Skip to main content

ПРОМОЦИИ НА РОМАНОТ ЕГЕЈСКА СОЛЗА

Успешни промоции на романот Егејска солза од Ванѓелко Лозаноски
Љубители на литература, култура и наука „Свети Висарион“ и Сојузот на Македонците од Егејот – Македон во Скопје во Музејот на револуцијата-ВМРО ја организираа промоцијата на романот „Егејска солза“ (со љубов низ огновите и низ виорите ) на 25.11.2016.
Низ огнената силна љубовна приказна на Ангелос и Ана се разоткриваат реките на солзи од прогонетите Македонци од своите родни огништа.
Од љубовна одисеја до потресни сцени корнење на Македонците од родните огништа.
Светот кога требаше да ја казни Грција ја засили со воена авијација, да ги бомбадира македонските села и градови.„јас мисслам тоа не е солза туку и солзи кои и Егеј би го преплавиле-подвлече Билјана на првата промоција во Битола
Промотори Марија Ѓеоргиевска, Виолета Секоска и Александар Ѓорѓиев, Тачко Јованов, зборуваше за издавачот на книгата Сојузот на Македонците од Егејот –МАКЕДОН, Печатењето на книгата е финансиски потпомогнато од Министерството за култура на Република Македонија.
Исто така овој роман беше промовиран и во Битола на 18 ноември во библиотеката Свети Климент Охридски
ОСВРТ КОН РОМАНОТ ЕГЕЈСКА СОЛЗА ОД ДЕНЕШНАТА ПРОМОЦИЈА
"Читајќи го романот „Егејска солза“ ги откриваме корените на нашето битисување, корени кои се облеани со крв која и ден денес капе во душите на секој човек чии семејства биле прогонувани од Егејска Македонија во таа, од овој аспект далечна, но никогаш заборавена 1948 година. Навидум наивен, романот кој на почетокот наликува на роман за млади, започнува со тинејџерска љубов и обични случки на младите во Атина, за потоа да навлезе подлабоко во разоткривањето на идентитетот на главниот лик, Ангелос, кого судбината го фрлила да живее како јагне меѓу волци - во центарот на Грција. Таму, а тука. Грк, а Македонец. Заробен во затворот на своето јас и немоќен да се разоткрие, немоќен,но со голема желба како што вели Лозаноски - да се качи на врвот на Акропол и да извика дека тој не е Ангелос, туку Ангел, дека е Македонец. Всушност, ликот на Ангел не се претставува самиот себеси. Ликот на Ангел е типизиран лик - претставник на една крвава историја и на една крвава судбина. Судбина која ги влажни очите и создава солза – писателот ја употребува во еднина – вели – егејска солза, но ако се земе предвид од колку луѓе е пролеана таа егејска солза – јас би рекла – море од солзи, море поголемо и од егејското. И сите тие луѓе, како и Ангел, лутаат по бесното море на историјата и се само на еден дофат од брегот, но пред нив секогаш има два брега, или како што вели проф. Лозановски во својата книга, кога пишува за главниот јунак: Пливаше низ разбранетото море. Брановите стануваа посилни и побрзи, а тој се исплаши и помисли да исплива на копно. Навлезе во еден теснец, меѓу два брега. Посака да исплива на брегот кој сам му се доближуваше, но само што заплива кон него, брегот почна со голема брзина да се оддалечува. Панично почна да бара излез, се упати кон другиот брег, но и тој се оддалечуваше во бескрајна далечина. Силите згаснуваа, се чувствуваше преморен а брановите стануваа студени и поголеми. Тој бескраен хоризонт како да го повлече во себе. Почна да тоне... Безгрижниот живот на младиот Ангел се претвора во агонија. Преку вметнатиот роман, кој го пишува Теодорос, човекот кој го израснал Ангел, дознаваме сè за судбината на овој млад човек. Дознаваме дека е последен плод на неговата мајка Зора која е откината од родното огниште и приморана да ги напушти децата. Дознаваме за многуте егејски мајки кои сами венееле како пустински цветови додека нивните деца растеле разделени од нив. Дознаваме за тешките злосторства, но најмногу од сè – за големата неправда која е извршена врз нашиот народ кој живеел во Егејска Македонија, за Македонците кои живеат во соседна Грција и нивниот страв да кажат дека се Македонци, затоа што последиците од тоа признание би биле фатални и за нив и за нивните семејства. Апсурдна неправда од која последиците сè уште ги чувствуваат луѓето кои биле избркани од своите места. Избркан, како крадец, како туѓинец, од имотот во кој си го создавал своето гнездо. Едноставен во изразот, но моќен во својата идеја – идеја која треба да се преведе на сите човечки јазици за некој конечно да слушне дека постојат луѓе, кои го имаат најсветото име -Македонци врз кои е извршена голема неправда. И како што е доблеста на еден голем човек да се извини за грешката, така би било и најдоблесно за оние што ја извршиле таа неправда да се извинат. Затоа што тие луѓе се доведени до апсурдни ситуации, како што вели авторот во еден дел – „За да се разберам со мајка ми ми треба преведувач“ – ова го нема никаде во светот. Агонијата заврши, 1948 година е далеку зад нас. Но, луѓе кои се меѓу два брега, седнати на распаќето меѓу она што се и она што им е наложено да бидат, луѓе со пелин во душата кои секојдневно чмаат во своите места – има. Од нив не можеме да избегаме затоа што тие постојат, а илузорно е да се правиме дека го нема она што постои . Еден филозоф еднаш рекол – Пред вистината и боговите молчат. А Македонците се една голема вистина – каде и да се“. Билјна Стојановска 



Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ КОЈ ГО ЗАПАЛИ СВЕТИ НИКОЛЕ

Театарската претстава „Хај-Фај сватови“ ги крена сите на нозе – публика во транс и брилијантна глума која ќе се памети! ​Свети Николе беше центар на вистинска уметничка магија и театарски триумф! Во атмосфера преполна со емоции, смеа и громогласни аплаузи, театарската претстава „Хај-Фај сватови“ го доживеа својот врв, оставајќи ја публиката без здив и на нозе. Тоа не беше само обична театарска претстава – тоа беше вистинска културна експлозија која покажа колку силно бие срцето на македонската уметност. ​Уште со првите минути и подигањето на завесата, сценската енергија ја исполни салата до последното место. Претставата „Хај-Фај сватови“, која на маестрален начин ги испреплетува традицијата, модерното време, хуморот и живописните човечки судбини, успеа да допре до срцето на секој еден гледач. Актерски ансамбл кој доминираше на сцената ​Оваа театарска бајка ја носеше феноменална актерска екипа која покажа врвна професионалност, харизма и брилијантен уметнички израз: ​Габи ја...