Секоја држава си има свое историско минато и најчесто тоа се огледува во изградените монументи на градските плоштади. И самиот збор монумент значи ‘да се памети‘. Освен ‘да се памети‘, спомениците го разубавуваат самиот град и му даваат посебна препознатливост. Подигнување на споменици се правело уште од најстари времиња. Само на тој начин живите се оддолжуваат, генерациите паметат и почитуваат нивното дело. Така се создава традиција на систематско комеморирање на минатото, историските настани, заслужните личности на една земја. А уште позначајно е тоа што преку нив наредните генерации ќе имаат јасна визија за своето потекло, ќе осознаат повеќе за своите корени и продолжуваат да творат, и борат за македонската кауза во новосоздадените услови. Што би биле денес без она што ни го оставија предводниците за развој на писменоста, науката ,светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, светите Теофилакт Охридски и Прохор Пчински,Григор Прличев, браќата Миладиновци, Крсте Мисирков...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