Skip to main content

"ИНАЕТЧИЈАТА ЈОВ" ПРОМОВИРАН ВО ВЕЛЕС

Најновиот роман на Нове Младеновски "Инаетчијата Јов" беше промовиран на 13/10/2019 во Велес.
Во присуство на многубројната публика авторот имаше свое излагање и рече:  
"Во оваа моја најнова новела или краток роман како фундаментална тема на приказната е земна болеста рак. Ракот е сериозно заболување со, најчесто, фатални последици. Заболување кое ги предизвикува најголемите умови од современите медицински и биолошки науки непрекинато да трагаат по одговори и методи на лечење. Пред себе имаат подмолна, недофатлива и во многу нешта се уште таинственам болест.


Не ретко, ќе се расчуе за некоја нова терапија или ефикасен лек со мерливи ветувачки резултати. Подоцна,  ќе спласне оптимизмот – болеста нашла начин да се заштити преку мутирање на заболените клетки.
Ние обичните смртници, најчесто преплашени до сржта, слушаме за статистиката (лекарска прогноза) за прживување да речеме 50%, 20%, 10%, 5% или во нај неповолен случај 1%. Токму овој 1% или попросто кажано “еден од сто“ е темата сместена во позадината на оваа современа приказна за Јов. Кој е тој едниот, избраниот, или среќникот што од тие 100 ќе преживее?  Дали е тоа начинот на живот, психологијата на личноста или Господ така одредил?. ВО новелата се дебатира по овие појдовни точки без да се нуди еднозначен одговор. Многу едноставни а во исто време многу комплексни и интегрални дилеми.
Еден од можните одговори како да се преживее лечењето на ракот и како подоцна да се живее со сознанието за реалниот ризик од повторување на ракот е распослан низ целава новела. Ракот е во човекот. Целава приказна за оваа опасна и комплексна болест е одсликана преку една човечка судбина. За приказната да има уверливост, човечки допир и разбирливост на главниот јунак Јов, му подарив или придружив дел од  мојот живот – мојата афтобиографија.
Современиот Јов, како еден вид паралела со оној Јов од Библијата, води лична борба со оваа болест. Нерамноправна борба, обременета со внатрешни трауми, стравови и неизвесности до крајот на животот - елементи кои се на спротивната страна од радоста, среќата и убавината на секојдневниот човечки живот. Нашиот Јов е олицетворение на жилавоста на животот на потребата да се создаде семејство, да се живее и да му се радува на животот.
Романот во најголем дел е автобиогравски, иако не содржи одговор дали постои еднаквост помеѓу ликот на Јов и самиот автор. Одговорот е ирелевантен за приказната и затоа е испуштен.
Подсвесниот страв од повторно појавување на болеста е мотивацијската сила што Јов го гони до крајот на животот да биде “нормален“ како останатите луѓе. Ова книга не е рецепт за преживување, меѓутоа може да биде рецепт за оптимизам, за верба и за надеж. Животот е еден и неповторлив. Радоста како состојба на духот не ги решава сите проблеми меѓутоа на животот му дава пријатен вкус затоа радоста негувајте ја непрекинато и практикувајте ја кога можете.
Нове Младеновски
Велес, 13.10.2019
Не обединува љубовта кон пишаниот збор и магијата на творештвото.

     Посебна благодарност до проф. Тоциновски, Виолета Сековска и главната домаќинка Јасмина Георгиева а и до сите членови на Литературниот клуб Коста Солев Рацин.

-        Имаме подршка и од Стевче Стојковски, првиот кавал во Република Македонија, хармоникашаот Душко.



 Следува промоција на романот во Мелбурн, јануари 2020.
Честитки до авторот и уште многу успешни дела во наредните години.


-         Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

Ensemble of Folk Instruments and Songs "Stefce Stojkovski" - keep Macedonian tradition alive

The Macedonian traditional music and dance seminar, which has my name as a brand, is known on the world music scene, traditional folklore festivals, at the departments of world-famous universities in ethnomusicology, ethnochoreology, musicology, folklore studies and beyond. The need for organizing such a seminar as well as the significance of the existence of such a seminar are enormous for us Macedonians. Namely, through this seminar, which is being organized for the 19th time, the general public is introduced to Macedonian musical traditions, the playing of original and classical instruments, Macedonian songs and dances, the styles and manner of playing, singing and dancing are studied. The seminar is organized for beginners, connoisseurs and more advanced amateur or professional level of participants. The seminar is organized by the members of the ensemble, and the lecturers are prominent and renowned amateurs and professionals in the field of folklore. All visitors who register ar...