4 ноември 1944 година, по четиригодишна окупација македонските борци го ослободија градот Битола. На Тодор Ангелевски На сред село збрани пред митралез стојат селаните, испраени! А децата што наивност в очи им блика, наредени како пред жртвеник чекаат Наоколу тишина... Сал мисла, ко птица низ секого мине, скришна: “Дали ќе го најдат?“ Секој од камен понем станал! Ни плач! Ни лелек! Ни писок најмал! Сал чкртање заби во крвничка уста и,кундак по плеќи Пак тишина!!! ...Негаде ѕвонец заѕвони : Некоја порта со сила се отвори. То крвникот - предавник - не почива миг, И ко хиена штом смириса крв, Се приближува полека, полека, но не прв! Обрачот се повеќе стега... Тишината намирисала бура па чека. Одеднаш пукот, два... Некаде заечи митралез и, борбата пламна. Бој нерамен беше. Тој сам ! Ко карпа пред сите стоеше! Пресудата гласеше :СМРТ ! Но, сам тој судија стана на животот свој и крвникот останал пак со празни раце тој! На сред село збрани...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