Белата птица падна ранета на земја
Изгуби сјај, надеж и
сила
Ко да нема веќе
крила,
не може да ја ужива слободата мила.
Не може да пее песна во гората блиска
песна за пролетни цветови со опоен мирис
песни за јунаци, борци,
песна за зелените лисја што шумолат и зборат
крај изворот горски.
Ангелот - чувар слезе до неа
тивко и нежно утеха и дава:
“Верувај во мене птицо бела
Верувај и чудо ќе се случи,
ти повторно ќе се вивнеш
ти повторно ќе
леташ на небото сино!“
А птицата тажна
рече:
“Но јас сум
ранета и без крила
не можам да летам
не сакам некој повторно
да ме рани.“
Исправи се силно
и рашири ги твоите крила
Ако паднеш јас ќе
те кренам
Секогаш има некој
да те чува
Можеби некој ќе
те рани
Можеби повторно
ќе паднеш ,
Но верувај во
себе
Ти имаш сила повторно да станеш
Да запееш песни во гората блиска
за пролетни цветови со опоен мирис
песни за јунаци, борци,
песни за зелените лисја што шумолат и зборат
крај изворот горски.