Skip to main content

СЕ ОДРЖА СЕДМИОТ БАЛКАНСКИ ПОЕТСКИ КАМП ЗА МЛАДИ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“


C:\Users\User\Desktop\532130234_10233953656635487_6348695334374667083_n.jpg

Овогодишниот седми по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“ се одржа во Охрид, Лескоец, Лерин, Глобочани, Пустец и Црвена Вода под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа“.

  Учесници беа млади поети од  Србија, Турција, Албанија, Грција и Македонија, кои во рамките на воспоставената традиционална соработка, имаа можност да ги следат манифестациите на Струшките вечери на поезијата и да се сретнат со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска – Дафкова. Исто така, тие заедно положија цвеќе на вечното почивалиште на Ванчо Николески во Охрид, a во селото Црвена Вода ги посетија родната куќа на Ванчо Николески и Спомен-собата во училишната зграда.

Инаку, во организација на Друштвото за култура и литература “Мацково”, од Охрид, на чело со Веле Митановски, на 22 август напладне, во ЦОУ “Ванчо Николески”, во Лескоец, Охрид, започна традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески”.

Професорите и учениците, по традиција, подготвија културно - уметничка програма за своите драги гости, годинешните учесници од Србија, Турција, Албанија, Грција и Македонија, на кои им пеа дадени книги и речниците “Ајде да учиме македонски, англиски и француски“, “Ајде да учиме македонски, англиски и германски“ и “Ајде да учиме македонски, англиски и турски“ од авторот на овие едови, Славе Катин. Потоа, заедно, во Алејата на заслужните на “Градските гробишта” во Охрид,  положија цвеќе на вечното почивалиште на Ванчо Николески.

Во продолжение на манифестацијата, традиционалниот прием во општината Охрид, инаку, финансиски покровител и поддржувач на манифестацијата, им го приреди претседателот на Советот на општинста, професор Стевчо Божиноски.

Потоа, Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“  од Охрид и од родното место на Николески, Црвена Вода, се пресели во Лерин, Егејска Македонија, каде гостите беа топло пречекани од македонските активисти, познати личности и борци за човекови права на Македонците од Беломорска Македонија: Крсте Ашлаков (Ставрос Анастасиадис), Пеце Димчев (Петрос Димтсис) и Павле (Павлос Васкопулос Филипов), кои ги запознаа гостите од Србија, Турција, Албанија и Македонија со положбата и иднината на Македонците во Грција

Потоа, патувањето го продолжија кон с. Глобочани Р. Албанија во спомен музејот посветен на албанскииот писател, со македонско потекло, Стеријо Спасе, познат литературен деец од Албанија, со македонско етничко потекло, каде што беа пречекани од познатиот борец за македонските права во Албанија, Васил Стерјовски. Исто така учесниците беа гости и на своите врсници од училиштето во Пустец.

Последниот ден на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“ учесниците беа гости на мештаните од Црвена Вода, каде им се приреди закуска со селски специјалитети, потоа ја разгледаа “Спомен собата” на Ванчо Николески, а пред неговата родна куќа им се доделија Повелбите за учеството.

Годинава, гости на манифестацијата беа Македонци кои живеат во Австралија, а кои, исто така, го слават името и делото на Ванчо Николески, предводени од познатиот македонски активист, Наум Трајчески, поет и претседател на Македонското Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан.


C:\Users\User\Downloads\Messenger_creation_5F93A646-6439-4C98-9894-6B6202115F0F (1).jpeg

Претседателката Дафкова со дел од учесниците


Во Австралија се собират љубители на македонскиот пишан збор, се игра  орото со КУД " Разиграна Македонка" и се рецитира поезија создадена од Ванчо Николески.  Пример за тоа како треба да се сака и почитува Македонија, македнскиот јазик, културата и традицијата во иселеништвото. Тоа го прават со основоположникот на литературата за деца и млади Ванчо Николески, авторот на првата збирка песни за деца на македонски јазик, во 1946 година, „Македонче“, како и на други бројни дела, меѓу кои, романите “Волшебното самарче” и “Гоце Делчев”, кои се дел од образовниот процес на Република Македонија.

Светлината на оваа манифестацие е што насекаде се  рецитираат, се читаат и учат песни на македонски јазик. Така, на манифестациите, покрај децата, биле присутни и првите луѓе на Македонските асоцијации од Бугарија, Грција и Албанија, потоа македонисти  кои работат за македонското дело и други видни личности. Посебно треба да се нагласи дека мисијата на Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”,  е да се отстранат притисоците врз Македонците во соседните земји, Грција, Бугарија и Албанија.

Инаку, една од мисиите на манифестациите на Друштвото за култура и литература “Мацково”, е преку поезијата на Ванчо Николески, да бидат прегрнати четирите дела на етничка Македпонија. Во таа смисла, овогодишната манифестацоја, беше организирана и се одржа под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа”. 

Затоа светлината на оваа манифестација е што насекаде се  рецитираат, се читаат и учат песни на македонски јазик. Така, на манифестациите, покрај децата, биле присутни и првите луѓе на Македонските асоцијации од Бугарија, Грција и Албанија, потоа македонисти  кои работат за македонското дело и други видни личности. Притоа, треба да се нагласи дека мисијата на Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”,  е да се отстранат притисоците врз Македонците во соседните земји, Грција, Бугарија и Албанија.

Така познатиот Македонец од Мала Преспа Васил Стерјовски кој е и претседател на Македонската партија во Албанија, го напиша следното:

„Ние сме континуирано под притисок најмногу последните години од 2017 година, од кога се произнесе бугарско малцинство кое не постои и од тогаш тој притисок е поинтензивен најмногу во овие последни 2 -3 години. Сега Бугарија ја легитимира својата политика, успеа на пописот во Албанија да извади Бугари и да настапи уште пожестоко за да ги асимилира Македонците во Албанија“, вели Васил Стерјовски, 

Тоа е факт дека Македонците што живеат во соседните земји не потклекнуваат на притисоците, напротив тие сакаат да ги негуваат македонскиот јазик, култура и традиции, што го порачаа присутните на Балкански поетски камп „Ванчо Николески“. За нив поезијата на оваа манифестација симболично ги спојува Егејот, Пиринот, Вардарот и Мала Преспа.


slavek 1

Пишува: СЛАВЕ КАТИН



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.