Се подготвува нов документарен филм од Александар Донски:
ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА ВО ВРЕМЕТО НА ИСУС ЖИВЕЕЛА ГОЛЕМА
КОЛОНИЈА МАКЕДОНЦИ!
Во продукција на: Австралиско-Македонскиот театар од
Сиднеј почнаа подготовките за снимање на најновиот историски документарен филм
од Александар Донски под наслов „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“. Ја искористивме
оваа прилика за разговор со авторот.
И.Т - Г-дине Донски, Вие тврдите дека во времето на
Исус во Светата Земја живееле Македонци и дека некои од библиските личности
можеби имале македонско потекло. Врз основа на што го тврдите ова?
Донски: Ова го тврдам врз основа на древните еврејски
извори, но за жал овие податоци се малку познати кај нас. Познато е дека
Македонците делумно или целосно владееле со Светата земја околу 270 години и
тоа од нејзиното освојување од страна на Александар Велики Македонски, па се до
времето од само неколку децении од раѓањето на Исус Христос. По смртта на
Александар, неговите наследници основале голема Македонска колонија во Светата земја која континуирано егзистирала
и во времето на Исус, но и потоа.
Најпознатиот
антички еврејски историчар Јосиф Флавиј кој живеел во 1 век напишал неколку
вредни книги посветени на историјата на Светата Земја. Во нив тој повеќе
десетици пати ги спомнува Македонците. Притоа тој јасно запишал дека Евреите биле (цитат) „под македонско ропство“, како и дека голем
број Македонци живееле во Светата земја вовремето пред и по Исус. Флавиј исто
така јасно посведочил дека Македонците не биле Грци, при што Македонците и
Грците ги третирал како два посебни народа.Во 1931 година познатиот германски
историчар Улрих Вилкен напишал дека пред раѓањето на Исус во Светата земја била
извршена масовна колонизација на Македонци и дека овие Македонци останале да
живеат таму и во времето кога дејствувал Исус, но и потоа. Верувале или не,
Вилкен запишал дека во Светата земја се појавила (цитат) „една друга
Македонија“.Во тоа време во Светата земја постоеле градови кои биле основани од
Македонците на кои им биле ставени македонски имиња, а имало и постари градови
кои исто така биле преименувани со македонски имиња. Натој начин во времето на
Исус во Светата земја постоеле градови со чисти македонски имиња: Пела, Дион,
Макед и други. Овде приложувам оригинална мапа на Светата Земја објавена во
католичката Библија (Загреб, 1983) каде јасно се гледаат градови со македонски
имиња среде Светата Земја во Исусово време. Во употреба бил и Македонскиот
календар и ова секој сам може да го провери.
И.Т - Што друго ќе биде прикажано во Вашиот филм?
Донски: Во овој фасцинантен документарен филм, меѓу
другото, ќе бидат понудени докази дека првиот превод на Стариот Завет од
еврејски на мешаниот јазик коине се случил по иницијатива на еден Македонец.
Преку овој превод Стариот Завет за прв пат станал пошироко познат во светот.
Интересно е и тоа што неколку старозаветни книги биле напишани во времето кога
Македонците владееле со Светата земја, додека делови од старозаветната книга
„Захарија“ практично биле напишани во – Македонија.
И.Т - Што е со престојот на Св. Павле во Македонија?
Донски: Не се само Свети Павле и Свети Лука, туку
имало и други познати библиски личности кои престојувале во Македонија, но за
тоа малку се знае во нашата јавност. Некои од нив се: Свети Петар, Свети
Андреј, Свети Матеј, Свети Јован и други. Практично дури тројца од четворицата
евангелисти кои го напишале Новиот Завет престојувале во Македонија. Во тајниот
ранохристијански ракопис за посетата на првиот Исусов апостол Свети Андреј на
Македонија неколку пати јасно се спомнати Македонците како жители на нашата
земја. Македонците му го спасиле животот на Свети Андреј од разгневените
Римјани. Во посета на Македонија дошла и лично Света Богородица! Во
Биографијата за Света Богородица напишана од светогорскиот инок Стефан
(пренесена од автентични древни извори) постои детален опис за посетата на
Света Богородица на Македонија и нејзините средби со Македонците при што Света
Богородица ја благословила нашата земја. За жал за сето ова малку се знае во
нашата и во светската поширока јавност, но со овој филм оваа неправда ќе биде
исправена.
И.Т - Со што друго Македонците се поврзани со Новиот
Завет?
Донски: Практично делови од Новиот Завет биле пишувани
во Македонија, а првите христијани кои биле христијанизирани на тлото на Европа
биле Македонци. Понатаму, првата христијанска заедница основана на тлото на
Европа била основана во Македонија, а она што е најинтересно е малку познатиот
факт (кој целосно ќе биде документиран во филмот) дека за прв пат во историјата
терминот „христијани“ бил употребен токму за покрстените Македонци!
И.Т - Спомнувате дека некои познати библиски личности
имале македонско потекло?
Донски: Јас само пренесувам релевантни мислења од
странски експерти, за кои исто така малку се знае во нашата јавност. Така, на
пример, според една светски позната енциклопедија, но и според некои
американски библиски истражувачи, постои голема веројатност дека еден од
четворицата евангелисти (автори на Новиот Завет) свети Лука, бил по потекло
Македонец! Во филмот ќе бидат претставени докази и индиции за ваквите тврдења,
како на пример фактот што тој во „Дела Апостолски“ употребил еден
античко-македонски израз (непознат за останатите народи) и други силни индиции.
