Skip to main content

ЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН


За думата, за јазикот наш насушен
Зборот може да се изгуби како град,
како земја како душа.
А што е народот, ако го изгуби јазикот земјата душата?
Не земајте ги туѓите зборови во своја уста.
Земеш ли туѓ збор, знај дека не си го освоил,
туку, себе си се отуѓил.
Подобро е да го изгубиш
најголемиот и најобезбедениот град во земјата,
отколку најмалиот и најбезначајниот збор
- на својот јазик.


Земја и држава не се освојува само со мечеви,
туку и со јазици.
Знај дека непријателот те освоил и покорил,
толку колку што зборови ти украл
и свои ти вметнал
Два народа мило мое,
можат да се тепаат и да се мират,
Два јазика,никогаш не можат да се смират.
Два народа,
можат да живеат во најдобар мир и љубов,
но, нивните јазици можат само да војуваат.
Секогаш кога два јазика ќе се сретнат и измешаат,
тие се како две војски во борба
- на живот и смрт.

Се додека во таа борба се слушаат
и едниот и другиот јазик
- борбата е рамноправна.
Кога ќе почне подобро и погласно да се слуша еден од нив,
- тој ќе преовладее.
Најпосле се слуша само еден.
Борбата е завршена.

Исчезна еден јазик, исчезна еден народ.
Знај чедо мое, дека таа борба меѓу јазиците
не трае ден-два, како борба меѓу војски
ниту, година-две како војска(војна-з.м) меѓу народите,
туку век или два.

Тоа е за јазикот исто толку, мала мерка за времето,
како за човекот миг или два.
Затоа е чедо мое,
подобро да ги изгубиш сите борби и војни
отколку да се изгуби јазикот.
После изгубен јазик, нема народ.

Јазикот чедо мое е потврд од најтврдиот бедем.
Кога непријателот ќе ги сруши сите бедеми и тврдини
- ти не очајувај,
туку гледај и слушај,што е со јазикот.
Ако јазикот останал недопрен,
тогаш не плаши се.
Таму каде оѕвонува нашиот збор,
каде уште се доловува и
каде како стар златник се врти нашиот збор,
знај чедо мое дека тоа уште е наша држава,
без оглед кој во неа владее.

Народот е чедо мое,
траен и од најтрајното и од секоја држава.
Кога тогаш народот ќе се спои како вода,
штом пукнат браните кои го раздвојуваат.
А јазикот чедо мое, јазикот е таа вода,
секогаш иста од двете страни на браната.
која како тиха и моќна сила која брегови рони,
пак ќе го спои народот во една татковина,
во една држава.

Јазикот чедо мое, преживеува
кога и Силите на самиот Ѓавол се нафрлаат врз него
со јазикот чедо мое живееш и ти.

 Непознат автор од 12 век
Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.