
видици, во областа на литературното творештво.Фантазијата на авторите е
неисцрпна,вечна и вечно постои како непресушен извор.Поетот како толкувач на
соништата, успева да даде слика за животот како изгледан филм а потоа да
подискутира за разликата во нијансирањето на
одделни епизоди.Животот е како изгледан филм,штом ја погледнеме
последната епизода приемникот се исклучува,не ни дава можност да ги поправиме
грешките,и секоја по себе е единствена и неповторлива.Колку е племенита
поетската природа,како рефлексија на суетата, умее да се радува ,да жали,да
открива нови хоризонти да го допре небото,ѕвездите,месечината,да разговара со
сиот животински и растителен свет,со реките и планините,да допре до сиот универзум преку своето перо.Поетската душа ранлива и
кревка,неуморна и амбициозна,заминува во другиот свет оставај ќи ги своите дела
како дар на генерациите зад себе.Тие никогаш не умираат, вечно ќе живеат
нивните имиња и карактери.Внатрешниот трепет на авторите низ
сатирични,лирични,патриотски и љубовни стихови излеан на харија во една
заедничка Меѓународна антологија „СИМФОНИЈА НА СРЦЕТО 2“.
Книгата „Симфонија
на срцето“,исткаена од стихови на даровитото перо од авторите ме инспирира на еден умешен и
својствен начин по мој стил да направам експлозивен спој меѓу стиховите од
песните на сите автори учесници кој ќе остави впечаток на еден примамлив запис
кој ќе го одземе вниманието на љубителите на пишаниот збор,кои ќе бидат одлучни
по прашањето дали да го прочитаат ова литературно дело насловено како
„Симфонија на срцето2“
Љ.П
- Што е ваша професија моментално,освен како писател,со што се занимавате и кои
се дела имате издадено?
О.Наумовска Јас сум претседател на Здруженоеето за
наука култура и литература „Златно перо“-Битола , со оглед на тоа што нашата работа бара
голема ангажираност,посветеност и трпение кога е во прашање издавање на некоја
публикација,или организирање на културни манифестации,екскурзии со наши членови
на здружението,соработници и љубители ,се снаоѓам да најдам време да одвојам за
издавање на лично моја публикација,имено автор сум кој пишува за деца и возрасни, поезија прозни текстови,раскази,романи,колумни
,есеи,текстови за новокомпонирани песни за деца и возрасни,каде имам освоено и
повеќе награди.
Текстови за
интернационалниот музички фестивал СИДО 2014 год.,учесник на „Радика
фест“,како текстописец,учесник на „Кавео фест“ како текстописец, за поезија
втора награда со песната „Жено“, околу 18 текстови на новокомпонирани народни песни,7 текстови на
песни за деца од кои 6 се отпеани песни До сега имам објавено повеќе збирки поезија за деца и возрасни.
Самостојни дела во Е-форма
1.Касијана - поезија за деца Е- Форма 2013год.
2.Весели
штурци – раскази а деца Е- форма 2013год.
3.Поетски
блесок 2013год.(поезија освои прва награда
„Книжевен светилник“)печатена и Е- форма
3.Љубовни
акорди – поезија за возрасни Е-форма 2016год.
5.Патишта
2014год. – (роман награден „Книжевен постамент“
Како коавтор во повеќе антологии
1.Све
боје лета - меѓународен зборник од
Белград 2014год.како коавтор
2.Испод
дуге – меѓународен зборник Белград- 2014год.како коавтор
3.Антологија
фејзбук песника – Култура снова Загреб 2014год.коавтор
4.Поетска
харфа 2 –издание на Скопје 2014год.(Македонска поезија) коавтор
5.Поезија
за душа – 2014год.коавтор
6.Поетска
везилка 2014 - Прилеп,(одбрани песни)
7.Поетска
везилка 2015 - Прилеп,коавтор
8.Творечки
бранувања - Битола 2014год.коавтор со проза и поезија
9.Симфонија
на срцето – Битола 2014год. Уредник,рецензент ,коавтор
10.Распеано
славејче –коавтор,уредник ,рецензент и издавач 2015год.
11.Симфонија
на срцето 2 – 2016год.уредник,рецензент,коавтор и издавач
12.Зошто
ја сакам македонија 2016год.-коавтор
во збирката раскази,уредник и рецензент,издавач
13.Црвени
ружи 2016год.–уредник рецензент
,коавтор и издавач
14.Антологија „Песнички конкурс 2015“(на
Српско-бугарско здружение) - Нови Сад ,коавтор во Меѓунаридна антологија
15.Антологија „ТОПЛА
РЕЧ 2 “ 2016год. (на
Српско-австралиско здружение) коавтор,Меѓународна антологија
16.Звездани
колодвор 2015год.(како дописник
на весникот објавувам моја
поезија)
-
Арсеник фанзин 2014год записи ,поезија
17.Антологија„Песнички
конкурс 2016“- Нови Сад,коавтор
1.Весела
дружина - 2015год.- организатор на награден конкурс, уредник
,рецензент и издавач, на
збирка поезија од ученици
2.Божиќна
антологија- 2016год– организатор
на награден конкурс, уредник,рецензент, Е- форма збирка поезија од ученици
3.Песнички
за душа - 2015год. –организатор на награден конкурс, уредник и рецензент на
збирка поезија од ученици,во Е- форма
Објавувам поезија во повеќе странски и домашни електронски и печатени
медиуми
Текстови за Интернационалниот музички
фестивал СИДО со песните
1.Сонот
на Давид 2014год.текстописец
2.Самба
2014год- текстописец
3.Нова
година 2014 год.-текстописец
4.Мачорот
Тошо 2015год. -текстописец
За Радика фест како текстописец на две
наградени песни од стручното жири
1.Јана
2015год.
