Skip to main content

АКТЕРСТВОТО Е МОЈА ЖИВОТНА ПРОФЕСИЈА


Интервју  со Дона Димовска Кантаровска
Директор на  Rainbow Божилак Tеатарот во Мелбурн
Macedonian timeline - Дона, пред се честитки за твојата долгогодишна и неуморна работа во областа на театарската уметност. Честитки и за твојата најнова, неодамна изведена претстава “Грофицата“. Твоите почетоци се во родна Битола, Македонија, но ти секако сето тоа богато искуство го пренесе и овде во Австралија.Да почнеме со ред:
Macedonian timeline  Пред да заминеш од Македонија, дали имаше јасен план за да ја продолжиш твојата актерска кариера и во Австралија? 

Дона: Поздрав до сите читетели и благодарност до вас Гордана.

Веднаш и накратко да ви одговорам дека јас немав никаков план или намера да ја напуштам Македонија и да живеам во Австралија, но во едно сум сигурна дека актерската кариера е мојата животна професија за која се определив многу одама.Така и ќе остане.

Macedonian timeline  Дали тоа искуство или твојата пасија кон театарската уметност можеш лесно да ја го пренесуваш и овде во Австралија или се соочуваш со сосема поинаков начин на работа?

Да секако дека можам, зборувам во смисла на долгогодишното театарско искуство и зрелоста која што ја носат годините. Нема поинаков начин на работа постојат само нови искуства.
Macedonian timeline  Што ти недостига од Битола?

Дона: Ако речам дека не сум носталгична нема да бидам реална, зашто навистина нема момент во денот а да не помислам на сите оние кои ми значат во животот, како што се родителите, колегите од театар и пријателите. Каде и да сум сите тие се дел од мене.
Macedonian timeline  Кога започна да работиш со македонското училиште за сценски уметности “Божилак“,направи неколку успешни детски претстави меѓу кои Пинокио, Божиќна желба, Црвенкапа и други,  Што значат тие претстави за тебе сега? Каква е новата структура на Rainbow Божилак Театарот?
Дона: Првите Музичко театарски претстави за деца и младинци на Македонски јазик се од огромен придонес за Македонската заедница во Австралија, бидејќи во Австралија не постоеа претстави за деца на Македонски јазик,( барем јас така сум запозната). Горда сум на тие претстави затоа што им овозможивме на децата да имаат ретка можност да гледаат престави на свој мајчин јазик. Најважно е тоа што претставите имаат свој образовен карактер, па во изминатите години три од тие претстави биле изведувани во Викториските Јазични Училишта, преку нивната “Artists in Schools Program” додека претставата Пинокио се закити и со награда.

Macedonian timeline  Како дојде до идеја за најновата претстава “Грофицата“? Кој се беше инволвиран во овој проект и колку си задоволна од посетеноста, ефектот кој се постигна после изведбите во Мелбурн?

Дона: Тоа беше интерен процес на креирање ново/оргинално дело.  Идејата се роди пред две години. А таа идеа е на дизајнер костимограф Жанета Филиповска, имаше напишано кратко сценарио за Мини драма,“Македонска Грофица”, во кое костимите беа главна инспирација. Мене многу ми се допадна тој концепт. Во почетокот Снежана Стојанова напиша текст на Македонски јазик, но од одредени причини , не ја изведовме таа мини драма. Но јас не мирував, сигурна бев дека ќе биде прекрасен и оргинален проект па затоа и предложив на Снежана да се напише драмски тект за почеток врз оние информации кои во тој момент ги имавме а и со сценската визија која јас ја имав за делото. Подоцна тој текст Снежана го преведе на англиски јазик и го надополни со преубава поезија, дијалози и монолози. Но и покрај сите наши напори драмата не се изведе и повторно имавме одреден период на мирување по што јас заминав во Битола.
Во тој период сфатив дека мора да ја оживееме Грофицата на сцена и по моето враќање во Австралија започнавме со проби и со интензивни консултации околу драматуршката стуктура на текстот по што се роди силна љубовна приказна. Екипата на Грофицата ја сочинуваат млади таленти Ана Цаковска и Мартин Масалковски, искусните Вера Трајкоска, Соња Стојановска, јас и колегата Давид Фарингтон, кој по потекло е Австалијанец. На пиано со прекрасни музички точки настапи Алана Степановски. Режијата е моја. Во Мелбурн имавме четири изведби и сите беа успешни. Јас сум повеќе од задоволна постигнатото.
  
