Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2026

ИСКОНСКО И ВРЕДНО ОД ПАМТИВЕК ДО ДЕНЕС И СЕКОГАШ ВО ИДНИНА

Ние Македонците немаме пирамиди и сфинги, нашата татковина не е украсена со палати на материјални паметници, но има нешто кое ниту вековите, ниту природните стихии, ниту демонската рака на насилниците не можат да го разурнат.Таа нескршлива сила е излеана во единствениот паметник – народната песна, најбогато и најценето наследство што ни останало од минатиот живот и културата на Македонецот, сочувано и до денес‘ -Јосиф Чешмеџиев, 1926. Овој прилог е за народната традиција, религијата и културата. Овие три важни области, ја граделе човечката цивилизација. Можеби недоволно се почитува и проучува некој дел од овие области но доволно е застапено да не инспирира и води напред. Поради немање можности да ја развива книжевноста во услови на окупации, ропства и наметнати туѓи култури, кај Македонците во минатото сепак се разбудија посебни поетски, музички , играорни дарби. А духот на народот доаѓал до израз најчесто преку создадените, приказни, легенди, гатанки, мудрости, пословици кои ден...