Skip to main content

Posts

Showing posts from June, 2026

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД 77“ ВО СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави јунскиот бр. 77 од списанието „Повод“ кое е наменето за литература и култура.  Новиот број на сисанието „ Повод 77“   е издание за литература, култура, историја и општествени прашања. Него го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. Бројот 77 на списанието „Повод“ е посвете на познатата поетеса Mилица Паулус. Таа е македонска писателка и поетеса, родена во Кавадарци, а долги години живее и твори во Германија. Милица е двојазичен автор, пишувајќи на македонски и германски јазик, со богато творештво насочено кон возрасните, но и кон децата и младината Mилица Паулус е член на Друштвото на писателите во Германија, член на Германската академија за писатели, член на Здружението на просветни работници. Исто така, таа е мотиватор за пишување и читање, организатор на литературни настани, литературен агент и литературен критичар. Повеќе децении го негува и афирмира македонскиот јазик и литература...

ИСТОРИЈАТА ВО СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА

Постојат изреки: "остави го минатото, не е важно, гледај во иднината", "Минатото не носи ништо ново" - но сите родиле во минатото, израснале во минатото, поставиле темели, се изградиле себе а помогнале и на други. Минатото е исто толку важно ако не и повеќе, како и сегашноста, која еден ден ќе биде "минато" . Во тоа минато се родила сегашноста и чекори кон иднината. Без минато и стекнати искуства не се постигнува многу затоа што помага многу да се разјаснат многу работи. Тоа е како удобна топла перница каде секој еден ден сака да се наврати затоа што се чувствува удобно во доживеаното. Таму ќе ги разврзе мислите, ќе се потсети што било и што може да биде понатаму, што се згрешило а како може да е поинаку денес и во иднина. Историчарите често се прашуваат: каква е употребата или релевантноста од изучувањето на Историјата? Зошто е важно што се случило одамна? Одговорот е дека историјата е неизбежна. Го проучува минатото и наследствата од минатото во сега...