Skip to main content

Posts

Showing posts from September, 2016

ММД “НИКОЛА КАРЕВ“ ОРГАНИЗИРА ИГРАНКА

Македонското Младинско Културно Уметничко Друштво “ Никола Карев “ оргнизира игранка на 1ви Октомври (Сабота) во Социјалниот клуб Престон Македонија, Резервор со почеток во 7 часот навечер. Цената на влезниците е $ 15 за возрасни а за деца е бесплатно. Ќе учествуваат: ММД Никола Карев, МКУД Гоце Делчев и МКУД Македонија од Вулонгонг.   За повеќе информации јавете се кај Аце Петровски на 0417-128-641 Или Мери Бити на 0407-100-907 Со почит Управата на ММД “Никола Карев“ Мелбурн MMD "Nikola Karev"  Melbourne organizing IGRANKA  When: Saturday 1st October 2016  Where: Preston Macedonia Social Club               231 Broadhurst Avenue Reservoir  Time: 7pm  Cost: Adults $15  Kids Free Dance groups that will be performing: A.M.Y.A. Nikola Karev MKUD Goce Delcev MKUD  Makedonija, WOLLONGONG Macedonian timeline

ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ПРИЧИНА ЗА 6 МИЛИОНИ СМРТНИ СЛУЧАИ

Девет од 10 луѓе во светот дишат загаден воздух. Тоа е причината за 6 милиони смртни случаи годишно. Светската здравствена организација предупредува на оваа појава и повикува на итна акција против загадувањето. Посиромашните земји имаат понечист воздух и повеќе смртни случаи. Југоисточна Азија и регионот на Западен Пацифик се најтешко погодени. Извештајот е направен врз база на истражување во 3000 градови во разни земји од светот. Macedonian timeline

КАФЕТО НАЈПОПУЛАРЕН ПИЈАЛОК

Зборот кафе потекнува од името kaffa, регион во Етиопија, каде што е откриено кафето во 500 тата година од страна на сточарот Калди. Во 1200 година, е пренесено и во Турција а првото кафуле Кива Хан е отворено во Истанбул 1475 година. Во 1587 Шеикот Абд-ал-Кадир пишува: "Никој не може да ја разбере вистината додека не се напие кафе со добар кајмак". Кафето е најпопуларниот пијалок во светот. Повеќе од 400 милијарди шољи кафе се конзумираат секоја година.

НАЈСКАПАТА ПАЛАТА ВО МЕЛБУРН

Раскошната палата во мелбурнската населба Toorak стана најскапата куќа што некогаш била продадена во Мелбурн. Палатата има 18 соби од кои 7 се спални соби, седум бањи, три кујни, трпезарија за 20 лица, соба за деловни состаноци, посебна канцеларија и формални соби за одмор. Нејзините огромни градини се дизајнирани од страна на Пол Бангај а палатата содржи и бања и базен кој сам се чисти. Палатата е продадена за само 22 дена откако е ставена реклама за продажба и тоа за рекордни 26 милиони долари. Macedonian timeline

СОВЕТИ ЗА ПОСРЕЌЕН ЖИВОТ

Од презафатеност луѓето се помалку посветуваат внимание на своето ментално и физичко здравје. Човекот знае да биде најголем непријател себеси игнорирајќи основни работи за да си го подобри својот живот. Еве неколку добри совети кои ќе ве потсетат на тоа колку е важно да го свртите вниманието и на својата благосостојба. 1. Вежбање – го подобрува расположението 2. Во ред е да не си во ред но можеш да побараш помош – не оставајте гордоста да ве спречи во тоа. 3. Дружи се со позитивни луѓе чии позитивни мисли се пренесуваат и во твојата мисла и се чувствуваш позитивно. 4. Научи да ги цениш  и малите работи во секојдневниот живот. 5. Фокусирај се на работи кои можеш да ги направиш отколку на она што не можеш. Од некаде мора да се почне. 6. Остани во комуникација со пријателите, прашај ги дали се добро и дали им треба нешто. 7. Прифати ги емоциите, чувствувај, за подобро да ја разбереш одредена ситуација. 8. Води се според личните вредности. Тие ќе ти помогнат да дон...

ШЕСТ ПРАВИЛА ЗА КОСАТА

Што е најдобро за косата? 1. Препорачливо е косата се мие еднаш до двапати неделно. Секојдневното миење ги уништува природните масла кои се потребни да ја заштитуваат и негуваат косата. 2. Користете балсам (conditioner) за косата да е мека, еластична и сјајна. 3. Користете продукти кои содржат антиоксиданти. Секогаш измијте ја косата кога излегувате од вода (море, базен) и носете капа кога сте на сонце. 4. Да се потсекуваат краевите на косата секои 6-8 недели за да се избегне двоење на влакното. 5. Не користете многу фенови, пегли, спрејови за коса - сите тие ги одземаат хранливите состојки на косата. 6. Косата треба да се четка редовно со што се спомага прозведување на природните масла, се масажира скалпот, а косата е посјајна и поцврста. Macedonian timeline

АMT од Сиднеј ќе учествува на фестивалот за уметност Discovery Festival

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј ќе земе учество на фестивалот за уметност Discovery Festival со претставата  „Баба се мажи“   Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со најновата театарска престава „Баба се мажи“ ќе земе учество на Фестивалот за уметност Discovery во оптштината Georges River (Сиднеј) што традиционално се организира повеќе години. Закажани се две престави за 11 и 12 ноември во Civic Theatre на оваа комедија од  Душан Ристевски, во режија на Васко Србиновски, во изведба на Јаворка Котевска, Владо Сазданов, Гордана Милошевска, Антонио Нешковски, Татјана Нешковска, Самоил Митревски, а во продукција на повеќе наградуваниот театар АМТС. Исто се планираат други престави за во Рогдаел, Бенкстеон и Волонгонг.

