Friday, December 23, 2016

ДЕНОВИ НА СВЕТЛОЗРАЧНОТО ДЕЛО НА КРСТЕ МИСИРКОВ

Љубители на литература, култура и наука „Свети Висарион“ и
ОСУ „Крсте П. Мисирков “
Во пресрет на Манифестацијата „Денови на светлозрачното дело на Крсте Мисирков, за родната Македонија “, која се одржува на 23 декември во 11.30 часот во СОУ Крсте Мисирков.Демир Хисар
Во СУ„Крсте Мисирков“-Демир Хисар
23 декември 11 часот-2016
Прием на учесниците
Реферати
Денови од историските македонски светлини посветена на Крсте Мисирков. и Даме Груев
Крсте Мисирков автор на научната книгата„За македонцките работи“, Даме груев водач на илинденското востание а
2.доделување на признанија , дипломи и награди
3.поетски блесоци-настап на поети
4. консултација и предлози за идната манифестација


Во пресрет на манифестацијата Мисиркови денови-Демир Хисар 23 декември-2016
Даме Груев водачот на илинденското востание и Крсте Мисирков поборник за македонскиот јазик-отворија нова епоха за македонската борба и духовна - јазична револуција
Придонес на Дамјан Груев во развој на мајчиниот јазик во Илинденската епопеја
Илинденската епопеја ги сплоти македонските борци и духовно, културни и јазични поборници за македонските национални идеали.
Од краткиот преглед на настаните може да се заклучи дека една личност посебно ги поврзува настаните во Демир Хисар, но и во Македонија. во оваа илинденска епопеја. Тоа е Дамјан Груев.
Дамјан Груев е една од најмаркантните личности-синови на Македонија на 20 век. Почитуван учител, непоколеблив револуционер, харизматичен водач, генијален воен стратег, тој е мозокот на Илинденското востание. Но и борец за зачувување и развој на мајчиниот јазик. Тој е репрезент на оваа борба на Демир Хисар и демирхисарскиот народ. Како тоа го правел:
Образование. Дамјан Груев основно училиште завршил во родното Смилево, а потоа се школувал во Битола, Солун, Белград и Софија. Во Битола се запишал прогимназија. Како надарен ученик по сугестија на своите учители продолжил да се школува на вишите класови на Солунската гимназија. Таму се запознал со Петар Поп Арсов. Во 1888 година двата заедно со други истомисленици организирале бунт во гимназијата со барање: ,,дека не можат да работат на бугарски јазик, ами сакаат да работат и да им се предава на нивниот домашен македонски дијалект,,
Заради тоа заедно со 19 други ученици биле исклучени. Тогаш српскиот конзул на исклучените ученици им понудил стипендии и можност да го продолжат школувањето во Белград. Дамјан пристигнал во Белград во 1888. Во Белград Груев се запознал со социјалистичките идеи. Во Белград се запишал на Великата школа. Во Белград Груев ги забележал намерите на српската политика: „Тука можевме да ги согледаме српските намери по тоа што се грижеа да ни ја внесат српската идеја и да ни го наложат српскиот јазик што уште повеќе не дразнеше“
Затоа од Белград заминал во Софија каде станал студент по историја на Вишото училиште. Во Софија бил иницијатор за создавање на Младата македонска книжевна дружина, чии членови подоцна биле наречени Лозари, по името на весникот што го издавале наречен „Лоза“.
Учителствување. По завршување на образованието во 1891/92 бил назначен за учител во родното Смилево. Во Смилево предавал во основното училиште, но отворил и вечерно училиште каде држел предавања и ги запознавал своите соселани со актуелните состојби во многу области: наука, култура, политика итн.
Наредната 1892/93 година бил префрлен да учителствува во Прилеп.
Во 1894/95 Дамјан отишол да учелствува во Штип и Ново Село.
По сите збиднувања на теренот и порадиу својата револуционерна дејност во 1898 година Груев бил отпуштен од службата. Но тој продолжил да дејствува со несмален елан за јакнење на организацијата во Солун и солунско се до затворањето од страна на османската власт.
Водач на Илинденското востание. По амнестијата во април 1903 година се вратил во Солун. Тогаш ја дознал и веста за решението на Солунскиот конгрес за востание во Македонија. Бидејќи не можел ништо да смени во поглед на одлуката Дамјан се повестил и успеал да го организира и раководи со Смилевскиот конгрес, Смилевскиот бој и Големиот бој.
