На најголемиот празник Илинден, Македонците од Љубојно, заедно со сите браќа од Преспа, етничка Македонија и иселеништвото ширум светот, со гордост го истакнуваат своето бурно минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно било едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија, како и место каде започна првото училиште на македонски јазик во Преспа.
Илинден е
најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на
Македонија.
Затоа, На Илинден во Љубојно се чувствува топло гостопримство и
срдечност
кај сите оние што се собираат, притоа доаѓаат бројни иселеници од
прекуокеанските
земји, од Европската Унија, Преспанци што живеат низ Македонија,
голем број
Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и
иселеници
од другите села, туристи од Претор, Сливница, Крани, Наколец и Долно
Дупени,
како и голем број повратници од Преспа, Битолско, Охридско, Леринско и од
Мала Преспа.