Skip to main content

ГОРДАНА ТАКЕЦ ГО ОБЈАВИ РОМАНОТ "ЗА ХЕРОИНАТА ГОРДАНА ДИМОВСКА" - Смело и гордо по стапките на Гоце, Јане, Даме


По повод излегувањето од печат на новиот роман “За хероината Гордана Димовска“ - Смело и гордо по стапките на Гоце, Јане, Даме од познатата писателка, поетеса, основач на фондацијата „Такец“ Гордана Такец, направивме интервју со авторката:

МТ - Најновиот роман излезе од печат, кажете ни што ве поттикна да го напишете. Што е потребно освен искуство во пишувањето да создадете роман за личност која живее и твори на петтиот континент?

Г.Т - Да, романот посветен на хероината Гордана Димовска веќе е отпечатен и уште пред да биде направена промоцијата,многу читатели пројавија интерес за романот кој и натаму расте.За пишување на роман каков што е овај,не е доволно искуството.Потребна е силна инспирација за ликот за кој се пишува и на кого му се посветува романот. Гордана Димовска  ја доживувам како силно инспиративна личност која и од далеку умее да ја негува,афирмира и популаризира нашата,Македонската традиција,историја и култура преку се она што го работи и создава.Нејзините книжевни остварувања,прозни и поетски записи,раскази,размислувања и сите нејзини дела се очигледен пример за нејзината посветеност и љубов кон родната грутка Македонија и македонскиот јазик.И по долги години живот надвор од Македонија,таа нераскинливо е поврзана со својата матична земја.Тој момент,за мене беше голем предизвик да го овековечам нејзиниот лик и дело бидејки ја доживувам како редок пример кој навистина заслужува за неа да се  пишува и запишаното да остане вечно присутно во нашата книжевност и литература како своевидно сведоштво и поттик и показател за младите генерации како се сака татковината.

 МТ - Какво е чувството кога ќе се заврши едно дело? Што значи за вас, комплетно завршено дело? 

Чувството е прекрасно.

Ако се пишува со љубов и почит,ако авторот целосно се посвети на своето дело,со задоволство ја креира приказната за ликот и делото на главниот јунак во романот,тоа чувство не може да се опише со едноставни зборови.

Гордана Димовска ја запознав преку нејзините писателски творби кој пристугнуваа на конкурсите кои ги објавуваше финдацијата Такец,исто така,ги следев и сеуште ја следам нејзината активност кое за среќа ни го овозможуваат социјалните мрежи и преку сето тоа оформив свое мислење,осознав  дека таа, убава,нежна и женствена  дама,всушност е личност силна како титан ,смела,решителна,непоколеблива и верна на своите корени. Ако нешто ме фасцинира кај неа, мене како автор на овај роман, беше тоа, нејзината нескршливост, нејзината сила и моќност за создавање на прекрасни стихови, уверливоста со која тоа го работи, впечатокот кој нејзините дела го оставаат кај читателот и уште многу позитивни аспекти кои се карактерна одлика на нашата хероина и тоа беше најсилниот импулс кој ме поттикна да пишувам за неа и нејзината вредност како човек,писател,поет,сестран уметник и жена - борец способна да се соочи со секаков предизвик доколку е во прашање Македонија,јазикот наш,духот Македонски,Македонштината....Гордана Димовска ја доживувам како следбеник на делата на Гоце,Јане,Питу...и горда сум на неа и на себе што умеев да ги согледам сите нејзини квалитети кои беа инспирација да напишам роман за една толку силна жена.

М.Т - Колку години веќе издавате книги и дали да се напише овој роман имавте предизвици и кои се тие?

Наскоро одбележувам 35 години сериозно книжевно творештво,романот за Г.Димовска е 29 мој роман. Во мојата писателска кариера присутни се дела со автобиогравски и биогравски елементи. Автор сум на романи кои ,сите до еден се вистински животни приказни,затоа што сметам дека иако е најтешко и најодговорно да се пишува за вистината,таа во литературен облик е дело кое заслужува почит и внимание.

Романот за Гордана Димовска е дело во кое ликот и нејзината креативност се запишани низ камерата на моето око и онака,како што јас ја доживувам како човек,уметник,поборник за заштита и опстој на македонскиот јазик и се што е македонско.

 За Гордана Димовска МАКЕДОНИЈА е живот. Светост, иднина, верба, надеж, причина и повод за напред. Таа компонента на нејзиниот лик силно влијаеше на мене и тоа беше пресудно за да одлучам да пишувам за оваа хероина.

М.Т -  Што опфаќа  и какви пораки се пренесуваат до читателите?

Г.Т - Романот содржи силна порака:

Сакајте го коренот ваш,каде и да сте во светот,не откажувајте се од она што сте,од она што е ваше и што е белег на вашето постоење.

Преку љубовта на Гордана Димовска за Македонија,силно изразена во неј,иното творештво,романот испраќа порака до сите наши Македонци ширум светот;

ЕДНА Е МАЈКАТА ШТО ВЕ РОДИЛА, ЕДНА Е ТАТКОВИНАТА ШТО ГО

ОБЕЛЕЖИЛА ВАШИОТ КОД.

БИДЕТЕ СЕ' ШТО ЌЕ ПОСТИГНЕТЕ ВО ЖИВОТОТ,СЕПАК ОСТАНЕТЕ ГОРДИ МАКЕДОНЦИ ДО КРАЈ.

Низ романот провејуваат песни,раскази и записи од главната јунаќиња,со цел,сета она вистинита содржина за авторот Гордана Димовска,да биде поткрепена,  оплеменета и збогатена со делови од нејзиното творештво.


М.Т - Кога планирате промоција и какви се вашите очекувања за интересот?

Г.Т - Промоцијата е закажана за 23 септември во  Битола. Интересот е огромен, битолчани се големи љубители на литературата  и со нетрпение го очекуваат претставувањето на ова дело и запознавањето со личноста на која и е посветено. Особено, женскиот дел од популацијата и со големо нетрпение сака да ја запознае хероината Гордана Димовска која по својата храброст и дело може да се мери со величината на македонката Атина Бојаџи која беше единствената жена која го преплива Ламанш, најтешката тура во маратонот, што како херојски чин посветен на Македонија  овоможи насекаде во светот да се чуе за нашата мала но убава земја. Сега ја имаме нашата хероина Гордана Димовска,која со својот запишан збор ја слави и вечно ќе ја слави Македонија.

М.Т - Кој е ваш следен проект?

Г.Т - Следен проект ќе биде одбележување на 10 г.од оснивањето на Фондацијата Такец,преку манифестација на која ќе биде про мовирана антологија ;"АКО ОДАМ ВО  БИТОЛА" во која ќе бидат застапени поети и писатели од земјата и светот.

М.Т - Искрени честитки за огромниот труд кој го вложивте во објавувањето на овој роман, за посветеноста да се открие работата и делата на друга личност и вашата способност да го увидите и запишите тоа на начин кој вистински и достоинствено ќе ја претстави личноста пред читателската публика.  Вашата работа е огромно значење во македонската литература и ви посакуваме уште многу вакви дела во иднина проследени со успех.

 





Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.