Харизматичен мотиватор. Сите овие настани го издигнале Дамјан како вешт говорник со голема убедувачка моќ, во своите проповеди како револуционер со високи морални вредности, оптимист по природа, воздржан, неизбувлив и полн со надеж за светли дни и во најмрачните и најтрагичните моменти за народот и за себе си. За него: Слободата е голема работа но бара големи жртви,, Само со неа ќе го заштитеме македонскиот народ од робувањето, од асимилацијата и од исчезнувањето како народ. Тоа било и причината што по неуспешниот крај на востанието за релативно краток период неуморниот Дамјан успеал да ги залечи раните на Организацијата. По 1903 до неговата трагична смрт 1906 година тој неуморно се движел низ Македонија меѓу македонскиот народ охрабрувајќи го истиот.
Претседател на својот народ. Од почетокот на 1904 година заедно со Петров и Тошев се движеле од едно до друго место и ја пополнувале организацијата таму каде што пострадала и ги зацврстувале нејзините врски
Во тој период Дамјан груев претседава со најважните конгреси на ТМОРО: Прилепскиот конгрес, Скопски конгрес и Рилскиот конгрес
За цел период се до неговата херојска смрт на 22 декември 1906 година напоредно со револуционерната борба тој го негувал и развивавл македонскиоот јазик преку: држење на сите состаноци, конгреси на мајчин јазик, пишување на уставот на Мајчин јазик., воведување командите во војничка организација на мајчин јазик. Од таа гледна точка неговиот придонес кон зачувување и развој на мајчиниот јазик е неспорен.
Тука може да се види заедничкиот пресек и поврзаност на Дамјан Груев со Крсте П. Мисирков во мисијата за зачувување и развој на Македонскоиот јазик, а преку него и придонесот на Демир Хисар во развојот на Македонскиот јазик.
Дамјан Груев и Крсте П. Мисирков.
Но поврзаноста на Дамјан и Крсте е и физичка преку неколку средби во периодот на првата половина на 1903 година непосредно пред востанието. Имено во 1903 година Крсте Мисирков го напуштил Петроград, добил служба во Битолската гимназија, во која се вработил како егзархиски професор. Во Битола се сретнувал со рускиот конзул Александар Ростковски, кој бил познат како заштитник на рајата. Во тие лични залагања Ростковски ја немал поткрепата на својата влада. Дури бил и предупредуван и укоруван. Турските власти во август 1903 година исценирале убиство над него и Мисирков повторно морал да замине во Русија. Тој заминал со мртвото тело на конзулот
Во овој период има информации за контакти и средби меѓу Крсте Мисисрков и Дамјан Груев. Меѓу темите на нивниот интерес биле револуционерната борба и самобитноста на македонскиот јазик како основен белег на македонсиот народ и држава.
Во 1903 година во Софија Крсте Мисисрков ја издаде својата книга „За Македонските работи“. Во книгата тој смета дека Илинденското востание и покрај неуспехот придонесе за самоспознавање на Македонскиот народ.
Во оваа книга: националното обединување и создавање на литературен македонски јазик се најважните пораки на Крсте П. Мисирков. Ослободување на македонскиот народ од вековното турско ропство и формирање на сопствена држава е визијата на Дамјан Груев.
Јазикот е основниот белег на секоја држава, а од тука и на Македонската држава. Затоа борбата за слобода и создавање на сопствена држава е нераскинлива со борбаата за создавање на македонскиот литературен јазик.
Затоа можеме да потенцираме: Двата великани на свој начин придонесуваат за развој на македонскиот јазик: едниот преку револуционерната борба другиот преку пушаниот збор.
Даме Груев, ја возвиши македонската револуција,со јасни свети национални идее за слободна независна Македонија. А Крсте Мисирков, македонскиот јазик го врами во словенскита група јазици и во рамките на светските јазици.
Д-р. професор Менде Солунчевски
Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment