Sunday, May 13, 2012

Денот на мајката


Денот на мајката во многу земји во светот  има посебно значење затоа што ја истакнува значајната улога  на мајките во грижата за семејството и општеството.

Личноста која се избори да се интернационализира овој ден е американката Ана Џарвис. Родена во Западна Вирџинија во1864. Нејзината мајка Ен Џарвис била основач на работни клубови за унапредување на хигиената во здравството. Во своето детство често и помагала на својата мајка и во одгледување на каранфили па можеби и од таму идејата да се даваат каранфили за сите мајки на овој ден. По смртта на Ен Џарвис во 1905 година, Ана се заколнала на нејзиниот гроб дека ќе се избори за посебен ден во чест на сите мајки во светот.  Така започнала со кампањата за прогласување на ден на мајката. Се откажала дури и од својата работа како учителка само да пишува писма до политичарите за да се усвои нејзиниот предлог кој за првпат го доставила во 1908 година. Нејзиниот предлог се усвои и официјализира во 1914 година од страна на американскиот конгрес. Во Австралија, Денот на мајката се слави втората недела од месец мај.
 Џарвис сакала овој ден да се слави со посета на мајката и пишување на писмо.  Таа не можела да ги поднесе оние што продавале и оние што испраќале честитки.

"Неискрена печатена картичка или подготвена телеграма, не значи ништо освен тоа дека сте премногу мрзливи за да и напишете на жената која за вас направила повеќе отколку кој било на светот. Секоја мајка попрво би сакала да добие еден ред најлошо напишан текст од својот син или ќерка, отколку некаква честитка."


 Среќен ден до сите мајки во светот. Вашата грижа за семејството, вашата посветеност на работно место, активност во заедницата се од огромно значење за општеството во кое живеете.



Anna Marie Jarvis (May 1, 1864, Webster, West Virginia – November 24, 1948, West Chester, Pennsylvania) is the founder of the Mother's Day holiday in the United States.

She swore at her mother's gravesite in 1905 to dedicate her life to her mother's project, and establish a Mother's Day to honor mothers, living and dead .Anna Jarvis gave up her job (sometimes reported as a teaching job, sometimes as a job clerking in an insurance office), to work full-time writing letters to politicians, clergy members, business leaders, women's clubs and anyone else she thought might have some influence
Anna Jarvis was able to enlist the World's Sunday School Association in the lobbying campaign, a key success factor in convincing legislators in states and in the U.S. Congress to support the holiday
1912: West Virginia became the first state to adopt an official Mother's Day
1914: the U.S. Congress passed a Joint Resolution, and President Woodrow Wilson signed it, establishing Mother's Day, emphasizing women's role in the family (not as activists in the public arena, as Howe's Mother's Day had been).

Gordana Dimovska

No comments:

Post a Comment