Skip to main content

ЗАПОЧНА БАЛКАНСКИОТ ПОЕТСКИ КАМП ЗА МЛАДИ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“


C:\Users\User\Desktop\532130234_10233953656635487_6348695334374667083_n.jpg

Во организација на Друштвото за култура и литература “Мацково”, од Охрид, на 22 август напладне, во ЦОУ “Ванчо Николески”, во Лескоец, Охрид, започна традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески”.

Професорите и учениците, по традиција, подготвуваат културно уметничка програма за своите драги гости, годинешните учесници од Србија, Турција, Албанија, Грција и Македонија, по што, заедно, во Алејата на заслужните на “Градските гробишта” во Охрид,  положија цвеќе на вечното живеалиште на Ванчо Николески.

Традиционалниот прием во општина Охрид, инаку, финансиски покровител и поддрржувач на манифестацијата, им го приреди претседателот на Советот на општинста,професор Стевчо Божиноски.

Манифестацијата е под формален патронат на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, со седиште во Верона, Италија.

Вториот ден, сабота, учесниците ќе бидат пречекани од етничките Македонци во блиските соседни земји, додека, во Глобочани, кај Пустец, во Мала Преспа ќе имаат час и разгледување на “Спомен домот” на прославениот албански прозен автор од македонско потекло, Стерјо Спасе.

Последниот ден, недела, ќе бидат гости на мештаните од Црвена Вода, каде им се приредува закуска со селски специјалитети, ја разгледуваа “Спомен собата” на Ванчо Николески, а пред неговата родна куќа, им се доделуваат Повелбите за учество.

Младите литерати, за цело време, ќе бидат под креативната грижа и поука од страна на нашиот познат автор и педагог, професор – др Христо Петровски.

Во рамките на воспоставената традиционална соработка, учесниците, ќе бидат во можност да ги следат манифестациите на Струшките вечери на поезијата.

Годинава, гости на манифестацијата се и група Македонци кои живеат во Австралија, а кои, исто така, го слават името и делото на Ванчо Николески, за што, пошироки информации ќе добијат од страна на познатиот македонски активист, Наум Трајчески, поет и претседател на Македонското Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан.


94 copy 8 copy copy


Инаку, една од мисиите на манифестациите на Друштвото за култура и литература “Мацково”, е преку поезијата на Николески, да бидат прегрнати четирите дела на етничка Македпонија. Во таа смисла, минатогодишната манифестацоја, беше организирана и се одржа под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа”, Традиционално, започнува во селото Лескоец крај Охрид, во основното училиште кое го носи името на Ванчо Николески, а се одржува во Охрид,Струга, Вевчани,  Белчишта и Црвена Вода, апред две години, за прв пат се одржа во  Пустец, Мала Преспа, во Албанија.

Светлината на оваа манифестацие е што насекаде се  рецитираат, се читаат и учат песни на македонски јазик.  Така, на манифестации, покрај децата, биле присутни и првите луѓе на Македонските асоцијации од Бугарија, Грција и Албанија, потоа македонисти  кои работат за македонското дело и други видни личности.

Притоа, треба да се нагласи дека мисијата на Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”,  е да се отстранат притисоците врз Македонците во соседните земји, Грција, Бугарија и Албанија.

„Ние сме континуирано под притисок најмногу последните години од 2017 година, од кога се произнесе бугарско малцинство кое не постои и од тогаш тој притисок е поинтензивен најмногу во овие последни 2 -3 години. Сега Бугарија ја легитимира својата политика, успеа на пописот во Албанија да извади Бугари и да настапи уште пожестоко за да ги асимилира Македонците во Албанија“, вели Васил Стерјовски, претседател на македонската партија во Албанија.

Меѓутоа, факт е дека сите  го помагаат Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески” во Охрид и нагласуваат дека истиот  симболично  ги спојува Егејот, Пиринот, Вардарот и Мала Преспа.

Меѓутоа, името и делото на Ванчо Николески посебно се слави и во Австралија, од каде, во име на Литературното друштво “Ванчо Николески”, со снимена видео порака Тоа што не се препознава овде, се препознава во далечна Австралија. Младинското литературно друштво “Ванчо Николески” од Квинбeјан, далечна Австралија, со богата програма посветена на патронот, веќе, прослави осум години постоење.

C:\Users\User\Downloads\Messenger_creation_5F93A646-6439-4C98-9894-6B6202115F0F (1).jpeg


Во Австралија се собират љубители на македонскиот пишан збор, се игра  орото со КУД " Разиграна Македонка" и се рецитира поезија создадена од Ванчо Николески.  Пример за тоа како треба да се сакаат и почитуваат Македонија, македнскиот јазик, културата и традицијата во иселеништвото. Тоа го прават со основоположникот на литературата за деца и млади Ванчо Николески, авторот на прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946 година, „Македонче“, како и на други бројни дела, меѓу кои, романите “Волшебното самарче” и “Гоце Делчев”, кои се дел од образовниот процес на Република Македонија.















Пишува: СЛАВЕ КАТИН





Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...