Александар ДОНСКИ
За време а владеењето на Заев кај спомениците од историјата на античка
Македонија (посебно кај оние на мостот пред Археолошкиот музеј во Скопје) беа
поставени натписи со антимакедонска содржина во кои се величи големогрчката
пропаганда, а македонските владетели од времето на античка Македонија се
прогласени дека припаѓале на „античката хеленска култура и цивилизација“ (!?). За
време на мојата неодамнешна посета на Скопје видов (и фотографирав) дека табли
со ваква антимакедонска содржина се поставени под статуите на: Архелај Први,
Каран, Пердика Први, Парменион, Аминта Трети, Филип Петти и Персеј, додека под
останатите статуи немаше табли (веројатно се извадени). Идиотизмот на авторот на
овие „натписи“ оди до таму што дури не е ни спомнато дека Филип Петти, Персеј,
Архелај Први и Аминта Трети не биле какви било „историски личности“, туку биле
КРАЛЕВИ на една од најмоќните држави во светот во тоа време! Барем да напишале
нешто во стилот: „Аминта Трети – крал на античкото кралство Македонија кој владеел
од 392 до 369 година пред Христа“ Но, не. Според авторот на текстот на
инкримираните натписи не било важно што Аминта Трети (но и другите горе спомнати)
биле кралеви, туку важно било дека припаѓале на „хеленската култура и цивилизација“,
што патем воопшто не е точно! И сето ова го гледаат десетици илјади странски туристи
кои ги посетуваат овие споменици и се сликаат крај нив... Но, да видиме врз основа на
што тврдам дека ова се натписи со длабока антимакедонска содржина кои ја брукаат
Да почнеме со АРХЕЛАЈ ПРВИ. Тој бил крал на Македонија од 413 до 399 година
пред Христа. За неговото етничко потело пишувал старогрчкиот (хеленски) филозоф
и говорник Тразимах, кој се родил отприлика во 459, а починал во 400 година пред
Христа што значи дека бил современик на Архелај Први. Од неговите дела сочувани
се само фрагменти пренесени од други автори. Еден од нив бил и Климент од
Александрија (Климент Александриски), кој живеел во II и III век. Во своето дело
„Строматис“ (6), Климент Александриски наведува извадок од говорот на Тразимах
познат под насловот „За Ларисјаните“. Во овој говор Тразимах, спомнувајќи го
македонскиот крал Архелај Први, запишал:
"Зарем ние како Грци, ќе му бидеме робови на Архелај барбаринот?"
Оваа изјава Тразимах ја дал во знак на револт кон засилените тенденции на
Македонија (конкретно на Архелај) за влијание врз атинските поседи во времето на
Пелопонеската војна. Но, што значел терминот „барбарин“ во антиката? Научниците
се речиси едногласни кога тврдат дека терминот „барбарин“ во антиката главно се
однесувал за луѓе кои зборувале на неразбирлив јазик за Грците (луѓе кои „барборат“)
со доза на потценување кон нивната култура. Практично, сите народи кои не зборувале
грчки, Хелените (Грците) ги нарекувале „барбари“, додека помеѓу себе Грците си се
нарекувале „ксенои“. Ова толкување на зборот „барбари“ денес е прифатено од
поголемиот број историчари. Само како илустрација, ќе го наведеме пишувањето на
авторката Ема Стафорд, која во својата книга „Античка Грција, живот, митови и
уметност“, во врска со значењето и етимологијата на овој збор, пишува:
„Грчкиот јазик бил основен за Грците за да можат себеси да се дефинираат
како поинакви од барбарите, на чиј ба-ба-ба јазик им се потсмевале.“ (Ema J. Staford:
"Ancient Greece, Life Myth and Art"; Great Britain, 2004, ISBN 1-84483-044-6, цит. според
Јанко Томов: „Античката историја на Македонија и на Балканот во делата на
западните автори“, Бризбејн, Австралија, 2005, стр. 72).
