Skip to main content

БРСЈАЧКАТА БУНА


·    Да се корегира една историска неправда - од Научниот собир во Битола – Објавен научен труд во книгата Зборник – Битола 2012, стр.371 од Ванѓелко Лозаноски
·    Брсјачкото востание одразено во Македонската народна песна и кај српските историчари и собирачи на народни песни
По Разловечкото и македонското Кресненско востание, во западна Македонија, во 1881 година, започна Брсјачкото востание. Кое до ден - денеска во историјата ова востание е познато како буна. Кога ја пишував книгата „Брсјачка буна“, д-р Глигор Тодоровски ми даде можност да го обработам како востание. Во овој труд ќе се задржам на изборот на востаничкото раководство, востаничкиот штаб. И одразот во македонските народни песни запишани од македонски и српски историчари, културни дејци и собирачи на народното творештво. И Брсјачкото востание е одраз на востаничките движења кај соседите и во Македонија, како незадоволство од Берлинскиот конгрес, за македонското прашање.

ИЗБОРОТ НА РАКОВОДСТВОТО И ОДЛУКАТА ЗА ВОСТАНИЕ
Во јануари 1881 година се одржал значаен состанок на револуционерните кружоци и војводите со нивните четници во Топличкиот манастир „Св. Никола“, недалеку од Слоештица, Бабино и Жван. Овој состанок е продолжение Слепченското советување, кое се одржало само по неколку недели од неговите одлуки. На Топличкиот состанок биле присутни следните војводи и востаници: Ангеле Танасковски, од Цер, Мијајле Тодоров, од Белица, Мицко Крстевски, од Порече, Ристе Добреновчанец, од Добреноец и Насте Латовчето и други истакнати војводи и претставници на селски и градски кружоци, од Дебарца, Крушевско и Охридско. Состанокот го отворил Илија Делија.
Овој состанок траел два дена во просториите на манастирските конаци на манастирот „Св. Никола Топлички“. Уште првиот ден, во попладневните часови, во конаците од манастирот започнал работен состанок. Секој од присутните давал исцрпна информација за бројноста и вооруженоста на четите и за општата состојба на реонот каде дејствувал.
Ангеле Војводата зборувал за подготовките извршени во селата од преку Турла, неговото родно село Цер и поблиските крушевски села. Мијајле Тодоров за борбената готовност по селата од Беличка Река, со центар на с. Белица каде биле лоцирани комитските чети. Ристе Добреновчанецот зборувал за револуционерната раздвиженост од селата на Горна Копачка и мавровско - дебарските села. Насте Латовчето од село Латово - Македонски Брод, Поречието, со голема почит и восхит зборувал за успесите во поречките села, за борбената способност во овој крај и за самостојната управа во тие села. Зборувал за редот и мирот што владеел во 36 села од Порече, за слободата што ја чувал самиот народ под водство на војводите Стеван и Кузман. Илија Делија, од Мало Илино - Демирхисарско зборувал за сенародната подготвеност во демирхисарските села. Се јавувале и ределе дискутанти од Дебарца, Крушевско, Ресенско и други места. Селските делегати на кружоците зборувале за подготвеноста и можностите поединечно,за подготвеноста на секое село од нивните подрачја. На крајот од сите дискусии било констатирано дека борбената готовност во овие подрачја била на високо ниво. Но и на овој состанок станало збор за слабата состојба од оружје и муниција. За овој актуелен проблем зборувале Илија и Ангеле и ги убедиле присутните дека оружјето е на пат и не треба да се третира како проблем.
По убедителните истражувања на Илија, (кој самиот длабоко бил убеден во братската помош од Србија, Бугарија и Русија) била донесена едногласна одлука пролетта 1881 година да започне востание. Датумот не бил одреден. По оваа одлука било избрано раководно тело, односно Востаничкиот штаб. За водач бил избран Илија Делија, а за негов заменик Ангеле Танасковски.
Наредниот ден, во утринските часови, влегле во манастирската црква. И за прв пат во демирхисарскиот крај меѓу насобраниот народ и сред бел ден биле вооружените комити. Илија Делија побарал од протата Дамјан и архимандритот Ананија, од топличкиот манастир „Св. Никола“, да ги заколне присутните комити, а тој самиот да ја даде неговата заклетва.
Пред да биди извршена заклетвата, Илија пред насобраниот народ зборувал за братската помош од соседите и Русија. Истакнувајќи ги на дело одликувањата што му ги дале Србите и Русите во Српско - турската и Руско - турската војна. Докажувајќи му на насобраниот народ дека таа помош е заслужна, од многубројните македонски борци учесници во борбата против османлиската империја, во Србија, Русија и Бугарија.
Во црквата завладеал мир и свечена атмосфера. Најнапред Илија, со пушка в рака, ја дал заклетвата пред протата Дамјан, а по него истото го направиле другите војводи и комити. Таа била и цврста машка заклетва дадена пред народот.
Народот воодушевено ги гледал сите храбри синови, ги гледал веќе прочуените борци за слобода. Протата Дамјан, потоа го запрашал: „Што бараш ти од нас за да отпочне светото дело? “ Со возбуда и восхит го следел одговорот на Илија: „В пролет, кога ќе разлиста шумата на Велигден, вие, вашите синови и браќа, барам заедно со мене да бидете на Пространската планина секој кој може пушка да носи и оттаму ќе го развиеме македонското знаме и ќе ја отпочнеме нашата јавна света борба за слобода на нашата мала татковина.“ Слободарското сонце да ја огрее нашата измачена, окрвавена Македонија. А за да бидете верни на своето дело, сакам да ги дадете вашите потписи и печати.

По предлог на Востаничкиот штаб, било решено, покрај усмено дадената заклетва, да се даде и писмена заклетва. За таа цел направен бил список - изјава, која сите присутни ја потпишале и со својот печат ја потврдиле. Првиот печат е ставен од топличкиот манастир „Св. Никола“, вториот печат е од самиот прота Дамјан, потоа сите селски старешини потврдиле и ги ставиле своите печати. На крај, сите присутни дале клетва дека ќе му бидат верни на Востаничкиот штаб. Изјавата требало да ја потпишат и заверат отсутните селски и градски кружоци. За ова биле определени лица кои ќе ја носат Изјавата и ќе ја предадат во секое село за понатамошен пренос.
Востанието добило силни размери во Кичевија, Охридско, Дебарца, Порече, Крушевско, Солунско. Но, најжестоките борби се водени во Белица Кичевска, манастирот „Св. Ѓорѓија“ - Зашле, Илино, Дебарца, Душе Гибица итн.




Автор: Ванѓелко Лозаноски




Gordana Dimovska

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.