Skip to main content

ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКАТА ПРОДУКЦИЈА БАБА БЕГАЛКА ВО СИДНЕЈ

Минатата недела на 3 ноември во театарот St George Bank Auditorium во Когра (предградие на Сиднеј), Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со австралискиот хор Georges River Voices успешно на сцена ја постави двојазичната музичка комедија „Баба бегалка“ од драматургот Душан Ристевски. Режијата беше на Душан Ристевски и Лара Мабеи, а музички директор и аражманот на хорските песни беше на Мари Ле Брун.
 Македонската и австралјанската публика имаа можност да видат една квалитетна двојазична продукција: драма пропратена со традиционални македонски песни во хорска изведба.
Не само квалитетот што беше на високо ниво туку и се види иноваторството кое се одвиваше на сцената како сплет на некоја добра орска кореографија. Преку комичните сцени, авторот успеа не само да не насмее туку и да ни пренесе некои важни пораки од животот на сите тие што се наоѓаа на сцена (на луѓето од одминатите години) преку изведбата, дијалогот и наративот на Хелен, директорката на домот за старци. Ова беше една грандиозна театарска изведба со екипа од 24 уметници, прикажана со голема страст со врвни актери и хорска изведба на Georges River Voices. Се потврди она што се рекламираше дека драмата Баба бегалка е оригинална музичка театарска изведба преку која се експлоатираат аспектите на животот во старски дом, животот и љубовта во изминатите години на животот.


Покрај тоа што повеќето од улогите ги толкуваа Македонци, некои улоги покрај хорската изведба им беа доделени и на Австралјанци кои така умешно се вкломија со македонскиот тим. Хорската изведба на „Јовано Јованке“, „Македонско девојче“ „Не се бели Маре море“ ја воодушеви публиката, поготово што изведбата беше од австралјанци кои покажаа дека она што е убаво треба да се негува. Целата хорска и театарска изведбата беше на високо ниво, посебно водена од актерите Лара Мабеи, Јаворка Котевска, Никола Апостоловски и на помладите Антонио Нешковски и Стефани Тодоровски како и на дебитантите Рубин Нешковски и Елена Домазетовска. Покрај нив другите улоги ги толкуваа Дана Сампат, Сали Билијамс, Гоце Јовановски, Александар СтојковскиСпасија Огненовска, Стефан Нешковски, Сара ХајдСандра ШилсонАманда ЛуИнгрид ГелисенМакедонка НаневскаКарен Винцент СпенсаРозмари КупаЛаура Харта, Сузан МилгатЃорѓи Стојчевски, Тоде Пашовски, како и кучето Ахил.

Како што сум информиран од Театарот, вечерта публиката го искажа својот глас и за најдобар актер ја избра Јаворка Котевска која ќе го добие признанието Александар Македонски за глума. Честитки до Јаворка и сите членови на двата тимови како и на авторот Душан Ристевски кој заедно со Лара Мабеи дебитираа со режијата и покажаа дека ваквите соработки можат да дадат врвни плодови на македонскиот културен план во македонската заедница во Австралија.

Театарот до последно место беше исполнет и поради побарувачката на публиката, Театарот одлучи драмата повторно да ја прикаже на 1 декември со почеток во 5 часот во театар St George Bank Auditorium во Когра. Убаво е да се спомне дека на театарската претстава на местото на градоначалникот на Georges River City Council присуствуваше градскиот советник Луи Коњарски, кој е од македонско потекло.
Иван Трпоски
Last week on 3 of November at the St George Bank Auditorium in Kogra, Sydney, the Australian Macedonian Theater of Sydney with the Australian choir Georges River Voices successfully staged the bilingual musical comedy "Grandma elopes" playwritten by Dushan Ristevski. The comedy is directed by Dusan Ristevski and Lara Mabei, music director and arrangement of the songs was done by Marie Le Brun.

Macedonian and Australian audiences had the opportunity to see a quality bilingual production: a play accompanied by traditional Macedonian songs in choral performance. Due to it's popularity and audience demand, the Theater decided to show the play again on 1 st of December at 5 pm at St George Bank Auditorium Theater in Kogаrah. It is good to mention that the theater performance at the Georges River City Council was attended by city councilor Louis Konjarski, who is of Macedonian descent. See you there...
Повеќе фотографии:



Comments

Popular posts from this blog

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...