Skip to main content

Posts

Showing posts from December, 2019

"ИНАЕТЧИЈАТА ЈОВ" ПРОМОВИРАН ВО ВЕЛЕС

Најновиот роман на Нове Младеновски "Инаетчијата Јов" беше промовиран на 13/10/2019 во Велес. Во присуство на многубројната публика авторот имаше свое излагање и рече:    "Во оваа моја најнова новела или краток роман како  фундаментална тема на приказната е земна болеста рак. Ракот е сериозно заболување со, најчесто, фатални последици. Заболување кое ги предизвикува најголемите умови од современите медицински и биолошки науки непрекинато да трагаат по одговори и методи на лечење. Пред себе имаат подмолна, недофатлива и во многу нешта се уште таинственам болест.

ЦИТАТИ ЗА ЛИТЕРАТУРАТА

Целта на книжевноста е да се зачуваат приказните затоа што лесно исчезнуваат. Литературата е потребна и трае со времето. Литературата е израз на мислите на општеството. Книгите се сведоци на една ера, кои го чуваат духот и генијалноста. Круната на книжевноста е поезијата. Литературата е местото каде што ги истражуваме највисоките и најниските места во човечкото општество, човечкиот дух. Литературата е луксуз; фикција е неопходност. Литературата секогаш го предвидува животот. Не го копира, туку го обликува до својата цел. Деветнаесеттиот век, како што знаеме, во голема мера е изум на Балзак. Литературата ја додава реалноста, таа едноставно не ја опишува. Ги збогатува потребните компетенции што ги бара и обезбедува секојдневниот живот; и во тој поглед, ги наводнува пустините што нашите животи веќе станаа. Потребно е многу историја да се произведе малку литература. Литературата е уметност на ставање на стари зборови на вистинско место. Гордана Димовска Macedonian timeline

ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ

Поклон кон твоето дело Голем човеку,  Твоите заложби и по еден век Се силен одек Да не поучат Да развијат свеста За чување на своето. Не задолжи, да работиме вредно Да го пренесуваме и негуваме Нашето бесценето богатство Јазикот наш Македонски. А ти ја жртвуваше својата кариера Твојот живот, Под притисоци, напади и уцени врз твојата дејност