Списанието „Повод“ бр. 75 за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници.
Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат кај македонските иселеници во светот.
Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одржувањето на библиотеката, поетските манифестации и годишниот конкурс за најдобри поетски и прозни творби на македонски јазик за деца.
Наум Трајчески, првата стихозбирка „Дебрца по туѓина“ ја издаде во 1992 година. Деценија подоцна е објавена неговата втора книга со наслов „Секојдневие“, а во 2013 година следи и третата збирка „Грст мудрости“. Четвртото дело на Трајчески „Патеки на животот“ издадено е во 2014 година. Стихозбирката „Одминато време“ издадена е во 2017 година. Таа, всушност му го донесе досега најголемото признание – наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга - поезија на иселеник со македонско потекло, во рамките на Струшките вечери на поезијата во 2018 година Во 2022 година беше промовирана неговата стихозбирката „Позајмениот куфер“. Најновата, седма стихозбирка „Шарени дијаманти“( 2025 ) е спој на зрелоста во годините,
Стиховите на Наум се наградувани на сите манифестации и конкурси: МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, Здружението на писатели Куманово - прва награда Кокино 2019 година, прва награда од ТВ - Сонце, Поетска манифестација ,,Сплоти се Македонијо“ за 2021 и други. Поетот Наум Трајчески е застапен во повеќе антологии и настапил на поетски манифестации: Ѕуница, Симфонија на срцето 2, 3 и 4, зборникот на здружението Нова, Манастирско поетско ехо Суводол, Демир Хисар, Поетско Маркукуле - Прилеп, Здружение на писатели Куманово, Поетска манифестација Охридски поетски бисер, Зборникот „1200 молитви“ посветен на Тоше Проески од 2022 и во Алманахот на поетско – прозни творби од роднокрајни автори во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, во 2024 година.
Посебен простор на творештвото на Наум Трајчески. е посветен на промомоцијата на стихозбирката „Шарени дијаманти“ што ја организираше Милчо Јованоски во Библиотеката „Григор Прличев во Охрид.
Во продолжение на „Повод“ бр 75 со свои текстови е застапен Божин М. Андоновски кои се однесувааат на 25 јубилејни Пелагонски културно-научни средби во Новаци што се одржаа на 29.11.2025 година.По повод јубилејот беше направена и изложба од сите досега 20 објавени зборници, вбројувајќи го и последниот, односно зборник бр 20 кој што содржи трудови кои биле презентирани во 2024,а се објавени во 2025 година.
Инаку овогодишни добитници на наградите на Средбите се:
Добитник на наградата за поезија „Панде Манојлов“ е д-р Даниела Андоновска – Трајковска, универзитетска професорка и реномирана поетеса, прозаистка и книжевна критичарка, а кратка биографија прочита предлагачот, Никола В. Ристевски.
Проф. д-р Никола В. Димитров е добитникот на наградата „Повелба за животно дело“
Поради отсуство на добитникот на наградата „Златен клас за македонски вознес“ Иван Трпоски, познат иселеник од Сиднеј, наградата беше врачена на предлагачот Божин М. Андоновски - со обврска да ја достави до добитникот
Посебен простор во овој број на списанието ПОВОД е посветен на текстот на Веле Митаноски за монографијата „Славе Катин – живот и дела“. Меѓу другото во воведот под наслов „Иселеништвото – животна определба на Славе Катин“ авторот Душан Ристевски-Македон, меѓу другото, пишува дека македонското иселеништво е алфа и омега во творештвото на Славе Катин. Се’ што напишал и објавил во неговите книги, патеписи, репортажи, прикази, белешки и други текстови е длабоко проникнато со животот и опстанокот на македонските иселеници од сите делови на Македонија во светот. Тие се негова генетска преокупација, која го потврдува фактот дека е маѓепсан од феноменот на македонската голгота.
Исто така во овој број се дадени бројни песни и дела од нашите познати и признати македонските иселеници, мешу кои и промоцијата на делото „Зад Присој, историја на семејството Здравески од село Лопатица, Прилепско“, кое претставува трето авторско дело на Јагода Здравеска-Котеска.
Посебен простор е посветен на текстот посветен на познатиот иселеник д-р Лефтер Методиев Манче кој е дете прогонето од Егејска Македонија, а кој постана светски естетски хирург, трансплантер и университетски асистент, кој на 28 септември 2025 година, во хотелот „Мериот“ во Скопје, заедно со бројни роднини, другари, колеги, и пријатели од сите делови на Македонија, го прослави неговиот 90. роденден со промоција на Фондацијата “Доктор Лефтер Манче”
Значајно место во ПОВОД 75 му е посветено на интервјуто на Фиданка Танаскова со познатиот и признат писател Раде Сиљан под наслов “Приватизацијата, промената на името и договорот за добрососедтство со Бугарија ја урнисаа Македонија“, во кое тој на свој патриотски начин ги објаснува овие прашања со цел да ја сочува и одбрани вистината за македонскиот народ и Македонија.
