Skip to main content

КОЧО РАЦИН ЗА МАКЕДОНИЈА

За мене е важно дека оваа земја се викала Македонија и дека извесни народи кои за таа земја оставиле спомен.. Ние видовме како ниту Србија ниту Бугарија под Турците не се викале со денешното име, туку со некои општи имиња. Ние сега доаѓаме во време кога тие не се појавуваат кога кај народите се јавува ренесансата. Народот почнува да станува национално свесен. Тогаш настапува времето кога тие историски имиња се извлекуваат од ризницата на историјата.. ...
Кај Македонците постоело сознание дека оваа земја некогаш се викала Македонија. Тие го извлекле од својата историска ризница своето име како и српските и бугарските идеолози. Во тој поглед на знамето на својата национална преродба го испишале своето македонско име. Националната преродба не се врши врз основа на историските натписи, туку дека таа земја е еднаква со другите и по својата етнографска положба и свест што постои кај народот.
Кочо Рацин  3.12.1939

„Тешко ние да можеме да најдеме во нашата културна историја друга толку монолитна личност како Рацин, што по еден творечки начин гради мостови меѓу минатото и иднината, што знае на здрави основи да создава културна традиција... ликот на Кочо Рацин придобива сè поизразити црти во нашето духовно битие. Веќе за нас што сме биле негови современици, а уште повеќе за новите поколенија, Рацин поставува со својот живот и со своето дело една мерка што се налага во творечка и етичка - мисла. На македонскиот простор не може веќе да се изневерува пораката на поетот Кочо Рацин, без да се засега во она што е суштинска основа на нашиот развиток“, ќе истакне Блаже Конески.
Рацин за македонската песна
Кога се пеат македонските песни, еден силен, широк бран, полн со неисцрпна мака и длабочина нија преплавува душата. Во нас воскреснуваат изминатите дни, тиха жалба и најсокровените чувства на нашето срце. Сето она што можело во животот слободно да се каже, она што требало да се премолчи, сето она што морало да се преживее во себе, го нашло своето место во песната. Во македонската песна е скриена тагата на мајка, потемнета од жалост, пресвиткана над огништето каде што огнот нечујно гасне, скриен е безнадежниот глас на ветерот што полека замира во оџакот, скриени се непоимливите моменти на љубовта, растрепенените радости, тихиот шепот на расцутените нарциси в поле и екотот на белите столетни букови стебла. Која анализа, макар била таа и од најопитен мајстор, би можела да ги најде проткаени во песната? Само увото и срцето на оние што ги преживеале ќе можат да ја дочараат таа потајна, скриена убавина.

Песната на Македонија е нејзина молитва, огледало на нејзината душа и нејзина воздишка. Македонија не создала сложени инструменти. Не измислила инструменти како што е клавирот, така сложен и богат. Таа нема сонати и симфонии. Песната и е проста, проткаена со неискажано многу тага, со едно трогливо спокојство во кое има и плач и мака, но и надеж. Нема потрогливи моменти, моменти што се граничат со екстаза како кога набраната мака, длабоко и интензивно, ќе се одухотвори одраката на свирачот на проста тамбура или кавал. На клавир, на тој толку богат и така прекрасен инструмент, преживувањето станува уметнички обогатено од боите на многу тонови. Виртуозот ќе му даде од своето мајсторство, ќе го препушти низ призмата на својот внатрешен живот. Народниот поет, меѓутоа, ќе го испее просто, далеку понепосредно, со нерасипана и исконска чистота“.

Извадок од ‘Кочо Рацин - наша творечка и етичка мерка‘

Васил Тоциновски






Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

Ensemble of Folk Instruments and Songs "Stefce Stojkovski" - keep Macedonian tradition alive

The Macedonian traditional music and dance seminar, which has my name as a brand, is known on the world music scene, traditional folklore festivals, at the departments of world-famous universities in ethnomusicology, ethnochoreology, musicology, folklore studies and beyond. The need for organizing such a seminar as well as the significance of the existence of such a seminar are enormous for us Macedonians. Namely, through this seminar, which is being organized for the 19th time, the general public is introduced to Macedonian musical traditions, the playing of original and classical instruments, Macedonian songs and dances, the styles and manner of playing, singing and dancing are studied. The seminar is organized for beginners, connoisseurs and more advanced amateur or professional level of participants. The seminar is organized by the members of the ensemble, and the lecturers are prominent and renowned amateurs and professionals in the field of folklore. All visitors who register ar...