Skip to main content

ИНТЕРВЈУ СО ГОЛЕМИОТ ЛИКОВЕН УМЕТНИК СТЕФАН ПОПОВСКИ

Моето родно  место ( с. Кравари) под Хераклеа градот на Филип и гордоста кон Македонската историја ме поттикнаа да создадам дело со кое би се гордеел секој кој има корени од Пелагониското поле и е Македонец и желбата да се усовршувам со нови технологии на сликање." - Стефан Поповски
Љубица Поповска: Повод  за разговор е сликата „ Последната битка на Александар Македонски“ изложена во рибниот ресторан „ Планинска куќа“ во близина на битолското село Бистрица . Како дојде  на идеја за изработка на сликата?

Стефан Поповски -  Пред сé моето родно  место под Хераклеа градот на Филип и гордоста кон Македонската историја ме поттикнаа да создадам дело со кое би се гордеел секој кој има корени од Пелагониското поле и е Македонец и желбата да се усовршувам со нови технологии на сликање.

Љ.П - Посебен куриозитет е што посетителите на рибниот ресторан без исклучок се фотографираат покрај самата слика. Како се  чуствуваш кога тоа го гледаш пред свои очи како автор на делото?

С.П Тоа не се опишува, туку ви дава надеж да се трудите од  ден на ден да бидете сé подобри и да оставате сé подобар впечаток со секоја наредна слика.  Тоа е исто како натпревар, никогаш не застанувате и за нијанса се трудите да победите. Мило ми е што сликата сега се наоѓа на едно од најубавите туристички и излетнички места во Битолскиот регион, преполно со гости од сите краишта на Македонија и туристи од дијаспората.


Љ.П Која е големината на сликата и дали имаш и други слики од тој формат?

С.П - Тоа е слика направена со акрилни бои на платно и посебен лак кој дава повеќе живост на делото.  Инаку е со димензии 190цм /140цм. А веќе насликано повеќе слики со тој формат, бидејќи сликите со поголем формат се поубави и повпечатливи.

Љ.П - Од  кога се појави твојот интерес и желба за цртање?

С.П - Тоа е вродено  кај мене и кај секој уметник на многу мала возраст две- три години се покажаја првите знаци земав јаглен од огнот и цртав на плочките под тепихот и кога ќе се чистеше дома мајка ми ќе наоѓаше цртежи насекаде.

Љ.П - Кога и кој ти го уткри талентот за цртање и сликање?

С.П - До предшколска возраст наставниците не можеа да забележат, бидејќи немаа познавање од уметноста.  Мојот талент е забележан во петто одд.  од страна на графичарката Лубица Солак , денешна претседателка на Друштво на Ликовни Уметници – Битола,  на која и беше прво вработување после ликовната академија и кога го виде првиот мој цртеж одма го забележа мојот талент.

Љ.П - Неоспорен е твојот талент и логично стана и член на Малиот Битолски Монмартр. Од кога и чија беше иницијативата?

С.П - Станав член околу 1999 год во најдобрите години на студиото. Се разбира наставничката Лубица  Солак одма ме прати да се усовршувам.

Љ.П Колку години беше член на Малиот Битолски Монмартр?

С. П - Околу пет години.  

Љ.П - Колку членови членувавте во  Малиот Битолски Монмартр?

С.П - Во тоа време имаше многу членови од многу мали до средна школа.  Броеше околу шеесетина од кои десеттина се одделувавме.

Љ.П - Со кои сликарски техники сликавте?

С.П  - Се сликаше со мрсен пастел или мрсни боици и со темперни бои.

Љ.П - Како член на Малиот Битолски Монмартр имаш учествувано на повеќе ликовни колонии.  Како беше избран да учествуваш на нив? И  какви мотиви обработувавте во тие Ликовни Колонии ?

С.П - Коста Хаџи- Антоновски ги избираше подобрите за на колонии и јас бев најмал член на тие колони од студиото во тоа време  и се дружев со поголеми деца и уметници. Учествував на бројни ликовни колонии, меѓу кои: Пелистерска рапсодија, Крушево, Охрид, Лерин (Грција).

Љ.П - Малиот Битолски Монмартр секоја година и на многу ликовни конкурси праќаше слики од своите членови за кои сметаше дека се најдобри. Колку твои творби беа испратени? Колку награди имаше добиено и која е најголемата добиена награда во рамките на учеството во Малиот Битолски Монмартр?

С.П - Во тој период имав многу слики во неделата по една слика испратена на конкурс.  Имав добиено триесеттина дипломи ,  меѓународни и државни, сите прво место и златни медали за сликање. Најистакнати се:  Прага – диплома и Гран При, Евора во Португалија -  златен медал, Видин Бугарија -диплома, Русија  - Москва - диплома, Кина- диплома,  Индонезија  - диплома и бројни дипломи од Малиот Битолски Монмартр. Од сите овие секако дека најголема и најважна награда е Гран При-то од Прага (НАТО). А истот така вон овие награди од Малиот Битолски Монмартр, имам и други  дипломи со први места од училишни конкурси.

Љ.П - Кој беше мотивот на најголемата добиена награда за сликање?

С. П - Мотивот беше Македонски фолклор„ Тешкото оро“ и „жена со  фурка “ насликани со темперни бои.

Љ.П - За оваа најголема награда беше распишан Ликовен конкурс на тема „Мир во светот“ под покровителство на НАТО. Господинот сер Робертсон изрази желба лично  да ти ја врачи наградата . Како се одвиваше целата церемонија?

С.П  - Сето тоа беше „бум“ вест за сите и во студиото и дома исто кај пријателите.  Бев земен од час по математика на училиште и ми рекоја дека имам добиено голема награда за сликање и јас не верував.  Бев повикан во кабинетот на тогашниот претседател Борис Трајковски по барање на господинот Робертсон да ми ја врачи лично наградата и беше испратена кола да нé земи од дома мене, родителот и учителот Коста Хаџи - Антоновски . Кога пристигнавме излегов пред многу новинари  и фотографи  и сер Робертсон ми ја додели наградата и златно пенкало за потпишување договори.

Љ.П - Паралелно со членувањето во Малиот Битолски Монмартр земаше часови и кај зографот Никола Крнчевски. Колку време зографот Крнчевски ја пратеше твојата работа и кои сликарски техники ги усовршуваше кај него?

С. П -  Околу четири години кај него ги изучував техниките масло на платно и масло на орев - руска школа за иконографија.

Љ.П - Со запишување во средното училиште ти престана и членството во Малиот Битолски Монмартр во која насока се одвиваше твојата ликовна активност?

С.П  - Овај период беше потежок за мене. Поради немање финансии родителите не ме испратија во средно уметничко училиште во Скопје  и јас се запишав гимназија каде што за моја среќа таму предавше Лубица Солак мојата наставничка од основно училиштеи продолживме  со заемна соработка. Испраќавме мои ликовни творби на Гимназијадите каде секоја година го освојував првото место.

Љ.П - Твоето усовршување продолжи со дипломирањето на Ликовната академија во Скопје. На кој правец  на уметноста дипломира ?

С.П - Мојот правец отсекогаш бил кон сликарството со четка и бои и јас дипломирав на оттсек сликарство кај професор д-р Антони Мазнески и насока козервација и реставрација  на фрески, икони,  платна и мозаици. Исто така имам и педагошка доквалификација за професор по ликовно образование и веќе имам работено и на тоа поле.

Љ.П - Колку слики досега си насликал и со кои мотиви ?

С.П  - Имам многу слики и цртежи можеби над 3000. Многу од нив ми  беа задржани или во странсво на конкурси, или  студиото ги раздели  по општини, јавни установи, домови. Откако завршив факултет работам посмирено, имам повеќе време да сликам со повеќе детали и се опфатени секави мотиви:  фолклор, мир, спорт, екологија , пејзажи, портрети, фауна итн.

Љ.П - Во кои ликовни техники си работел и работиш сега ?

С.П -  Во сите сликарски техники:  мозаици , масло на платно , акрил, темпера ,пастели, јаглен, а во моментот изучувам и ер браш (airbrush) воздушна четка со акрилни бои при што не се познаваат четки на платното и може да се работи хиперреализам.

Љ.П - Редно беше покрај сите насликани слики и многубројните  мегународни награди да дојди  на ред  и Атељето. До каде си и како го замислуваши осмислуваш?

С.П  - Конечно Атељето е во зафршна фаза и е големо, така што ќе имам огромен простор да поставам и слики во еден дел како на изложба и друг дел  каде ќе можи да се постават штафелаите и ќе можи да се види обработката на сликите како занаетчиска способност. Атељето ќе биде достапно за сите љубители на уметничко - естетските вредности кои ќе можат да го посетат, да видат, да купат или да си нарачаат слика по свој вкус.

Разговорот го водеше Љубица Поповска 

Macedonian Timeline
www. macedoniantimeline.blogspot.com.au





Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.