Skip to main content

ДОДЕЛЕНА БЛАГОДАРНИЦА НА АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ

Александар Донски, наш познат историчар и борец за човековите права на Македонците во егејскиот и во пиринскиот дел на Македонија, неодамна подготви брошура наменета за Македонците кои денес живеат во егејскиот дел на Македонија. Брошурата носи наслов „ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА“ со поднаслов „ПРИРАЧНИК ЗА УСПЕШНО ОПОНИРАЊЕ ПРОТИВ ГРЧКАТА ДЕНАЦИОНАЛИЗАТОРСКА ПРОПАГАНДА ШТО ДО ДЕНЕС  СЕ ВОДИ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗА НИВНО ГРЦИЗИРАЊЕ“.

 Во оваа брошура аргументирано се побиени и демаскирани најударните исторски ставови на големогрчката анти-македонска пропаганда, со што на нашите сонародници таму ќе се им помогне во зацврстување на сознанието дека тие се Македонци, а не Грци. Брошурата е во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј на чело со претседателот Душан Ристевски, во соработка со ЗМЕМ „Мирка Гинова“ од Штип. Спонзори на брошурата се Трајче Трајкоски и Гордана Димовска од Австралија.  Во моментов македонските патриоти од егејскиот дел на Македонија ја преведуваат книгата на грчки јазик, по што истата ќе биде бесплатно делена и масовно ширена среде нашинците таму.

 

Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...