Во овој број Ристо Стефов се претстави со англискиот текст „Како Македонското население се претвори од мнозинство во малцинство по Балканските војни“ во кој, меѓу другото се вели дека по Првата светска војна, Грција и Бугарија, според конвенцијата за Договорот за малцинствата од 27 ноември 1919 година, размениле население. Грција протерала околу 53.000 (Вилкинсон, 1951:262) „словенски говорници“ во Бугарија во замена за 30.000 таканаречени „Грци“ од Бугарија.
Исто така е дадена содржина на Новиот проек на Австралиско-македонскскиот театар од Сиднеј под наслив „Мистерии поврзани со Александар (Велики) Македонски и со Македонија“, кој се очеку од македонските исленици да го поддржат снимањето на документарниот филм што никого нема да го остави рамнодушен.
Потоа е презентиран текст за одржувањето на Семакедонска средба, во организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија "Мирка Гинова" и Сојузот на здруженијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија и децата бегалци "Македон" што се одржа во Штип на 9 ноември, на која му беше доделена Благодарница на Александар Донски.
Во продолжение е поместен текстот на м-р Оливера Јовановска за „Средбата со повратниците“, во кој, меѓу другото се вели дека Претседателот на Владата на Република Македонија Г-дин Христијан Мицкоски во соработка со г-дин Горан Ангелов, Директор на Агенција за иселеништво, на 24.12 2025 година во просториите на Владата на Македонија одржаа средба со повратници од дијаспората.
Исто така, Фиданка Танаскова се претстави со текстот „Хуманоста на дело - млади за млади“, во кој хуманоста на дело ја покажува и докажува и хуманитарното здружение „Јуникорн“ од Скопје, чии активисти им подаваат рака на помош, добрина, надеж и поддршка на деца со пречки во психо-природниот развој и на деца од сиромашни семејства во Република Македонија.
Гордана Димовска, пак, е претставена со текстот „Мост на соработкa помеѓу Австралија и Македонија“, во кој се вели дека Книгата патува и допатува од Велес до Мелбурн, при што е изразена благодарност за испратените книги за учениците во VSL Keilor Downs. Книгите ќе бидат предадени на учениците после училишниот распуст за што накнадно ќе биде објавено во медиумите. Инаку оваа акција е иницијатива на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес во соработка со Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн со кое имаат потпишано меморандум за соработка.
Во овој брј на ПОВОД 75 Славица Марцевска презентира текст во врска со месецот октомври кој е посветен на ракот на дојката кај жените (понекогаш и кај мажите) за собирање на финансиски средства со истражување, рано откривање и лечење како и можности за спречување.
Во продолжение Гордана Димовска пишува за „Фестивалот на македонска култура во Мелбурн во Williamstown “, кој се одржа оваа година на 23 ноември. На Фестивалот посетителите уживале во убавите македонски јадења, настапите на пејачите Вера Трајкоски, Лидија Јаневска, Валентина Џартов, Ева Цветковска, Стив и Џулиан Мачкаровски. Настапиле и голем број Културно уметнички друштва од Викторија кои исто така имаа и свои штандови со храна и традиционални производи.
Душан Ристевски се претстави со информацијата под наслов „Македонски фестивал во Сиднеј“ кој се одржал на 16 ноември во Карс Парк (Carss Park) во Сиднеј. Притоа, Советот на македонската заедница на Нов Јужен Велс за прв пат организирала национален Фестивал кој бил посетен од околу 20 илјади посетители. Посетителите имале можност да проследат богата културна програма како и да вкусат македонски традиционални јадења, пијалоци, да купат книги и двд и разновидни македонски сувенири. Фестивалот ја постигнал својата цел, со тоа што се презентирала македонската култура на сите нивоа од македонските организации во Нов Јужен Велс како и од разновидните македонски бизниси кои делуваат во оваа држава.
Дијана Јовчевска го презентира текстот „Матуранти 2025“, манифестација што се одржа на 25 октомври, во прекрасниот амбиент на „Банкстаун Спортс Клуб“, по осумнаесетти пат. Инаки, Балот се одржал за поддршка на македонскиот јазик, кој воедно претставуваше и матурска вечер за овогодишната генерација матуранти 2025 од Нов Јужен Велс. Во присуство на бројни гости, родители и официјални претставници, им беа доделени дипломите на 15 матуранти, со што беше означен крајот на уште една успешна генерација млади Македонци во Австралија
Текстот „Ајде да учиме македонски“ бидејќи запишувањето на вашето дете на часови по македонски јазик претставува вложување во идентитетот, културното наследство и љубовта кон учењето. Преку интересни, интерактивни и практични активности, учениците го развиваат мајчиниот македонски јазик и истовремено учат за македонската култура, јазик и традиции. Учењето во заедница со врсници гради самодоверба, поврзаност и гордост кон сопствениот идентитет.
На крајот на ПОВОД 75 е поместен текстот под наслов „Австралиско-македонскиот театар со нова продукција“, како и скромниот текст по повос смртта на Ѓорѓи Сталев Поповски.
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


No comments:
Post a Comment