Skip to main content

Нова книга:„ПРАЗНИ НАДЕЖИ (БАБА БЕГАЛКА)“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ


Деновите во издание на Македонското Литературно Друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат драмското дело „Празни надежи (Баба бегалка)“ од Душан Ристевски. Издавањето на книгата е финансирано од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

Рецензијата на драмата е од познатиот писател Александар Донски кој што забележа дека „Драмата од плодниот и докажано квалитетен драмски писател и поет Душан Ристевски под наслов „Празни надежи (Баба бегалка)“ ни осветлува уште еден сегмент од животот на Македонците во Австралија, кој освен етнокултурниот аспект (мешаното зборување на македонски и англиски во рамките на едно исто семејство, животната филозофија зачинета со примеси од обете материјално-духовни култури и сл.), нуди и универзална повеќеслојна димензија релевантна за припадниците на сите народи, а тоа е судирот на генерации и карактери во семејната заедница и животните премрежја на лицата во трето доба“.



Донски заклучува дека Душан Ристевски во ова дело  „практично го опишал реалниот живот во семејство со три различни генерации и семејство во кое, иако меѓусебните судири однадвор гледано, изгледаат непомирливо, сепак на крајот сѐ добро се завршува, сѐ до некоја следна закачка... Но, зарем и животот не е таков, полн со пресврти? Трите чина наликуваат на намуртено и облачно време (првиот чин), постепено разведрување (вториот чин) и целосно разведрување и сонце (третиот и четвртиот чин).  Во секој случај се работи за уште една успешна драмска артикулација на искусниот драматург Душан Ристевски, во која психолошките карактери на ликовите се издржани, а фабулата е динамично конструирана со неочекуван пресврт и среќен крај. Изгледа дека сепак празната надеж на бабата бегалка на крајот се исполнила...“

Драмата е поделена на четири чина од кои само последните три чина минатата (2019) година успешно беа ставен на сцена од Австралиско македонскиот театар под името „Баба бегалка“. Истата ја режираше самиот автор (кому тоа беше прв самостоен режисерски проект) со Лариса Мабеј. Ристевски воведе иновации со тоа што го вклучи австралискиот хор „Georges River Voices“ , кои настапија со хорска изведба на македонски народни песни како дел од самата претстава. Со ова значењето на оваа претстава стана повеќеслојно. Македонски народни песни беа исполнети од австралиски хор во претстава во која  заеднички глумеа македонски и австралиски актери. Сето ова придонесе за уште поуспешно промовирање на македонската култура и театарска уметност во мултикултурното австралиско општество. Практично ова е првата претстава со елементи на мјузикл, создадена во дијаспората.

Инаку Душан Ристевски се вбројува како еден од најплодните драмски писатели во Дијаспората кој зад себе има напишано повеќе драми и монодрами изведени од реномираниот македонски театар од Сиднеј.

Иван Трпоски


Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ КОЈ ГО ЗАПАЛИ СВЕТИ НИКОЛЕ

Театарската претстава „Хај-Фај сватови“ ги крена сите на нозе – публика во транс и брилијантна глума која ќе се памети! ​Свети Николе беше центар на вистинска уметничка магија и театарски триумф! Во атмосфера преполна со емоции, смеа и громогласни аплаузи, театарската претстава „Хај-Фај сватови“ го доживеа својот врв, оставајќи ја публиката без здив и на нозе. Тоа не беше само обична театарска претстава – тоа беше вистинска културна експлозија која покажа колку силно бие срцето на македонската уметност. ​Уште со првите минути и подигањето на завесата, сценската енергија ја исполни салата до последното место. Претставата „Хај-Фај сватови“, која на маестрален начин ги испреплетува традицијата, модерното време, хуморот и живописните човечки судбини, успеа да допре до срцето на секој еден гледач. Актерски ансамбл кој доминираше на сцената ​Оваа театарска бајка ја носеше феноменална актерска екипа која покажа врвна професионалност, харизма и брилијантен уметнички израз: ​Габи ја...