Skip to main content

АЈДУТСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

За време на турското владеење во Македонија, животот бил неподнослив.Со текот на времето социјалните, верските разлики меѓу народот и завојувачите станувале се поголеми. Тоа било причина и за појава на разни форми на отпор. Се спротивставувале на исламизирањето кое заземало се поголем замав.Ги давале своите животи но не дозволувале да бидат потурчени. Таков пример е горењето на Ѓорѓи Кратовец во 1515 година на плоштадот во Софија, а потоа била погубена и Злата Мегленска. Kако што е познато Злата Мегленска била грабната од еден Турчин и се обидувал да ја потурчи но таа пружала отпор и му рекла “Јас верувам во Христа и нему му се поклонувам и само Него Го знам како мој младоженец. Од Него никогаш нема да се откажам дури и ако ме ставите на илјада маки или ако ме исечете на ситни парчиња.
Увидувајќи дека не може да ја убеди да се потурчи и да стане негова жена, ја пратиле в затвор каде била сурово тепана и мачена. На крајот била обесена, а телото ѝ било исечено на парчиња.
Многу убави и млади Македонки како Света Злата Мегленска биле објект на притисок за исламизирање и женење со турци.
Даночниот систем исто им задавал дополнителни маки. Па за да го избегнат плаќањето на данок, селаните ги напуштале селата во време кога требало да платат.
Посебно тежок бил и данокот во крв. Најмладите, здрави и убави деца биле одведувани насила а за да го спречат тоа, некои им тетовирале крст на челото на детето или ги женеле предвреме бидејќи властите во таков случај не ги земале.
За првпат почнале да крваат буни во 1564 година. Започнале во планинските краишта на Мариово а потоа се пришириле и на планинските краишта во Прилепско.Најстариот податок за појавата на ајдути во Македонија датира од 1502 година. Во една султанска заповед од тоа време се спменува дека штипскиот кадија фатил 6 ајдути и ги казнил со смрт. Ајдутите се организирале во дружини од 20-30 луѓе за подоцна да се зголемат и до 300. Имали и ајдути кои не биле во дружини туку дејствувале индивудално. На чело на секоја дружина имало војвода. Војводата бил избран од дружината а обично било избирано лице кое има најголемо искуство или било најдолго време ајдут.
Во историјата се споменуваат следните истакнати ајдути: Нико од село Ново Село (Берско), кој бил убиен на 29 мај 1627 година, Михо Трпко од с. Лесково (Леринско) наречен ‘Петре Војвода‘, кој во јануари 1634 година бил осуден и испратен за веслач на турските галии, Петре Дундар од с. Беранци (Битолско), кој имал дружина од 30 лица. Тој бил ликвидиран во јануари 1635 година. За најпознат војвода во тоа време бил Лошан, од с. Магарево , Битолско, а бил ликвидиран во солунскиот затвор во 1644. Значаен војвода бил и Константин од с. Сопотница, Битолско, наречен Чавдар Војвода. Војводите секогаш се облеквале убаво, со облека од чоја, накитени со токи , каиши и ракувале со најубавото оружје. Војводите се грижеле да потребите на дружаната, за прехраната, за оружјето, муниција. Исто така се грижеле за семејствата на своите другари, за ранетите ајдути. Па спрема тоа, војводите се одликувале и со храброст, преданост и праведност кон дружината. Ако војводата се покажел неспособен да ја води дружината, го сменувале. Помошниците на војводите ги нарекувале бајрактари кои го носеле и чувале бајракот.Бајракот бил многу важен симбол за појавата, постоењето на војска или нешто блиско до војската. Познат бајрактар бил Тане Митан од Битола. Неговата чета извршила напад на безистенот во Битола. За својата долгогодишна дејност, Тане бил осуден на смрт и погубен во 1651 година.
Ајдутските дружини се собирале околу Ѓурѓовден а се растурале околу Митровден. Штом ќе се кренел снегот и шумата ќе зазеленела, се јавувале ајдути.
Ајдути најчесто станувале селаните, сточари, аргати, чифчии, овчари а некогаш и попови и калуѓери кои биле духовни водачи на дружината. Но честа бил и појавата на жени – ајдути. Најстар податок за жена – ајдут е од 1636 година . тоа била Кира, сестра на еден познат ајдут од Цапари, Битолско.
За ајдутите забележал податоци во своите записи и турскиот патописец Евлија Челебија.тој во 1661 година посетил еден ајдутски логор во Македонија и запишал дека логорот бил во густа шума и за да се дојде до него, се поминувало низ многубројни стражи. Кога дошол во логорот тој видел шатори и селски коли . Заедно со ајдутите тука било собрано и околното население, жени, деца, старци. Таму видел и луѓе кои шиеле облека, луѓе кои готвеле храна, а ковачите ковале оружје.
Ајдутите биле закрила на народот. Тие го штителе од преголемата експлоатација, од зулумите на поединци и од турските власти.Селаните биле силно привразани за ајдутите па често и гинеле во нивна одбрана. Болни и ранети ајдути секогаш наоѓале прибежиште во манастирите каде калуѓерите ги лекувале и им давале храна.
Во акциите што ги преземале ајдутите, убивале господари на поседите, ппалеле чифлизи, амбари на спахиите, ја палеле жетвата, им ги кршеле орудијата за работа, ги пресретнувале собирачите на даноци, и ги ограбувале. Поголемите ајдутски дружини дури напаѓале и во градовите. Неколку пати тие влегле во Битола, Лерин, Охрид и Ресен. Двапати го ограбиле битолскиот безистен и однеле скапоцена стока. Нивниот придонес бил огромен за да се спречи производството на феудалните поседи. Наспроти тоа, турските власти преземале енергични мерки да се справат со ајдутството. За таа цел тие пак гисечеле шумите покрај патиштата, граделе кули и тврдини со воена посада, обично јаничари. Во 1636 била подигната Крива Паланка токму за таа цел. Ги палеле селата кои биле наклонети кон ајдутите, а фатените ајдути ги набивале на колец, ги дереле живи, им ги сечеле главите или ги испраќале на повеќегодишна робија.
И покрај овие мерки преземани од страна на турските власти, нашиот народ продолжил со организирање на дружни. Ајдуството никој не успеал да го уништи. Тие го подигале духот на отпор кај народните маси. Во сите буни и востанија ајдутите го составувале јадрото на вооружениот и побунет народ. Тие не биле против турскиот народ туку против турските феудалци и властодршци кои го експлоатирале и мачеле македонскиот народ.
И ден денес постојат голем број на сведоштва за нивната огромна заслуга и улога во македонската историја и се опеани во македонските народни песни.
Гордана Димовска

Photo image by: Petar Luka

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...