И.Т - Го спомнувате и јудејскиот крал Херод Велики?
Донски: Да. Во пошироката јавност е малку познато
дека голем број припадници на неговата
династија носеле чисти македонски имиња. Така, на пример, синовите на Херод
Велики се викале: Филип, Александар, Архелај, Аристобул и Антипатер (сите се
имиња на познати поранеш ни античко-македонски владетели), а неговите две ќерки
се викале Олимпија и Роксана (исто како што се викале мајката и сопругата на
Александар Велики Македонски). И самото име Херод има балкански корен, а според
античкиот еврејски историчар Јосиф Флавиј, Херод Велики не бил Евреин, туку
„странец“ кој ги славел боговите од балканската античка митологија. И денес
мнозина ставаат имиња на своите деца според имињата на славни личности од
нивниот народ, па ова може да биде силна индиција во ваквата претпоставка.
И.Т - Спомнувате и фалсификати во некои библиски
преводи во полза на Грците?
Донски: Точно. Некои делови од Библијата вештачки
дополнително се променети во полза на Грците. Во преводот на неколку јазици на
старозаветната книга „Даниел“ вештачки е уфрлен зборот „Грција“, иако во
оригиналниот текст на хебрејски односната земја е наречена „Јаван“ (а не
Грција). Во времето на пишувањето на старозаветната книга „Даниел“ воопшто не
постоела земја или држава што се викала „Грција“. Сето ова ќе биде
документирано претставено во овој филм.
И.Т - Кој е ставот на МПЦ за вашите тврдења?
Донски: Филмот е заснован врз мојата книга „Исус
Христос и Македонците“, која пред дваесетина години излезе од печат токму во
издание на МПЦ (издавачката куќа „Ѓаконија“ под раководство и благослов на
Митрополитот Агатангел). Таа книга одамна ја нема, па затоа сега (во склад со
новонастанатата состојба во медиумскиот простор, кога доминираат електронските
медиуми, а и заради новите генерации), потребно е да се снима филм кој ќе
остане како траен извор на овие вредни информации.
И.Т - На кој јазик ќе биде објавен филмот?
Донски: Главна цел на овој филм е да допре до
меѓународната (но и до македон-ската) јавност. Затоа филмот ќе биде снимен на
англиски јазик со македонски титлови.
И.Т - Кога може да се очекува негова реализација?
Донски: Тоа е неизвесно и зависи од собраните
средства.Денес постојат стотици документарни емисии и филмови кои го третираат
животот во Светата земја во времето на Исус, но во ниту еден од нив не се
спомнати Македонците како жители на Светата
земја! Спомнати се Грците, но не и Македонците, иако Македонците повеќе пати се
спомнати како жители на Светата земја во античките еврејски извори.Време е да
се поправи оваа историска неправда!Време е Македонците да го завземат
вистинското место што им припаѓа во создавањето и историјата на
христијанството!
И.Т - Што имате да им порачате на македонските
патриоти во дијаспората?
Донски: Бидете донатор и овековечете го Вашето име во
овој историски документарен филм што несомнено ќе предизвика големо внимание во
јавноста, а воедно ќе остане и како траен извор со податоци за сите идни
генерации!Името на секој донатор
(поединец или институција) ќе биде
спомнато во филмот со што ќе остане засекогаш овековечено. Ако се има
предвид дека филмот, со текот на времето,
ќе биде виден од повеќе десетици, па и стотици илјади гледачи, еве им
можност и на бизнисмените за донација од неколку стотици долари да добијат
реклама за својата фирма во филмот која ќе биде видена повеќе десетици, па и
стотици, илјади пати, а воедно и да си го овековечат своето име.
И.Т - Како ќе биде дистрибуиран филмот?
Донски: Филмот „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“ отпрвин неколку пати ќе биде емитуван на
позната национална ТВ станица во Република Македонија, а потоа ќе биде ставен
на Јутуб на слободно гледање и дистрибуирање од страна на заинтересирани ТВ
канали и станици. Линкот од Јутуб ќе биде испраќан на многу христијански
институции ширум светот. Сигурни сме дека доколку овој документарен филм биде
промовиран на вистински начин, истиот ќе предизвика голем интерес во
меѓународната јавност со што вистинскиот удел на Македонците во создавањето на
Стариот и Новиот Завет конечно ќе биде трајно прифатен!
И.Т - Каде можат заинтересираните донатори да се
обратат?
Донски: За повеќе информации во врска со овој
документарен филми начините за донирање, можат да се обратат до продуцентот
Душан Ристевски од Сиднеј на е-маил адресите: Dushan@macedon.com ;
macedoniantheatre@gmail.com
или до авторот Александар Донски: adonski@t.mk,
https://www.facebook.com/aleksandar.donski
Самите донации може да се реализираат директно до овие
лица или преку веб-страните за собирање средства на Австралискиот културен
фонд:
https://australianculturalfund.org.au/projects/jesus-christ-macedonians/
Трејлерот на англиски за овој филм можете да го видите
на:
https://www.youtube.com/watch?v=rEwftmUfmgk&feature=youtu.be
Македонската верзија од трејлерот можете да ја видите
на: https://www.youtube.com/watch?v=V_Ut166UQcc&feature=youtu.be
Интервјуто го водеше Иван ТРПОСКИ
Interview was conducted by Ivan Trposki - Sydney
No comments:
Post a Comment