Познатата американска историчарка д-р Синдја Сиднор Словиковски, еве како
го објаснува значењето на „барбарин“:
„Терминот 'барбарин' се однесувал на нешто спротивно на терминот 'Хелен'
во антиката и имал три главни значења кај авторите: неинтелигентен, странски
и не-грчки... Антитеза не Хеленот е барбаринот.“ (D-r Synthia Sydnor Slowikowski:
"Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The Pensylvania State University,
1988 стр. 30).
Конечно и самите антички грчки автори пишувале што подразбираат под
терминот "барбари". Децидно сведоштво за ова дал познатиот атински драмски автор
Аристофан (живеел околу 448 - 385 година пред Христа). Во својата драма „Птици“
(напишана во 414 година пред Христа), во врска со „барбарите“, Аристофан напишал:
„Долго време престојував со нив и ги учев да зборуваат, иако порано тие беа
барбари.“
Овде јасно се гледа дека терминот „барбари“ за античките грчки автори значел
„луѓе кои не зборуваат грчки“, т.е. луѓе кои не се Грци.
Впрочем, постојат огромен број сведоштва од античките грчки автори, во кои тие
го употребуваат терминот „барбари“ за припадниците на разни азиски, африкански, но
и европски, народи и ова е сосема добро познато. Оттаму, доколку, на пример, припад-
ниците на некој далечен азиски народ биле наречени „барбари“ само затоа што не
зборувале грчки, сосема иста е суштината за употребата на истиот овој термин и во
однос на Македонците. Не може терминот „барбари“ кога се однесува за Македонците
да има едно значење, а за сите други не-грчки азиски, африкански и европски народи
да има друго значење.
Значи нема сомнение дека за неговите современици Хелени кралот на
Македонија Архелај Први бил „барбарин“, човек кој не е Грк и не зборува грчки, што
значи дека содржината на написот на скопскиот мост според кој тој припаѓал на
„хеленската култура и цивилизација“ е демантирана од самите антички хеленски
автори (конкретно од познатиот Тразимах)!
Пред да продолжиме со натамошното презентирање факти за негрчкиот
етнички карактер на античките Македонци да кажеме нешто и за спомнувањето на
термините „Хелени“ и „Грци“ во антиката. Некои наши неупатени поединци сметаат
дека терминот „Грци“ не постоел во антиката. Но, тоа не е точно. Уште Херодот (V
век пред Христа) го спомнува малубројното хеленско племе „Грци“ (Graeci). Подоцна,
врз основа на името на ова племе, Римјаните почнале сите Хелени да ги нарекуваат
„Грци“. Секако дека во тоа имало извесна доза на потсмев и потценување. Сосема
идентичен пример имаме и подоцна посебно за време на Втората светска војна во
Југославија кога сите Германци со доза на навредливост и потценување биле
нарекувани „Шваби“ врз основа на германската област Швабија. Значи терминот
„Грци“ не е ништо друго освен (во извесна мера) „навредлив и потсмешлив“ термин
за Хелените што го користеле Римјаните и кој термин подоцна бил прифатен и од
други народи, па останал до денес. Оттаму, не случајно денешните националисти во
нашиот јужен сосед велат: „Ние не сме Грци, туку сме Хелени, но нас други ни го
наметнаа името Грци“. И не случајно изворното име на нивната држава не е „Грција“
туку е Хеленска република, што значи дека тие не го сакаат терминот „Грци“. Да
заклучиме дека термиот „Грци“ постоел во антиката како име на малубројно хеленско
племе, но и како (во извесна мера) „потсмешлив“ назив за Хелените од страна на
Римјаните (латинските автори), кое останало до денес. Од друга страна терминот
„античка Грција“ што денес често се употребува кај нас и во светот е сосема погрешен
затоа што таква држава ниту пак каков било друг вид административа целина
никогаш не постоела во антиката!
А сега да продолжиме со македонскиот крал ФИЛИП ПЕТТИ. Тој владеел со
Македонија од 221 до 179 година пред Христа. Преку некои свои активности (напад
врз Илирија, договор за соработка со големиот римски непријател Ханибал и сл.), ги
иритирал Римјаните (кои во тоа време биле растечка воена сила) да се свртат против
Македонија. Притоа и Римјаните нашле свои сојузници на и околу Балканот во
активностите против Филип Петти. Така се случиле две македонско-римски војни во
кои Филип Петти бил поразен и бил принуден на низа отстапки кон Римјаните. Во
врска со сојузиштвото помеѓу Македонија и Картагина, т.е. помеѓу Филип Петти и
Ханибал, кое било врз анти-римска основа, латинскит историчар Евтропиј во своето
дело "Breviarium historiae Romanae" запишал:
„Филип кралот на Македонија, испратил амбасадори кај Ханибал, нудејќи му
помош против Римјаните, но под услов, откако ќе ги поразат, за возврат, тој да
добие помош од Ханибал против Грците.“
Јасно е дека и Филип Петти ги сметал Грците како инаков народ во однос на
своите Македонци. Впрочем, во негово време добар дел од грчките територии биле
потчинети на Македонците, па стравувајќи од нивно востание против Македонија,
побарал помош од Ханибал.
Во врска со поразот на Филип Петти од страна на Римјаните латинскиот
историчар Лукиј Ампелиј во своето дело „Liber Memoralis“ јасно запишал дека во оваа
војна римскиот генерал Паул Емилиј откако ги поразил Македонците, бил пречекан
како ослободител од страна на Грците кои до пред тоа се наоѓале под македонско
ропство. Овде читаме:
„Паул којшто ги порази Македонците, а за Грците беше ослободител и од кои
стекна голема слава, секојдневно ѝ се заблагодаруваше на судбината затоа што
успеал да ги порази жестоките непријатели на своите дом и држава.“
По поразот од Римјаните на Филип Петти му било наложено да отстапи
териториии населени со Грци кои биле под негова власт, на што тој жестоко се
спротивставил. Неговиот одговор до Римјаните останал зачуван од античкиот
историчар Полибиј. Откако му наредиле да се повлече од „Грција“, Филип Петти им
рекол на Римјаните:
„А која е таа Грција од која ми наредувате да се повлечам? И како вие ја
дефинирате Грција? Мнозинството Етолци не се Грци. Не се! И земјите на Агра,
Аподота и Амфилојија не се грчки. Дали тоа значи дека имам дозвола да останам
во тие земји?“ (Polybius, “Histories”, XVIII, I, 4).
При овие сознанија навистина е дегутантно, мизерно и навредливо кога овој
македонски крал кој ги држел под окупација Грците (Хелените), авторот на
идиотскиот натпис на скопскиот мост го нарекува „Хелен“ (!?).
Ист е случајот и со ПАРМЕНИОН, кој бил генерал во војската на Александар
Велики Македонски. И тој е спомнат од античките автори во контекст на посебноста
на Македонците во однос на Грците (Хелените).
Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф во делото „Александровата анабаза“
пишува за советот што Парменион му го дал на Александар пред претстојната
поморска битка помеѓу флотите на Македонија и на Персија. Откако ја согледал
моќта на Персиската флота, Парменион му советувал на Александар да ги пушти во
борба Грците кои биле во состав на македонската војска како сојузници или како
платенци со нивната флота против Персјанците, па ако победат, тоа ќе биде добро
за нив, а ако бидат поразени никому ништо. Грците ќе загинат, а Македонците ќе
бидат поштедени. Но, Александар го одбил овој предлог нарекувајќи ги Грците како
„нестабилен елемент“ во неговата војска, кои доколку би биле поразени во
поморската битка, во знак на револт можеле да кренат бунт против Македонците.
Понатаму, во врска со покорувањето на азиското племе Арахоси и во престојот
во нивната земја, К. К. Руф пишува:
„Таму (Александар, з.м.) ја соединил војската што била под заповедништво
на Парменион. Тоа биле шест илјади Македонци, двеста благородници и пет
илјади Грци со шестстотини коњаници...“
Сведоштво за негрчкиот карактер на Македонците имаме дури и во
пишувањата за зачетникот на античко-македонската династија КАРАН, кој живеел во
IX и VIII век ред Христа. За овој крал пишува старогрчкиот географ, патеписец и
историчар Павсанија. Пишувајќи за настанокот на обичајот Македонците да не
подигаат трофеи за своите воени победи, Павсанија (9,40,8-9) пишува:
„Македонците велат дека Каран (првиот македонски крал) го поразил во
битка Кисеј, кој бил водач на соседната земја. Во чест на оваа победа Каран
подинал трофеј според обичајот на Аргеадите (неговата династија), но се вели
дека споменикот бил турнат од еден лав од планината Олимп, кој потоа исчезнал.
Тогаш Каран сфатил дека ќе згреши ако дозволи да се изложи на постојана омраза
од страна на не-Грците кои живеат таму, па затоа, како што велат, било
прифатено правило, ниту еден крал на Македонија, било тоа да е Каран или некој
од неговите наследници, да не подигнува трофеи.“
Јасно е дека Каран владеел со Македонците, кои овде се наречени "не-Грци".
Во спомнатите натписи на скопскиот мост како „дел од хеленската култура и
цивилизација“ е спомнат и кралот АМИНТА ТРЕТИ (таткото на Филип Втори
Македонски и дедо на Александар Велики Македонски). И за него постојат сведоштва
според кои Македонците не биле икакви Хелени, но посебно вакви децидни
сведоштва има за неговиот син ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ.
Позната е изјавата на најголемиот хеленски говорник Демостен кој бил
современик на Филип Втори и бил жесток противник на македонската експанзија и
хегемонија врз хеленските територии што ја спроведувал овој македонски цар. Само
како илустрација ќе спомнеме дека во неговата биографија во светски познатата
општа енциклопедија "Микрософт Енкарта" (САД, 1998), уште во првата реченица е
спомнато неговото спротивставување на Македонија како една од неговите
најзначајни активности во животот. Овде читаме:
„Демостен (384 - 322 пред Христа) бил најголемиот говорник во античка
Грција, кој го предводел атинскиот отпор против Македонија...Тој се посветил
себеси кон оживување на духот на јавноста во Атина и на заштита на грчката
култура, која во тоа време била под удар на агресивниста на кралот Филип Втори
Македонски. Повеќето од неговите големи говори биле насочени против
опасноста од потчинување на грчките градови од страна на Македонците.“
Својот прв познат говор против Филип, Демостен го создал во 351 година пред
Христа. Овој говор станал познат под името "Прва Филипика". Подоцна Филип го
нападнал градот Олинт, кој бил сојузник на Атина. Тогаш Демостен напишал три нови
говори против Македонците во кои барал Атина да му помогне на Олинт. Но, Олинт
бил заземен, а Демостен учествувал во делегацијата која преговарала помеѓу Атина
и Македонија. Тогаш биле создадени Втората и Третата Филипика, кои исто така биле
говори со анти-македонска содржина. Подоцна била создадена и Четвртата
Филипика.