ИНТЕРВЈУ СО ИВАН ТРПОСКИ

Interview with Ivan Trposki Љ. Поповска - Повод за разговор е добивањето на Медал за заслуги за Македонија и промоцијата на книгата"Македонија-не те забораваме",која се одржа во Агенцијата за иселеништво  на 22-ри јули во Скопје. Како успеавте да го добиете тоа Најголемо Македонско признание,вие како поет и писател од Дијаспората? Кој ве предложи, кој беше патот до овој успех? Кажете ни нешто повеќе,доловете ја атмосферата на таа свеченост? И. Трпоски - Па да бидам искрен Медалот заслуги за Македонија кој го добив во резиденцијата на претседателот на РМ Ѓорѓи Иванов со сите државни почести, благодарение на Македонското литературно друштво  Григор Прличев од Сиднеј кое ме предложи, а промоцијата на мојата најнова книга Македонија - не те забораваме ја организира Агенција за иселеништво на РМ за кое сум им премногу благодарен.

НАУЧИ ДА ГО СЛУШАШ СРЦЕТО

Многу често се случува “да заглавиме“ во времето и да живееме според правилата на некој друг. Живееме во догма, се водиме по размислувањата на другите луѓе. Токму размислувањата на другите го реметат нашиот  внатрешен глас, интуиција, верба во срцето. Сите сме биле таму. Заглавени во средината на некој режим на донесување на одлуки нашето срце ни кажува една работа, а нашиот ум се обидува да не заштити од нешто. Две сосема различни насоки, едната е правилна, а другата логичка опција. За која опција се одлучувавте досега? Дали вашите одлуки звучат правилно или ги чувствувате како правилни? Животот може да биде исполнет со логички решенија, тоа е добро но не во склад со срцето кое има сосема друг концепт. Денес сме толку заглавени во донесување на одлуки врз основа на бескрајни за и против листи, кои никогаш не даваат простор за нови можности и потенцијали.

ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Во Сиднеј Прличевци го одбележаа 25 - годишниот јубилеј на Македонија По повод 25 годишницата од независноста на Република Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев“ на 9 септември организира средба со членовите при што со поезија посветена на независноста на Република Македонија се преставија поетите: Иван Трпоски, Перо Дамчевски-Коцин, Лилјана Тошеска, Душан Ристевски и Жаклина Михајлова. Исто така се организира и коктел по повод доделувањето на истакнатиот општественик и писател Иван Трпоски на Медал за заслуга за Македонија од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Иста така Иван за време неговата посета во македонија доби признанија и благодарници за неговата макотрпна работа во промовирање на македонската култура од Агенцијата за иселеништво, Општината Охрид и Месната заедница на Волино.   Душан Ристевски

РАЧНОТО ПИШУВАЊЕ КОРИСНО ЗА ЗДРАВЈЕТО

Иако рачното пишување не е најпопуларна форма на комуникација во денешно време, сепак, научниците сметаат дека 15-20 минути пишување со пенкало има големи позитивни бенифиции за човековото здравје. Оние кои ги запишуваат своите емоции, мисли на хартија многу полесно се ослободуваат од анкциозност, лутина и страв отколку оние кои пишуваат на компјутер или мобилни телефони. Macedonian timeline

ЖЕНИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД СВОЈОТ ИЗГЛЕД

Испитувањата покажуваат дека и покрај тоа што жените во Австралија се грижат за себе, сепак не се задоволни од својот изглед..Повеќе од половината испитаници, го споредуваат својот изглед со своите најблиски, сестри, пријателки, мајки а само 20 проценти се споредуваат со познати личности, фото модели, глумици. За тоа како изледа нивното тело најголемо влијание има нивната перцепција за себе. Macedonian timeline

ОСМИ СЕПТЕМВРИ

Автор: Љубица Поповска Македонија 8-ми Септември Денот на независноста го слави пак, 25 годинисвети слободен, самостоен зрак. А растеше низ огнени виори и бури. Не се знае ни имиња ни број

МАЈКА ТЕРЕЗА

Mother Teresa ( 26 August 1910 – 5 September 1997) On the eve of the 19th anniversary of her death, Mother Teresa's sanctity will be sealed with a canonization Mass led by Pope Francis at the Vatican's St. Peter's Square on the 4 of september 2016. She  dedicated her life to helping the poor in India. Автор: Љубица Поповска Тиха насмевка се лее ликот со добрина и' се смее. Еве чест и дават нејзината хуманост ќе ја слават светица ќе ја прават. Папата Јован Павле II во 2003-то лето го најави канонизирањето на нејзиното дело свето. Македонија прати вест на четврти септември Делегација во Ватикан оди на светицата да и даде чест. Папата Франциско во Ватикан пред цел свет ќе ја прогласи неа за светец ! Горди сме во овој час дека Мајка Тереза - нобеловката е една од нас. Родена во Скопје,таа низ цел свет не' пренесе нејзината слава.

ПРОСЛАВИ НА ДРУШТВОТО “БЕРАНЦИ“

Денес 02.09.2016 на Свечениот ручек пензионерското друштво "Беранци" прославуваше три празници и тоа:потсетување и Славење и чест на Голема Богородица,престојниот празник Денот на таткото (Father's day) и Денот на независноста на Република Македонија 8-ми Септември. По повод Денот на таткото на најстариот пензионер Председателот на друштвото Симон Петровски му даде пригоден подарок. Во склоп на овие прослави Веса Трајчевска честеше и славеше за својот 70-ти роденден. Се играше,пееше и се наздравуваше за долг живот на татковците . Извештај на: Љубица Поповска