Skip to main content

Posts

Showing posts from April, 2017

ПРОМОВИРАН РОМАНОТ "ОСТАНИ" НА ЈАСМИНА ЈОШЕВСКА

На 12 . 04 . 2017 во народниот театар во Битола се одржа промоција на романот ‘Остани ’ од Јасмина Јошевска. Ова е нејзина четврта книга а прв роман. Довербата која ми влеа храброст са дебатирам и на полето на прозата создаде ново дело. Промотор н а романот беше Петар Горко како гостин изведува ч беше Димитар Андоновски а рецензент е Сузана Турунџиева. Романот е напишан според вистинита приказна на еден млад човек кој ги запознава двете страни на љубовта и подемот и падот за на крај да остане сам со своето мало дете .  Јасмина Јошевска е родена на 18,3,1981 година во Прилеп а живее и твори во Битола. Авторка е на стихозбирките: Долина на солзите 2014, Клавирот на животот 2016, Од чешмата на времето 2016 година.

ИНТЕРВЈУ СО РОБЕРТ ДИМИТРОВСКИ

ИНТЕРВЈУ СО РОБЕРТ ДИМИТРОВСКИ Јас себеси не се пронајдов во политиката. Сметам дека никако не сум политичар затоа што моето мислење го кажувам во изворна форма. Второто и поважно нешто е суштината на изреката. Најдобри патриоти ќе бидеме ако сопствениот потенцијал го искористиме во просторот во кој најдобро пливаме.  Љ. Поповска -  На 1-ви септември се навршуваат 94 од раѓањето на Димитар Димитровски Такец. По тој повод а и како успешен син на својот татко го правам ова интервју. Вие работите на МИТ Универзитет во Скопје: декан на факултет за менаџмент и проректор за меѓународни односи. Зошто оваа определба,оваа вокација и од кога? Р. Димитровски - Дипломирав на правниот факултет на Универзитетот во Скопје, а во системот на образование сум од 1981. Првото и најдолго вработување ми беше во ЕМУЦ “ Ѓуро Салај  “ (денес Ѓорги Наумов) во Битола . Таму поминав 15 години од кои последните 6-7 беа клучни за натамошната професионална ориентација. Доаѓаат моменти ког...

МЛД "КОЧО РАЦИН" - САЕМ И ПРОМОЦИИ НА КНИГИ

Под мотото : Сакај ја книгата, негувај го јазикот , а во чест на Денот на Македонските просветители Св. Кирил и Методиј, Македонското Литературно Друштво “Кочо Рацин", ќе го одржи традиционалниот Саем на книгата во чиј склоп ќе се промовираат книгите: Круши Горници од Нове Младеновски (Промотор: Милица Паулус), Патник по ѕвезденото македонско небо од Гордана Димовска (промотор:  Јанко Томов ), Виножито во мојата прегратка од Љубица Поповска. Во програмата оставаме простор и за изложба на книги од наши автори во Македонската заедница. Настанот ќе се одржи на 27 мај (Сабота) од 1.30 – 4.00 попладне во библиотеката Mill Park.

ЕГЕЈКА

Автор: Ванѓелко Лозаноски Бисерите На солзите се уште Ги длабат, резбаат твите виорни Беспатија и патеки... Чекориш напред во Непознати предели, Делејќи се со болка и солзи од сончевиот Егеј. Остануваат Во вечен немир Како дал од морските Роднокрајни предели Извираат во најрасцветаните бајки

ПЛАДНЕВНА ЗАВЕШТАНИЈА

Автор: Розита Христовска Обзорува денот од четири изгрејсонца со снопови светлина прекршени во парче црнозем на кое од камен живот се раѓа. Тука каде се’ започнува а никогаш духот не умира. Тука каде е зачната вечноста и бесмртноста исткаена од збиени нишки на искони. Тоа тука е токму овде каде времето оставило стапки и траги бележани со крв впиена во земјата полна со коски трупани од памтивека. Токму овде кај што газиме