2.Баба
рада2015год.
На Канео фест – Охрид прва награда за
песната„Афродита“ 2015год.
Повеќе наградени
песни поезија,претседател на здружението за наука ,култура и литература „Златно перо“- Битола,уредник и
рецензент на повеќе Меѓународни
збирки поезија , „Распеано Славејче“,,Црвени ружи“ и „Симфонија на срцето “ како и „Симфонија
на срцето2“и проза и основач на ЛК„Браќа Миладиновци“
ФБ.група,и организатор на „Работилница за
креативно пишување“во рамките на „Школа
за млади литерати“.
Во ракопис,спремни
за печатење се:
- Романот „Љубов
или богатство“,2016год
-стихозбирката за возрасни „Девојката соскршено
срце“ 2016год.
-збирката поезија за
деца „Поточиња“2016год
-Бајка од
моето детство, „Малата Касијана“
Љ.П -.Моментално
што работите во областа на културата и литературата?
О.Наумовска А оваа година за прв пат сум организатор
и координатор на поетски фестивал,а имам зацртано да остане како традиционална
манифеставција која ке биде секоја година со автори од нашата земја и
пошироко,со тоа што ќе биде организирано два вечери,првата вечер читање а
втората вечер доделување на наградите на најуспешните автори односно за
најубавите песни кои ке бидат со темата „Илинден“ Илинденски поетски средби“
под мотото ,,Вино
и поезија“ на кој зедоја учество голем број автори но со одлука на жири
комисијата во потесен круг влегоја само 15автори , што не е голема
бројка со оглед на тоа што е поезија доволно е и толку учесници.За жал не можеа
да присуствуваат сите автори беа спречени од необјаснети причини,но ние како
организатори успеавме да ги доведеме сите работи во ред,ги читавме и песните на
тие кои беа отсутни,но и друга причина беше и затворањето на Фестивалот
,,Илинденски денови“,така да двата настани се поклопија истовремено што е тука
е, ние сепак уживавме во Хотел - Ресторант „CITY SHOUSE” od 20h -21,30h низ музика вино и поезија.Нашата
манифестација навистина е за поздравување успеавме да го прославиме
православниоти и национален празник „Илинден“ со стихови посветени на овој
празник кој е од големо значење за нашата култура и историја.Нашиот настан
мал,но голем по значење ќе остане запаметен,и за генерациите после нас.
Љ.П - Имате ли други планови понатаму?
О.Наумовска Уште нешто кое навистина е за
поздравување нашиот проект тука не завршува.Како здружение сакаме да им
помогнеме на луѓето од ранливата категорија,да ја слушнат нашата поезија на
луѓето кои не знаат дали сонцето свети или месечината, на луѓето кои постојано
гледаат мрак пред себе,на лицата со оштетен вид.Тоа е моја идеа која ја поддржаја
членовите на Здружението„ Златно перо“
и се надевам за брзо ќе ги издадеме песните во аудио касета,а за тоа потоа ќе
ве известиме и ќе дадеме објаснување за текот на нашиот проект.
Љ.П - Имавте
проект поетска работилница,кажете нешто повеќе
О.Наумовска Да,минатата година зедовме учество како здружение ,односно како организатор „ Работилница
за креативно пишување“ ,во Битолско културно лето „Бит фест“, во рамките на „Школа за млади
литерати“ , за ученици почетници за креативно пишување на која младите имаја
можност да слушаат неколку денови предавања и на крај практично покажаја со
нивната заедничка песна ....На крајот од работилницата на учениците им
поделивме сертификати. Работилница
за ,,КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ“ (LITERA ARTE),во рамките на ,,ШКОЛА ЗА МЛАДИ
ЛИТЕРАТИ“-Здружение „ЗЛАТНО ПЕРО“ Битола дел од ПРОГРАМАТА НА БИТ ФЕСТ ’15 –БИТОЛА
НАШИТЕ МАЛИ ПОЕТИ
: Ана , Христина, Вики,Јана,Андреја,
Николина,и Леон ја напишаа оваа песна
Николина,и Леон ја напишаа оваа песна
МОЈОТ СВЕТ,ДЕТСКИ СВЕТ...
Дете сум,сакам да играм
пејам,да се смејам
Детскиот свет е како бајка,
мене ми е како мајка.
Детската радост е повеке од злато
за тоа ние имаме право...
Детската смеа е како весел ѕвон
детскиот свет е како бајка од сон,
Игра ,песна некаде
детскиот свет насекаде
Низ цвеќиња да се шетам
како ѕвезда да светам...
Во детскиот свет е радоста,
биди среќен и уживај
Детската фантазија е голема како слон
а детските мисли тежат
еден тон.Дете сум,сакам да играм
пејам,да се смејам
Детскиот свет е како бајка,
мене ми е како мајка.
Детската радост е повеке од злато
за тоа ние имаме право...
Детската смеа е како весел ѕвон
детскиот свет е како бајка од сон,
Игра ,песна некаде
детскиот свет насекаде
Низ цвеќиња да се шетам
како ѕвезда да светам...
Во детскиот свет е радоста,
биди среќен и уживај
Детската фантазија е голема како слон
Разговорот го водеше: Љубица Поповска
Interview with the author, president of "Zlatno Pero" Olga Naumovska
Macedonian timeline
No comments:
Post a Comment