По пресудната битка кај Херонеја помеѓу Македонците и Грците (338 година
пред Христа), Филип Втори ги зазел повеќето грчки територии. Но, Демостен продол-
жил со своите анти-македонски говори, залагајќи се за слобода на Грците. За анти-
македонската дејност на Демостен, сведочел и подоцнежниот антички грчки
историчар Плутарх. Во своето дело „Споредба помеѓу Демостен и Кикерон“
(напишано во 75 година по Христа) Плутарх пишува:
„Демостен... одел низ градовите на Грција и секаде, како што рековме, се
вклучувал во судирите во корист на Грците, кои сакале да ги избркат
македонските претставници... По своето враќање тој повторно се посветил на
истата дејност и продолжил да им се спротивставува на Антпатер и на
Македонците.“
Што се однесува до самите пишувања на Демостен, тој во своите напади
против Македонија, исто така јасно ги издвојувал Македонците од Грците како два
посебни народа, а најјасниот доказ за негрчкото потекло на Македонците и нивните
цареви Демостен го дал во Втората Филипика, каде во врска со македонскиот цар
Филип Втори, ја дал следнава навредлива изјава:
„Филип, тој човек не само што не е Грк, туку и нема ништо заедничко со
Грците. Барем да беше барбарин од некоја пристојна земја - но тој не е ни тоа. Тој
е некакво шугаво суштество од Македонија - земјата од која не можеш да доведеш
ниту роб што барем нешто вреди.“
Веќе објаснивме сдека терминот „барбарин“ онзачувал човек кој не зборува
грчки.
Македонците се наречени „барбари“ од страна на Грците и во Лексиконот
„Суда“ (пишуван од неколку антички и средновековни автори), како и од страна на
граматичарот Хесихиј кој исто така ги опишал Македонците како „барбари“, кога во
описот за значењето на зборот сариса (долго копје на Македонската фаланга), тој
запишал дека го користеле „барбарите Македонци“.
Всушост постојат сведоштва од над педесет антички автори кои сосема јасно
тврделе дека античките Македонци не биле никакви Грци што значи дека Македонија
во антиката никогаш не била грчка. Некои од нив се: Аријан, Апијан, Дексип,
Демостен, Дикеарх, Дионисиј Калифонт, Дионисиј од Халикарнас, Дио Крисостом,
Диодор Сицилијанецот, Дио Касиј, Евтропиј, Евсевие Кесариски, Емилиј Сура, Есхин,
Исократ, Зосим, Исидор од Севиља, Јован Малала, Јосиф Флавиј, Јустин, Кикерон,
Квинтиј Куртиј Руф, Херодот, Хомер, Плутарх, Павсанија, Полибиј, Кленеј, Клавдијан,
Климент Александриски, Марко Велеј Патеркул, Корнелиј Непо, Праксагора, Псевдо
Скилакс, Псевдо Скимнус и други. Сите тие на еден или друг начин јасно пишувале
за посебноста на античките Македонци.
Така, на пример, античниот историчар Аријан (I и II век) напишал дека
постоело (цитат): „... старо расно ривалство помеѓу Грците и Македонците“ за
време на битката кај Ис во која над 30.000 Грци се бореле на страната на Персија
против Македонската војска... Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф, пак,
напишал дека Македонците и Грците меѓусебно комунцирале преку преведувачи.
Античкиот историчар Јустин пишувајќи за македонската окупација на грчките
територии констатирал: „Филип... ја зголемил моќта на Македонија која сега
претставувала ропски јарем над вратовите на Грците и на Азија“, додека
Павсанија (II век) запишал: „...Сите Грци се плашеа од Македонците и од
Антигон“.
На крајот ги повикувам надлежните органи по итно да се ослободат од
спомнатите табли на мостот пред Археолошкиот музеј во Скопје кои се рецидив на
режимот на Заев. Мизерно е тоа што за време на овој режим се бришеа бугарските
фашистички детерминирања од спомениците на убиените македонски партизани, а
од друга страна на античките македонски владетели им се прилепуваа грчки
детерминирања. На плочите доволно е да пишува дека односниот лик бил крал на
Македонија заедно со годините на неговото владеење. Тоа би било доволно и би
одговарало на вистината, наместо ваквиот срамен фалсификат што денес го грди
центарот на Скопје. Верувам дека нашата влада ќе ја поправи оваа неправда.
Macedonian Timeline Australia

No comments:
Post a Comment