Низ убавите стихови за Битола, за Турунџев, Ѓорѓи Сугарев, и пeсните за деца, на 19 септември во просториите на библиотеката во Thomastown , А.М.Л.Д „Браќа Миладиновци“ ги промовираше стихозбирките Битола Бабам Битола и Пролет во мојата душа , на поетесата Љубица Поповска. Осврт кон двете збирки даде Виолета Јовановска а рецитатори беа Гордана Димовска, Трајан Цветаноски, Иванка Петровска, Стеван Ацески, Љубинка Лазаревска, Шаана Јовановска, ученичките Јулијана Гроздановска, Татијана Гроздановска, Клаудија Гроздановска. На промоцијата учество зеде и музичкиот гостин Марјан Васковски кој на хармоника изведе неколку песни за Битола. Гости беа и членовите на женската играорна група Весели Македонки кои неуморно работаат на зачувување на македонската традиција преку убавите фолклорни мотиви, носијата, и секако македонското оро. После оваа промоција во М rnda village community hall, А.М.Л.Д “Браќа Миладиновци“ ја одржа и промоцијата на најновата книга од Нове Младеновс...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