Macedonian timeline  Кои се најголемите тешкотии со кои се соочувавте како тим во поставувањето на сцена на “Грофицата“?
            

Дона: Би рекла времето за проби. Секогаш ни требаше повеќе време. Но навистина немавме поголеми тешкотии или проблем при поставување на перформансот.

Macedonian timeline: Дали Македонската заедница во Мелбурн излегува во пресрет во смисла на спонзорство но и поддршка на претставите на макдонски јазик ?

Дона: За жал не.  Спонзорство сум барала од организации, бизниси уште од 2008 година, значи од отварање на театрот. Досега никој во Македонската заедница не ја видел важноста за потреба на ваков вид на театар и програмите кој тој ги нуди. Се надевам дека ќе им го изменам мислењето на многумина во иднина.

Macedonian timeline  Што најмногу ти помага во твојата работа, односно што е најголема мотивација и поттик за да го оствариш замисленото?

Дона: Ако некој текст е квалитетен и во него гледам потенцијал да прерасне во прекрасно дело тогаш тоа  е за мене мотивација да се постави на сцена и да се изведе,  како што рекол Тенеси Вилијамс “Делото не постои се додека не се оживее на сцената”. Но како актер од друга страна, желба да се игра на сцена е уште поголема мотивација.

Macedonian timeline Ако го пренесе театарското искуство од Битола во Мелбурн пред 17 тина години, дали сега сметаш дека се здоби со нови искуства и  би можело ли тоа да функционира повторно и во Битола?

Дона: За сите овие години јас постојано се надоградувам професионално. Уште со моето доаѓање во Австралија се запишав да студирам Диплома по Уметност (Театар) подоцна ги завршив постиполски студии за Наставник во средно образование-специјализација по предметите Драма и Македонски јазик. Па заради сето тоа искуство, пракса работа како наставник по драма, актер и режисер, едно драмско дело го гледам од тој аспект. А дали сега би функционирала после сите овие години на сцена во некој од Македонските театри ќе треба да го искусам тоа па ќе имам поконкретен одговор во иднина.
                       



 Macedonian timeline Можеш ли да избереш некоја најдрага улога од досегашните претстави?
Дона: Да, Грофицата – Јана.

Macedonian timeline: Што значи театарот за еден уметник?

Дона: Дом, семејство, храна без која не се може.

Macedonian timeline  Што планираш понатаму, дали е веќе некоја нова претстава на повидок? И кога да ја очекуваме?

Дона: За годината што следи имаме доста планови. Сакаме Грофицата да ја претсавиме на Регионален Фестивал, точни дати за сега немам, исто така Грофицата е предложена како дел од програмата во Ламама театарот. Во мегу време спремаме две аудиции една е според текст од Македонски  драматург, Весна Кушлеска - комедијата “Шест дена работи седмиот одмарај или едноставно П” планираме крај на Мај-Јуни да ја доживее својата премиера;  А додека најмладите треба да ја очекуваат најновата претстава за деца “Пипи долгиот Чорап” некаде во Ноември месец. Но покрај овие планови сигурна сум дека во текот 2015 ќе произлезат уште некои други непланирани проекти.

Macedonian timeline  На крајот , со каква порака ќе ги оставиме љубителите на театарската уметност?
Дона: Грижете се и помагајте на се што е Македонско. Доаѓајте вие и носете ги вашите деца, внуци да гледаат и слушаат прекрасни детски престави на Македонски јазик кои верувам долго ќе ја паметат посетата во театар. Театарот постои за публиката, додека постоите вие ќе постоиме и ние.
Благодарност до Дона Димовска Кантаровска за исцрпното интервју. И посакуваме уште многу претстави и големи успеси во театарската уметност.

За Macedonian timeline, Гордана Димовска (Gordana Dimovska)

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.