Skip to main content

НАЈДЕБЕЛОТО ДРВО ВО МАКЕДОНИЈА

Велешкото село Теово се наоѓа на околу 50 километри од Велес кое тивко и полека изумира. Единствено заживува за викендите и летно време. Ако во 60-тите години ова село броело околу 1.200 жители, сега, според последниот попис, во вкупно 180 куќи живеат 120-ина жители, претежно старци. Селото е сместено на еден од краците на патот Вија Игнација, а името го добило од грчкиот збор Теос - Господ. Во ова велешко село расте најдебелотo дрво во Македонија.
Јавор џин кој шест века го плете животот во Теово.
Последните мерења покажуваат дека дебелината на древниот јавор изнесува 10-ина метри, а висок е околу 30 до 40 метри, а летно време неговите сенки го разладуваат центарот на селото.
Според одредени архолошки испитувања, Теово било населено уште од византискиот период. Потврда за тоа се многуте надгробни споменици и гробови расфрлани во и околу селото. Теово, како што тврдат мештаните, порано се наоѓало на неколку километри подалеку од местото каде што е сега. Тогаш, додека мажите работеле по нивите, во селото доаѓале зулумџии, правеле неред и сакале да им ги грабнат жените на теовци. За да се одбранат од насилниците и да си ги спасат жените, мештаните се договориле да го напуштат селото. Така и се случило. Дел од нив избегале кон Куманово, други засолниште нашле во врбите покрај реката каде што сега се наоѓа селото, а трети заминале кон Грција.
Она на што посебно се горди теовци е јаворот сред село кои тие неколку векови наназад љубоморно го чуваат и негуваат, потоа старата црква "Свети Атанас" и новоизградениот манастир "Свети Архангел Михаил".
Се претпоставува дека јаворот е стар околу пет или шест века. Никој точно не знае кој го насадил јаворот. Но, според кажувањата на мештаните, најверојатно, него го засадил некој турските бег кој го донел од Грција. Турците знаеле дека јаворите се вековни растенија и го засадиле како симбол на вековната турска империја. Од млада фиданка, од година во година, дрвото израснало во вистински џин.
Последните мерења покажуваат дека дебелината на јаворот изнесува 10-ина метри, а висок е околу 30 до 40 метри. Јаворот за жителите на Теово преставува центар на сите случувања. Под него, на местото на некогашниот бунар, сега се наоѓа фонтана. Местото под јаворот целото е поплочено и оградено. Навечер него го осветлуваат неколку електрични светилки.
Преку денот јаворот е сврталиште за постарите и игралиште за децата. Навечер, пак, кога ќе се спуштел мракот, под јаворот се собирале младите. Таму паѓале и првите бакнежи и се раѓала љубовта меѓу младите. Тука за време на селските слави и собири се играло орото и се пеела македонската песна.
Јаворот буди носталгија кај иселените теовци. Присетувајќи се на убавите спомени под јаворот, тие одново се враќаат на напуштените огништа. Некои ги поправаат старите куќи, а некои градат нови.
Веднаш под јаворот се наоѓа и црквата "Свети Атанас". Според фрсекописот, таа е стара околу три века. Неколку метри подалеку се наоѓа и осовното училиште. Порано во училиштето учеле над стотина ученици од прво до осмо одделение. Сега има само 12-ина ученици. Првачиња веќе нема. За неколку години, во училиштето, најверојатно, нема да има кој да учи. Под јаворот е и селската амбуланта. Лекар нема, а за старите и болните теовци се грижи само медицинската сестра Вера. Таа за нив е најхуманата сестра во државава. Не знае за ноќ и ден. Кога и да ја викнат, таа е тука. Некогаш се случувало, пеш, ноќе, да дојде да им помогне на болните, и потоа пак да си се врати дома. "Немаме зборови да ја опишеме нејзината хуманост", велат жителите кои ја почувствувале грижата на сестра Вера чиишто корени потекнуваат од ова село.
Над селото, пак, се наоѓа манастиорот "Свети Архангел Михаил" што Турците пред 400 години го запалиле до темел. На остатоците и темелите од стариот манастир сега е изграден нов манастир, благодарение на упорноста и желбата на прота Стојко Ристовски од Вардарската епархија.
За изградбата на овој манастир, како што раскажуваат некои од мештаните, врзан е и еден несекојдневен настан. Точно пред триесетина години, некоја видовита жена по име Веса се обидела да почне со градењето на манастирот. По нејзино кажување, биле откопани неколку темели од стариот манастир. Подоцна, кога на старите темели почнала градбата на мансатирот, тој бил урнат од полицијата која не ја дозволувала изградбата на манастирот. Притоа Веса ги предупредила да не го прават тоа, бидејќи доколку го урнат, тука ќе се пролее многу крв. Но нејзиното предупредување никој не го сфатил сериозно. Наредниот ден таму се случила вистинска несреќа. Возот што сообраќал на релацијата Битола - Скопје излетал од шините и неколку вагони се превртеле. На шините останале само последните два вагона во кои имало невеста. Тогаш едно лице загинало, а многумина биле повредени. "Но во несреќата имаше и среќа. Малку фалеше возот да слета во бездната која се наоѓа само на десетина метри подалеку од манастирот. Тогаш, најверојатно, никој немаше да ја преживее несреќата", се присетуваат теовци на овој немил настан, сврзан со градењето на манастирот "Свети Архангел Михаил" .

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...