Tuesday, August 27, 2024

INTERVIEW WITH JUAN VIEDMA MARTINEZ - ABOUT MACEDONIA AND MACEDONIAN RIGHTS

M.T - Who is Juan Viedma Martínez? 

Juan Viedma Martinez has a strong interest in writing about Macedonia and macedonian history, He often posts his articles on Linked in and other social media.

He is a lawyer specialising in public international law, although throughout his professional career he has also worked in criminal and penitentiary law and matters related to commercial and business law.

After obtaining a diploma in French Language and Literature in 1967, he studied and obtained a degree in Spanish Language and Literature at the Universitá SEK. In 1977 the author obtained his law degree with a specialisation in international law at the University of Deusto. In the same year he obtained a Master's degree in Business Administration and English as a second language at the Universidad Pontificia Comillas, as well as a doctorate in Law and a doctorate in Economics.

Saturday, August 24, 2024

ГОРДАНА ТАКЕЦ ГО ОБЈАВИ РОМАНОТ "ЗА ХЕРОИНАТА ГОРДАНА ДИМОВСКА" - Смело и гордо по стапките на Гоце, Јане, Даме


По повод излегувањето од печат на новиот роман “За хероината Гордана Димовска“ - Смело и гордо по стапките на Гоце, Јане, Даме од познатата писателка, поетеса, основач на фондацијата „Такец“ Гордана Такец, направивме интервју со авторката:

МТ - Најновиот роман излезе од печат, кажете ни што ве поттикна да го напишете. Што е потребно освен искуство во пишувањето да создадете роман за личност која живее и твори на петтиот континент?

Г.Т - Да, романот посветен на хероината Гордана Димовска веќе е отпечатен и уште пред да биде направена промоцијата,многу читатели пројавија интерес за романот кој и натаму расте.За пишување на роман каков што е овај,не е доволно искуството.Потребна е силна инспирација за ликот за кој се пишува и на кого му се посветува романот. Гордана Димовска  ја доживувам како силно инспиративна личност која и од далеку умее да ја негува,афирмира и популаризира нашата,Македонската традиција,историја и култура преку се она што го работи и создава.Нејзините книжевни остварувања,прозни и поетски записи,раскази,размислувања и сите нејзини дела се очигледен пример за нејзината посветеност и љубов кон родната грутка Македонија и македонскиот јазик.И по долги години живот надвор од Македонија,таа нераскинливо е поврзана со својата матична земја.Тој момент,за мене беше голем предизвик да го овековечам нејзиниот лик и дело бидејки ја доживувам како редок пример кој навистина заслужува за неа да се  пишува и запишаното да остане вечно присутно во нашата книжевност и литература како своевидно сведоштво и поттик и показател за младите генерации како се сака татковината.

Saturday, August 17, 2024

ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН - ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД 68“ ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА

ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН - ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ
НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД 68“
ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА


Македонското литературно друштво (МЛД) „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави
августовскиот- Илинденскиот број 68 од списанието „Повод“ кое е наменето за
литература и култура и кое успешно ги промовира македонскиот јазик, литературата,
културата и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија.Ова
информативно гласило го уредува редакциски одбор во состав: Душан Ристевски-
Македон (главен и одговорен уредник), Иван Трпоски, Мена Ристевска и
соработниците: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов
(Канада), Фиданка Танаскова, Александар Донски и Славе Катин (Македонија), а
технички уредник и дизајнер е Александар Донски.

Новиот број на сисанието „Повод 68“на насловната страница ја содржи фотографијата
на една од најпознатите литературни творци од Австралија, Гордана Димовска од
Мелбурн. Таа е активист во Македонската заедница во Викторија повеќе од 22 години.
Членуваше во повеќе македонски организации а денес е претседател на Македонското
литературно друштво „Кочо Рацин“ во Мелбурн каде веќе десетина години успешно
организира саеми на книги, литературни читања, промоции на книги со цел да се
промовира македонскиот јазик и литература во Австралија.