Skip to main content

Posts

Showing posts from May, 2012

СЕЌАВАЊА ЗА ЈАНЕ САНДАНСКИ

За тоа дека Јане Сандански не беше само Војвода и борец за слобода на својот народ, зборува и записот од киднапираната придужничка на Мис Стон , Катерина Цилка. Опис што ја насликува душата на Сандански, но веројатно и душата на македонското движење од тоа неверојатно ужасно време Таа се породила на 22 декември 1901 година а бебето било крстено Елена, во чест на Мис Стон. По породувањето, Катерина Цилка ја измачувала мислата за тоа што ќе се случи со нејзиното бебе. „Несреќно ми бебенце“, се сеќавала на размислувањата во тие моменти, „бесценето мое, што ќе стане со тебе? Ќе те поштедат ли овие луѓе кога нема да се потчиниш на нивното ‘Пст!‘ и ‘Тивко!‘? Бебињата и нивниот плач се најслатката магија на светот, но и најнесаканото нешто кај разбојниците“, си велела таа прашувајќи се во првиот час по породувањето каде се четниците. Се плашела дека четата всушност се советува за тоа како да и го одземат детенцето. Нејзиното размислување го прекинало чкрипење на вратата. Влегол најмладиот...

КРАТОВСКИТЕ ЕВАНГЕЛИЈА ОД 14 ВЕК

Kratovo Four Gospels Стари ракописи - колекција во Националната и универзитетска библиотека "Св Климент Охридски" - Скопје е одговорна за откривање , евидентирање, собирање, проучување , држење и кредитирање на старите ракописи од Македонија. Збирката содржи 244 ракописи.Еден од најзначајните ракописи во оваа колекција е ‘ Четирите кратовски Евангелија ‘од македонската книжевна школа кој  датира од с редината на 14 век. Од овој ракопис се сочувани 151 страница . Се смета дека е напишан од три различни луѓе. Во ракописот се сочувани и д ве знамиња : едно на почетокот на Евангелието на Марко, лист бр.39 и на почетокот на Евангелието на Лука, лист .69 . Постои зелена линија на која со црвени букви е напишан насловот.Јасно е дека се работи за   одреден тип на антички македонски орнаменти карактеристични за 12-ти и 13-ти век.  Исто така постојат и округли црвени иницијали со свиткани краеви, карактеристични за средината на 14век T he Old Ma...

Krste Petkov Misirkov

Misirkov was the founder of the modern Macedonian literary language and orthography, and the editor and publisher of the first scientific, literary and political journal to appear in the Macedonian language. He was forced to spend his life in exile, as he relates in his "Memories and Impressions," "a wanderer in other lands, from which I tried to be of use to my oppressed country." He died in poverty in Sofia on 26th July 1926. Мисирков е основоположник на современиот македонски литературен јазик и правопис и уредник и издавач на првиот научен, литературен и политичкиот журнал на Македонскиот јазик. Тој бил принуден да го помине својот живот како бегалец, како што и самиот кажува во ‘ Спомени и впечатоци", "скитник во други земји, од каде што се обидував да бидам од корист на мојата угнетена земја." Тој умрел во сиромаштија во Софија на 26 ју 1926. Gordana Dimovska

Денот на мајката

Денот на мајката во многу земји во светот  има посебно значење затоа што ја истакнува значајната улога  на мајките во грижата за семејството и општеството. Личноста која се избори да се интернационализира овој ден е американката Ана Џарвис. Родена во Западна Вирџинија во1864. Нејзината мајка Ен Џарвис била основач на работни клубови за унапредување на хигиената во здравството. Во своето детство често и помагала на својата мајка и во одгледување на каранфили па можеби и од таму идејата да се даваат каранфили за сите мајки на овој ден. По смртта на Ен Џарвис во 1905 година, Ана се заколнала на нејзиниот гроб дека ќе се избори за посебен ден во чест на сите мајки во светот.  Така започнала со кампањата за прогласување на ден на мајката. Се откажала дури и од својата работа како учителка само да пишува писма до политичарите за да се усвои нејзиниот предлог кој за првпат го доставила во 1908 година. Нејзиниот предлог се усвои и официјализира ...