Sunday, June 6, 2021

ЈА САКАМ ЕСЕНТА

Автор: Вера Горгиевска, Мелбурн

Сеќавање на едно убаво време во Македонија

Се сеќавам на тоа убаво време, одевме на работни акции, на гроздобер, берење на сонгочлед во плодните пелагодниски полиња. Тоа беше прекрасно младешко и безгрижно време кое длабоко ми остави впечатлива трага во мојата душа. Исто така се сеќавам во школото правевме хербариум, стававме лисја од разни растителни дрва кои се пасираат и обликуваат во најубава форма и боја на листот. Исто така стававме под листот име на дрвото од кое е скинат листот. Jа сакам есента во која се берат сите овошни и зеленчукови култури,  јаболка, круши, дуњи, костени, ореви и ред други земјоделски култури со кои мајката природа изобилува.