Tuesday, June 26, 2012

ЗА ВИСАРИОН ДЕБАРСКИ

Пишува: Ванѓелко Лозаноски

Висарион Дебарски зазема видно место, поточно врвно место во книжевната активност во Слепченскиот книжевен центар. Со плодната книжевна дејност Висарион се вбројува во најплодните и најзначајните книжевници од Македонија во XVI век. Повеќе од две децении неуморно работи на кннжевното поле оставајќи и на македонската литература значајни дела.
За животниот пат на Висарион не располагаме со изворни податоци, но од неговите скромни записи го откoрнaвме неговото родно поднебје — Дебарско: „... Ви- сарион от Дебарскаго прјадела",157) или во друг запис Висарион от Дебра",158) од фрагментот на овие два записи самиог Висарион ногврдува дека потекнува од градот Де- бар. Тој за целиот свој живот е активен книжевник, но премногу скромен во изнесувањето на неговите биографски податоци. Од негового литературно дело слободно може- ме да заклучиме дека бил образован, интелигентен и да руван книжевник. Каде го стекнал своето образование немаме податоци, но веројатно своите ученички години ги поминал во манастирот „Св. Јован Бигорски" или во манастирот „Св. Пречиста" — Кичевска.
Даруваниот и трудољубив Висарион бил восхитен од книжевната и уметничката дејност во Слепченскиот манастир, од неговата културно-просветна традиција и од манастирската богата библиотека, која за него ќе биде најбогатиот извор за нови знаења. Прифатен и поттикнат од културните дејци во манастирот Слепче самиот започнал да се занимава со книжевна дејност. Во своите записи Висарион потврдува дека книжевната активност ја
започнал во овој манастир, наедно во своите записи ја изразил благодарноста кон неговите помагачи и соработници.
Во XVI век во манастирот Слепче, како што подвлековме, работеле и други книжевници, наедно и во другите македонски книжевни центри се истакнале и други книжевни имиња, но од творечкото дело на Висарион откри- ваме нешто позрачно, иосветло, тој пред се не е пасивен пишувач и преведувач, како што е случајот со многу наши книжевници од средниог век; тој е активен книжевник, кој не се задоволува само со препишување на веќе постој- ните ракописни книги, туку самиот врши избор на тексто- ви, собирајќи ги по свој укус и определба од разни рако- писи што му биле при рака.159) Отвора нови видици во македонската средновековна литература создавајќи рако- гшсни зборници што дотогаш не постоеле во старата маке- донска литература, со тоа го привлекол вниманието на средновекозниот македонски читател. Висарион на својата творечка актизност и дал широки размери, тоа го потвр- дуваат неговите многубројни ракописи со разнообразна те- матика. Тоа е јасно изразено во ракописните зборници, во кои иреовладуваат текстови од филозофско-богословска, догматска, граматичка и полемичка содржина. Во овој тип негови ракописи се: Дионисиј Ареопагит, Посланието на Јоан Дамаскин до Козма Мајумски, „Богословието" на Јо- ан Дамаскин,160) „Диоптрата" на Филип Монотроп, грама- тичкото сочиненне на Константин Филозоф, Климентови- те „Предели", полемичките списи на Григориј Палма про- тив Латините и други.161)
Висарион предизвикал жив ннтерес кај македонскиот средновековен читагел со неговите пролози. Тој прави и овде иновација, тематски ги проширува стихуваните проло- зи, вклучувајќи во нив и патерички раскази. Стихуваните пролози се за зимската или летната половина на годината со синаксарни четива за сите светители. Во прологот за март—август од 1554 година од Висарион, е поместена најголемата збирка патерички раскази, што досега е пронај- дена во таквиот тип словенски ракописи. Во ова значајно дело Висарион ги вметнал расказите: „Отец Герасим и ла- вот", „За картагенскиот војвода", „Филозофот Евгариј и епископ Синесиј", „За калуѓерот кој бил несправедливо обвинет за кражба", „За жената која била убиена од својог свекор", „Папа Григориј Римски", „Павле Препростиот" и „Монахот Малх.162) Висарион со овој свој пристап на тво- речко поле ја открива својата световна определба; тој не се помирувал само со религиозниот карактер на своите ракописи. Внесувај!'и свеж световен бран Висарион ќе биде меѓу најзначајните книжевници во Македонија во XVI век, а не е чудно што тој ќе биде и предизвик за маке- донските просветители, а особено за Кирил Пејчиновиќ, кој со л,убов и почит ќе остави забелешки врз ракопи- сите на Висарион. Книжевното дело на Висарион предизвикало жив интерес кај многу книжевници и културни дејци не само од кругот на Слепченскиот книжевен центар, но и надвор од него. За реномето на овој книжевен деец зборува и соработката со охридскиот архиепископ Прохор, кој бил голем почитувач на словенските рако- писи. Некои ракописи Висарион ги напишал по порачка на охридскиот архиепископ Прохор.163)
Висарион развил 25-годишна книжевна активност во Слепченскиот манастир.164 Во своите записи пишува дека книжевната дејност ја извршувал во овој манастир. Во прилог на овој факт се надоврзуваат некои негоби рако- писи кои биле исклучиво наменети за богослужбата за манастирот Слепче. Најизразит е случајот со минејот од 1549 година, каде ја наоѓаме службата на Јован Претеча, која била неопходна при изведување на црковната служба за време на патрониот празник на манастирот.
Во книжевното наследство на Висарион досега се идентификувани 23 обемни дела. Тие денес се наоѓаат во Библиотеката при БАН во Софија, во Југословенската ака- демија во Загреб, Народната и универзитетска библиотека во Скопје, библиотеката на Академијата на науките на СССР во ЈТенинград, во Хлудовата збирка во Москва, и во Народната библиотека во Софија, Софискиот црковен му- зеј и др.165)
Висарион се одликувал со голема работливост, достоинственост и чесност, и со неизмерна топлина и љубов кон книгата. Тоа се гледа од неговиот лаконски запис, кој е забележан на лист 333 на ракописот Зборник од творбите на Дионисиј Аеропагит; „. . . за тр8да не вт>зех ничесоже '. Ова негово одрекување од наградата за вложениот труд дојдува не така стихијно, туку е свесен одраз да се жртву- ва за светли идеали.
Св Висарион бил најплодниот книжевник во Македонија во 16 – тиот век кој со своите дела се доближува до Св. Климент и Наум. Црковното име го зел од Свети Висарион Светецот од четвртиот век.

No comments:

Post a Comment