Интервју со Дона Димовска Кантаровска Директор на Rainbow Божилак Tеатарот во Мелбурн Macedonian timeline - Дона, пред се честитки за твојата долгогодишна и неуморна работа во областа на театарската уметност. Честитки и за твојата најнова, неодамна изведена претстава “Грофицата“. Твоите почетоци се во родна Битола, Македонија, но ти секако сето тоа богато искуство го пренесе и овде во Австралија.Да почнеме со ред: Macedonian timeline Пред да заминеш од Македонија, дали имаше јасен план за да ја продолжиш твојата актерска кариера и во Австралија? Дона: Поздрав до сите читетели и благодарност до вас Гордана. Веднаш и накратко да ви одговорам дека јас немав никаков план или намера да ја напуштам Македонија и да живеам во Австралија, но во едно сум сигурна дека актерската кариера е мојата животна професија за која се определив многу одама.Така и ќе остане.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