Skip to main content

Posts

Showing posts from October, 2026

ПЕТИЦИЈА НА "НАША МАКЕДОНИЈА" ОД АВСТРАЛИЈА ЗА ОТВОРАЊЕ НА ПРВ МАКЕДОНСКИ МУЗЕЈ

Организацијата Наша Македонија Инк. (Our Macedonia Inc.) има активна петиција на платформата Change.org со која се повикува на поддршка за отворање на првиот македонски музеј во Австралија (лоциран во Мелбурн). За петицијата и иницијативата Цел: Собирање потписи за основање на јавен македонски музеј и културен центар што ќе ја зачувува историјата, традицијата и повеќевековниот придонес на македонската заедница во Австралија. Организатор: Наша Македонија Инк. (Our Macedonia Inc.) во соработка со разни младински и културни здруженија од македонската дијаспора. Како да ја поддржите: Петицијата може да се погледне и потпише преку официјалната Change.org петиција за Македонски музеј во Австралија. За да го сторите тоа и поддржите оваа кампања, кликнете на овој линк:  https://www.change.org/p/support-the-creation-of-a-macedonian-museum-in-australia  За успех е потребно единство и вистинска поддршка меѓу Македонците во целиот свет. Поддржете ја оваа иницијатива на Наша   и...

МАЕСТРАЛЕН НАСТАП НА ЈОРДАН МИТЕВ ВО МЕЛБУРН

Јордан Митев приреди вечер за паметење во „Ferraro Reception“ - 9 октомври 2026 Македонскиот музички амбасадор Јордан Митев уште еднаш докажа зошто е еден од најценетите и најомилените вокали на нашата естрада. На својот последен настап во престижната сала „Ferraro Reception“, тој пред многубројната македонска публика приреди вистински музички спектакл, надминувајќи ги сите очекувања. Она што ја одбележа оваа прекрасна вечер беше неговата неверојатна и незапирлива енергија. Митев пееше со часови, без прекин, покажувајќи редок професионализам, огромна почит кон публиката и вокална кондиција која ретко кој уметник на овие простори ја поседува. Неговиот огромен труд и целосна посветеност на сцената се чувствуваа во секој отпеан тон.Вечерта во „Ferraro Reception“ беше уште еден светол доказ дека, без разлика колку сме далеку од татковината, македонската песна живее, одекнува и вечно ќе се чува во срцата на нашиот народ. Репертоарот беше совршен спој на неговите најголеми авторски хитови и ...

УБАВ ДАЛЕЧЕН СПОМЕН ОД ПРОМОЦИЈАТА НА ПОЕМАТА ТОДОРКА ВО ВОЛИНО

Автор: Иван Трпоски Секогаш кога ќе се потсетев на Волино и Волинци, незаборавно низ паметот ми се вртеа активистите од нашето село кои му оставиле во неговата изградба свои белези. А тоа се активистите Спасе Трпоски и Звонко Тупанчески. Спасе роден во 1947 година во Волино, кој по подолго боледување почина на 16 декември 2000 година во Охрид. Едниот со куферот враце замина преку мориња на печалба во Австралија, а другиот уште помлад, со куферот в раце, со авион замина за Њу Џери, во Америка. Двајцата поткоени со патриотизам, покрај печалбата, се втурнаа во многунационлниот живот на двете капиталистички држави, за да ги заштитуваат своите национални чувства и да се дружат со истомисленици, Македонци со кои ќе се борат за своите права и слободи, како за себе, така и за својата татковина Македонија. Спасе, со својот бунтовен патриотизам постана идол за идните поколенија на Волино. Негови приоритети се изградба на селското речно корито, со базент за фрлање на крстот за време на Светијон...

Звукот на вечноста од кавалот на Стефче Стојковски