Skip to main content

Posts

Showing posts from November, 2019

УСПЕШНА ПРИРЕДБА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ВИКТОРИСКОТО УЧИЛИШТЕ ЗА ЈАЗИЦИ

Учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Викториското училиште за јазици, во Keilor Downs Seckndary college, се претставија со прекрасни приказни, рецитации, песни, ора и драматизации на кои публиката не остана рамнодушна. Уште еден доказ дека учењето на Македонски јазик многу им помага на најмладите да комуницираат со своите најблиски дома и во Македонија но и се надополнуваат со знаења за историјата и културата. Честитки за родителите кои ги охрабруваат децата да ги посетуваат часовите и ја поддржуваат програмата во Викториското училиште за јазици. Децата преку своите настапи ја пренесоа главната порака - да се чува, негува и пренесува јазикот како наше културно наследство и обележје на сите генерации, насекаде во светот.

ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКАТА ПРОДУКЦИЈА БАБА БЕГАЛКА ВО СИДНЕЈ

Минатата недела на 3 ноември во театарот  St George Bank Auditorium  во Когра (предградие на Сиднеј), Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со австралискиот хор  Georges River Voices  успешно на сцена ја постави двојазичната музичка комедија „Баба бегалка“ од драматургот  Душан Ристевски.  Режијата беше на  Душан Ристевски и Лара Мабеи,  а музички директор и аражманот на хорските песни беше на  Мари Ле Брун.   Македонската и австралјанската публика имаа можност да видат една квалитетна двојазична продукција: драма пропратена со традиционални македонски песни во хорска изведба. Не само квалитетот што беше на високо ниво туку и се види иноваторството кое се одвиваше на сцената како сплет на некоја добра орска кореографија. Преку комичните сцени, авторот успеа не само да не насмее туку и да ни пренесе некои важни пораки од животот на сите тие што се наоѓаа на сцена (на луѓето од одминатите години) преку изведбата, дијалогот и нара...